Универзитет "Гоце Делчев" - Штип

  • Креатор на темата Креатор на темата Tarzan
  • Време на започнување Време на започнување
Кога и како се врши промена на изборен предмет (што го слушаш) и универзитетски изборен предмет? (што идеш директно на испит)?
 
Искуство на правен? Дали е тешко, дали бараат многу учење или може и полесно да се помине?
 
Искуство на правен? Дали е тешко, дали бараат многу учење или може и полесно да се помине?

Па според еден познаник многу зависи од професорите, кај некои полесно кај други потешко ама воглавно ретки се тие кои бараат да се знае цела книга. Имале океј пракса и тоа воглавно што ми има кажувано.
 
...ццц сакаат на факултет, ама да не се учело, полесно да било, ами оди купи си ја дипломата ич да не се мачиш и онака образованието отиде за никаде, па после се чудам да вработените правници како соработници во здравството ме прашуваат за правни работи, наместо јас да ги прашам, а тие да дадат правни услуги.:facepalm:
 
Последно уредено:
Некој студент на Угд ако може да ми пише, ми треба информација нешто.фала
 
...ццц сакаат на факултет, ама да не се учело, полесно да било, ами оди купи си ја дипломата ич да не се мачиш и онака образованието отиде за никаде, па после се чудам да вработените правници како соработници во здравството ме прашуваат за правни работи, наместо јас да ги прашам, а тие да дадат правни услуги.:facepalm:
Сурова реалност..
 
Здраво, ми треба мислење за насока оптометрија?
 
здраво, ме интересира дали е точно како што слушнав дека во трета година медицина во Штип одбирале најдобри студенти и ги носеле на редовна пракса во клиниката Филип Втори?
 
здраво, ме интересира дали е точно како што слушнав дека во трета година медицина во Штип одбирале најдобри студенти и ги носеле на редовна пракса во клиниката Филип Втори?
Точно е. Само колку што знам не само најдобрите, туку сите што слушаат хирургија.
 
здраво, ме интересира дали е точно како што слушнав дека во трета година медицина во Штип одбирале најдобри студенти и ги носеле на редовна пракса во клиниката Филип Втори?

За трета година не знам но знам дека веќе од четврта година ги носат во Филип Втори и Систина а од ковидот имаат договори и со болниците од градовите во кои живеат студентите да посетуваат пракса таму па така наместо сите студенти во штипската клиника, тие кои се во Скопје посетуваат пракса во ГОБ 8 Септември, во Битола во битолската болница, Прилеп во прилепската и останатите поголеми градови.

Инаку Систина сакаше долго време да направи приватен медицински факултет (барем така имаше муабет) но тоа не им го даваше државата па решија да си го преземат УГД па така и почна со пракса таму некаде од 2020/2021 а мислам дека нема доктор таму кој не стана професор/соработник на медицинскиот факултет при УГД.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom