Блискост

  • Креатор на темата Креатор на темата Сатори
  • Време на започнување Време на започнување
С

Сатори

Гостин
Ви се случило ли да постигнете поголема блискост со некоја личност откако ќе ја завршите врската.
Сте биле заедно одреден временски период, се завршило на најфин начин, сте останале добри пријатели и после се да дојдете до точка да бидете поблиски со истата таа личност сега после се, после врска?
Дали тоа не буди сомнежи дека таа личност можеби и покрај се е вистинската личност за вас?
Зошто било потребно тоа да се случи за да се разберете подобро?
Колку емоциите играат улога во цела таа ситуација?:toe:
 
Додека сум во врска се приврзувам максимално, поради што секогаш кога тоа ќе заврши ми е тешко, без разлика дали сум повредена или не поради прекинот.
Но, штом заврши врската, се трудам да се оддалечам од таа личност. Со ова не сакам да кажам да не ја гледам, ниту пак да немаме ниту едно здраво кога ќе се сретнеме, туку да не се приврзувам со него уште повеќе, затоа што така само ќе се лажам сама себе дека ќе продолжи нашето, а и нема шанси да го гледам како пријател со кој ќе имам одредена блискост тој кој некогаш ми бил партнер.
 
Не ми се случило тоа до сега, кога ќе се заврши нешто завршено е нема тука блискост. Можеби блискост како некои си пријатели и толку, ама сепак тоа не е блискост.
 
мислам дека откако ке заврши врската , потоа не е исто како што било и мислам дека тешко ке можеш да дојдеш до тој степен на разбирање како претходно ... можеби може, не викам е .. али до току .. незнам
 
Ми се случило да станам поблиска со дечко откако завршила врската, но во никој случај не сум помислила дека тој бил вистинскиот и да посакам да сум пак со него. Поголемата блискост била на другарска база, па сум била среќна што завршила врската, а почнало добро другарство.
Ако е тој вистинскиот, нема што да завршам, па да се сетам отпосле кој е и што е за мене.
 
Ви се случило ли да постигнете поголема блискост со некоја личност откако ќе ја завршите врската.
Сте биле заедно одреден временски период, се завршило на најфин начин, сте останале добри пријатели и после се да дојдете до точка да бидете поблиски со истата таа личност сега после се, после врска?
Дали тоа не буди сомнежи дека таа личност можеби и покрај се е вистинската личност за вас?
Зошто било потребно тоа да се случи за да се разберете подобро?
Колку емоциите играат улога во цела таа ситуација?:toe:

И да | и не.
Се случило да останам на исто ниво и после раскинување, како што било во врската така да остане и после врската. Инаку раскинувањето дојде поради X-надворешни причини, можеби и затоа останавме на истото ниво.
Мислам дека ако ги немаше тие причини и до ден денес ќе бевме заедно.
 
Хм..Никогаш не ми се случила таква работа..Сум била блиска премногу во една врска, ама, после то..не знам, не ми е логично да бидам блиска со него. Не ми е ни можно некако. Мислам дека нема ни да ја доживеам некогаш та работа. Колку и да завршила врската на фин и добар начин.
 
Сфаќаме што сме имале одкако ќе го изгубиме.
Кога има некој среќа и после раскинувањето да има одредена блискост со таа персона, и со тоа и можност да се обнови врската, ако чувствувате дека таа е правата личност за вас.. Секогаш вториот пат борбата за успех е поголема. Но само во случај да дојде после раскинувањето до таа соу колд блискост. Можноста да се поправи една грешка е најголемиот дар од Бога.
 
обично не практикувам зближување после раскинување на врска,некако ми е глупо после тоа,што ќе си раскажуваме ли за нејзините дечковци после мене или јас за моите девојки после неа,или било какви ред други муабети,некако не ми е ок,не фала и на здраво да останеме би било убаво :wink:
 
Кратко и јасно... НЕ :)

Бидејки секогаш има емоции особено ако сте биле заедно долго време.

Го знаете она „јаболкото в грло“?
 
Има случаи кога двајца подобро функционираат како пријатели отколку како партнери.
Ми се случило и уште трае, среќна сум што таков човек ми е пријател.
Дали тоа не буди сомнежи дека таа личност можеби и покрај се е вистинската личност за вас?
Да била вистинската личност за мене ќе сме биле уште заедно:toe: Никогаш не сакам да бидам пак со него.
 
Ne mi se slucilo takvo nesto, da bidam bliska so licnost so koja sum ja zavrsila vrskata...od ednostavna pricina, stom veke sme prekinale, bi bilo najdobro i za dvajcata da se oddalecime eden od drug...bidejki krajot na vrskata sekogas nosi taga za edniot od dvjacata...i mislam deka ne bi mozela da se zbizam so nekoj potoa...ako sum bila bliska, toa sigurno bilo za vreme na vrskata.
 
И да | и не.
Се случило да останам на исто ниво и после раскинување, како што било во врската така да остане и после врската. Инаку раскинувањето дојде поради X-надворешни причини, можеби и затоа останавме на истото ниво.
Мислам дека ако ги немаше тие причини и до ден денес ќе бевме заедно.

Токму на тоа мислев и јас, да дојде до раскинување од некои х причини и се да остане во најдобар ред.
Можеби целата таа блискост која се создавала за време на врската продолжила да еволуира понатаму па доаѓа една точка на повторно привлекување.
Иако претежно тоа е само моментално, најчесто од причина поради тоа дека некој всушност те разбира, сепак на крајот сфаќаш дека никогаш не би сте имале ваков тип на пријателство ако сте останале во врска или пак продолжите таму каде што сте застанале.
 
најискрено да...Се случило да бидам премногу блиска тој тој што сум раскинала...другарството почнало одма после раскинувањето...
Прво за да бидеш и со некој толку многу близок,а пријателството е после врска мислам дека мораш да ставиш крај со емоциите спрема него и да расчистите се...
Несакам додека зборам со него,додека сме заедно да помислувам дека тој е вистинскиот за мене...несакам воопшто да го посакувам како порано...
тоа за мене е завршене-сега сме само пријатели и точка.
ако треба тоа ќе го врзам во крпче и ќе си го стаам во глава али да го посакувам не би сакала...
А тоа што реков дека сум била во таа ситуација немаше никакви емоции и мислења...иако пред тоа сум го сакала премногу!
:smir:
 
Токму на тоа мислев и јас, да дојде до раскинување од некои х причини и се да остане во најдобар ред.
Можеби целата таа блискост која се создавала за време на врската продолжила да еволуира понатаму па доаѓа една точка на повторно привлекување.
Иако претежно тоа е само моментално, најчесто од причина поради тоа дека некој всушност те разбира, сепак на крајот сфаќаш дека никогаш не би сте имале ваков тип на пријателство ако сте останале во врска или пак продолжите таму каде што сте застанале.

Незнам за вториот дел, ама знам за првиот.
Никогаш не престана привлекувањето и после врската цело време постоеше, само поради одредени фактори се мораше да заврши и да продолжи со поинакво темпо и размислување.

Судбина, така требало да биде ... :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom