Ресторани - генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Iris
  • Време на започнување Време на започнување
Канцона скарата просек ама затоа телешкиот џигер им е предобар. Тенко сецкан на листови со свеж магданос и лукче.
 
Форца ипак највише водат сметка за тоа што ти сервираат.
 
Сидро revisited и тотален blow. Ако немаш "тазе за наши услови" октопод, не го нуди. Од леб и пециво неможе да имаш само интегрален леб на Житолукс од кеса. Ѕаѕики не е тарато(у)р. Шопска со пластичен патлиџан не ја нуди. Неможе Зона радио да оди во рибен ресторан.
Сидро (терасата надвор) ми е ко да седам у шупа што смрди на риба. Единствено добро у цела приказна наречена Сидро е тоа што не е скап рибен ресторан.

Услуга - лоша.
Амбиент - лош.
Риба - просек.
Цени - не е скапо. Што не значи дека е евтино.

Мислам дека не би отишол никогаш повеќе.[DOUBLEPOST=1495646716][/DOUBLEPOST]
Можеби не е ни вредно за коментар али случајно ако помислите да седнете во Ганза, никако немојте да се заебете ко мене, храната-услугата-музиката се е ужасно лошо.
Ганза е најлоша кафана во Дебар Маало.

Ја посетував регулар во период 2010-2015 година, од тогаш наваму немам стапнато.
 
Сидро (терасата надвор) ми е ко да седам у шупа што смрди на риба. Единствено добро у цела приказна наречена Сидро е тоа што не е скап рибен ресторан.

Услуга - лоша.
Амбиент - лош.
Риба - просек.
Цени - не е скапо. Што не значи дека е евтино.

Мислам дека не би отишол никогаш повеќе.[DOUBLEPOST=1495646716][/DOUBLEPOST]
Ганза е најлоша кафана во Дебар Маало.

Ја посетував регулар во период 2010-2015 година, од тогаш наваму немам стапнато.

Сидро види ако има свежи морски плодови и јади тестенина или рижото и премижи услуга и амбиент.
 
Вчера бевме во Loft во катнана гаража кај Пошта. Сеа не е класика ресторан него нели Lounge Bar. Добивме прво најава дека било со dress code и се, и одма ми се преврте утроба пошто у СК да тераш dress code е смешно али ај ок запнаа другите па да не кршам ќејф. Вратар доле, ти вика лифт - еден лифт работеше незнам дали имаше друг па чекавме едно 15 минути додека да ни дојде ред пошто горе имало 6 спрата качување.

Сасвим случајно на проаѓање пројде газдата (Свила), чоекот си беше у поцепани фармерки значи одма контра dress кодот кој го скинале од некој ресторан во странство. Горе е ок напраено, не е лошо. Од дрес код нормално ни дрес ни код. Погледот е екстра, терасата е супер. Услугата и цените не се. Услугата е стандард нашинска, онака да се осетиш крив што некој е конобар. Цените се "сакам Орце Камчев да ми е стален гостин". Штуц Скопско 120 денари, па од тука натака напрајте математика колку се другите пијачки. Менито не им е уште готово али тоа што го добив на хартија е максимално неинвентино и досадно, нешто што веќе сме го виделе до сеа. Пола мени им се пици и тестенини а не се италијански ресторан. Цените такоџе Орцевки, цезарот ми падна у очи 310 денари.

Ако издржи до после Нова Година треба среќен да биде, али моја проценка е дека у Декември више ќе бара на Косово некој да му го отстапи, како што и секогаш бидува.

edit

Сеа видов дека тргнале reviews од FB страната, а и Ина ги утепала. Така да се намалија прогнозите од Нова Година до Thanksgiving.
 
Последно уредено од модератор:
Каде бе дрес код на сељачанава, се правиме Монте Карло сосила, боже сачувај
 
Јас онака дека од страна, не разбрав баш убаво, ако може некој да ми објасни.

За влез во ресторанот/кафиќот бараат лична карта?
 
Ако им заличиш помал од 18 ваљда треба лична карта или пасош да носиш :)))) абе Свила бе несреќо.
 
Којзнае каков сељак е менаџерот. [emoji3]

Sent from my Redmi Note 3 Pro using Tapatalk
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom