Serpico
Сковинистратор / I'm Batman
- Член од
- 25 јануари 2007
- Мислења
- 11.166
- Поени од реакции
- 691
- Возраст
- 39
До крајот на 2009-та година би требало да заврши изградбата на првиот комплетно одржлив град на светот. Масдар ќе биде место на здрав живот, без загадување и отпад. Звучи неверојатно?
Користејќи ја сета "чиста технологија" која моментално може да се понуди, Масдар ќе биде олицетворение на одржливиот развој, применет врз урбаната средина.
Прашањето на транспорт низ градот ќе се реши во составот на јавниот електричен, но персонализиран превоз, кој ќе користи соларна енергија, без ниту еден автомобил - што значи без воопшто СО2.
Доколку одлучите да ги развеселите своите бели дробови и да тргнете на прошетка, ќе ве пречекаат наводнетите улици, огромните трговски центри и плоштади со доволно количество ладовина во нив, што за климата на јужниот дел на Арапскиот полуостров претставува вистинска благодет.
Пред да биде направен самиот град, ќе биде изградена голема соларна електрана надвор од него. Енергијата од неа првично ќе се користи во изградбата на Масдар, а подоцна во целост ќе ја дава енергијата за комплетните градски потреби. Се планира изградба и на електрана која ќе ја користи силата на ветрот.
Особено внимание ќе се посвети и на рециклирањето на отпадот, што го опфаќа и рециклирањето на неиндустриската вода - нешто што е особено важно за една пустинска земја.
Оваа урбана утопија ќе се протега на површина од 6 милиони квадратни метри со намера да стане центар за развој на новите идеи во произведувањето енергија. Во Масдар ќе има и универзитет, седиштето на Abu Dhabi Future Energy Company, посебни трговски зони и Innovation Center.
Иницијативата за изградба на овој град ја покрена токму Abu Dhabi Future Energy Company, а дизајнот на овој град е на реномираната архитектонска фирма Foster+Partners.
Можеби ќе ви се чини малку чудно што едни од најголемите светски извезувачи на нафта планираат да изведат ваков проект, но Обединетите Арапски Емирати веќе неколку пати се покажале како визионери и доволно свесни дека залихите на фосилни горива (од кои моментално живеат многу добро), не се вечни.
Како што би рекол архитектот Норман Фостер: "Амбициите на Масдарската иницијатива - нула емисија на јаглерод и нула отпад, се приоритети на светско ниво. Овој предизвикувачки план на еколошкиот град на иднината ја протресува урбаната филозофија до нејзините темели. Масдар ги поставува новите правци на одржливиот град на иднината."
На почетокот на идната година Абу Даби претседава со првиот самит, на кој ќе се зборува за клучните прашања на одржливоста, алтернативните енергии и технологијата. Заслужено, нели?