Оливер Ромевски - "Обични луѓе" на Алсат

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.098
Веб-сајт
www.kajgana.com
Таман кога помислив дека се спасивме од неговите "шоу емисии" и фикс продукции (и тие дебилните македонските џекес беа негова продукција, а се филмаше и дека ќе снима филм), еве го гледам пак е активен на Алсат.

Концептот на емисијата - гостин во студио, кујна, шанк, додека гостинот одговара на некое глупо прашање поставено ради реда, овој се мачи да приготви некој "специјалитет" во стилот на Џејми Оливер (како што и самиот вели). Не дека го слуша што одговара гостинот, на секои 5 секунди вика "така, така...".

Најсмешно ми е каков дудлач е со тоа "нашите спонзори, спонзори, спонзори". Океј, сите живеат од спонзори, ама и во самата емисија идат кајрони со логоата на спонзорите, идат и цели реклами, не мора во секоја трета реченица да пуши и да се плаши дека ќе му раскинат пријателство ако не ги спомнува ко ритам машина.

Добар кикс имаше и преска, ама тоа е на преведувачот (албански). Гостинот (Антонио Митриќески) одговара што музика слуша, а Моршиба на албанскиoт титл ја преведоа Toshiba : )))))
 
Оливер Дел Рио? :)

Интересна му е книгата "Ловец на души", ама не можам да го поднесам на телевизија..
 
Типов кое пикало е. Читаше вести, пишуваше книги, беше портпарол на министерство (?), режираше спот, шо е сосема ок ама да е ренесансен не е, све ова му е под просечно.

Дел Рио бе!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom