
Римското дерби, познато како Derby della Capitale, е едно од најголемите во светот. Ривалството меѓу двата клуба е огромно и датира од 1927 година, кога клубот AS Roma бил формиран со спојување на неколку помали римски клубови. Иницијативата била на Italo Foschi, кој имал идеја да создаде силен римски клуб, кој би можел да им парира на богатите клубови од северот. Единствениот клуб кој го одбил тоа спојување бил SS Lazio, првиот римски клуб, создаден во 1900 година, благодарение на интервенцијата на генералот Vaccaro.
Од 1927 година до денешен ден се одиграни вкупно 167 средби меѓу двата римски клуба. Од нив, Рома има 62 победи, Лацио 45, а 60 средби завршиле нерешено. Во Серија А одиграле 135 меча, од кои Рома победила на 47, Лацио на 34, а 54 натпревари завршиле без победник. Најголемата победа на Рома била 5:0 во далечната 1933/34, а најголемата победа на Лацио е 3:0, резултат остварен во сезоната 2006/07. Лацио го држи рекордот на најмногу остварени победи во една сезона, победил на 4 дерби натрпревари против Рома во сезоната 1997/98, две во Серија А и две во четвртфиналето од купот. Рома исто така има 4 победи по ред, на последните четири дерби напревари во оваа и претходната сезона.
Резултати од последните 5 сезони:
2006/07
SS Lazio - AS Roma 3:0
AS Roma - SS Lazio 0:0
2007/08
AS Roma - SS Lazio 3:2
SS Lazio - AS Roma 3:2
2008/09
AS Roma - SS Lazio 1:0
SS Lazio - AS Roma 4:2
2009/10
AS Roma - SS Lazio 1:0
SS Lazio - AS Roma 1:2
2010/2011
SS Lazio - AS Roma 0:2
AS Roma - SS Lazio 2:1 (куп)
13.03.2011 15:00 AS Roma - SS Lazio ?:?

--- надополнето ---
Епа коментирајте на темава во наредниве денови, пред, за време на и по натпреварот. Јас ќе го оставам мојот коментар таму некаде во понеделник-вторник, кога ќе се вратам од Рим.
