Што читате во моментов? (со краток коментар)

  • Креатор на темата Креатор на темата Desert
  • Време на започнување Време на започнување
Себастијан Фицек - Терапија

Виктор Ларенц е психијатар,чија ќерка исчезнува на мистериозен начин за време на посетата на доктор.И после четири години,докторот сеуште не може да се помири со исчезнувањето.Повлечен е на семејната викендица,каде пред врата му се појавува непозната жена која тврди дека боледува од шизофренија и го замолува за терапија.

Одличен и напнат психолошки трилер,мајсторија на Фицек.
 
Баш пред неколку дена добив на подарок негова книга Патник 23... Си ја читал? Не сум читала ништо од него...
 
Баш пред неколку дена добив на подарок негова книга Патник 23... Си ја читал? Не сум читала ништо од него...
Патник 23 му е мислам последно преведена кај нас.Сите книги кај него се со слична содржина,расправа тешки психијатриски случаи,со повеќе заплети.Ако си фан на трилери,обавезно треба да иде во колекција.
 
Јас наоѓам убавина во сите жанрови :) Од класика до СФ, трилери, филозофски па ќе убацам Петрарка :)
 
Магарешки години од Бранко Ќопиќ.
Ја читам на српски, македонски не најдов.

Препорачајте (ако воопшто постои) некоја страна од каде можам да симнувам книги на македонски.
 
Магарешки години од Бранко Ќопиќ.
Ја читам на српски, македонски не најдов.

Препорачајте (ако воопшто постои) некоја страна од каде можам да симнувам книги на македонски.
Makedonika. Ја имаш во Плејстор. :)
 
Не најдов опција за симнување од Makedonika. Сакам да симнувам и да ги имам и после 30 години.
Треба ли да инсталирам нешто? За компјутер зборувам.
Не знам за компјутер, ама нема нешто многу. На фб имаше една страна за е-книги (мислам дека уште имаат линкови од книги), ама и таму имаш 30тина книги. Антолог и Три имаат свои апликации, ама сега можеш само да купуваш книги.

Сем Македоника за други апликации или страни не знам. :)
 
Процес-Кафка.

Ми беше скоро целосно заборавена од средно досега. Вреди да се потсетува човек одвреме навреме на ваквите дела.
 
Трагајќи по неа - Лиса Гарднер

Уште таа ми остана непрочитана од Лиса па да ја тргнам од список :)
 
Војна и Мир - Толстој.

Последниот том го читам и веќе сакам да завршам, бидејќи толку долго ја читам, по долго и од времетраењето на војната.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom