Стадиони - спортски храмови

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Возраст
39
Синоќа на еден веб сајт прочитав дека проектот на познатиот британски архитект Сер Норман Фостер бил одбран како најдобар после распишаниот конкурс, и токму проектот на Фостер е оној по кој ќе се прави реконструкцијата на стадионот на ФК Барселона, Ноу Камп.

10-03-07_Camp_Nou_02_copia.jpg


Со реконструкцијата на Фостер, сега за сега е единствено познато дека капацитетот на трибините ќе се зголеми за 10.000. Изгледот на макетата на пошироката јавност ќе и биде достапен деновиве.

normanfoster22.jpg

Покрај широката репутација која ја има како архитект, вреди да се напомене дека Сер Норман Фостер го проектираше и новиот Вембли, што и не е така чудно, бидејќи британците одбраа "свој човек" за реконструкцијата на нивната национална гордост и култен споменик.

newwembley.jpg


Сепак, времето ќе покаже како концептот на Фостер ќе се вклопи во Гаудиевската каталонска престолнина. Буџетот за реконструктивните работи се движи околу 250 милиони евра.
 
Сакам да ви го претставам најубавиот стадион на светот :vozbud:

Дами и господа, еве го....


NOU CAMP
 
Eве го еден од најубавите стадиони во Европа. ЛТУ Арена во Диселдорф..Германија. Пуштен е во упореба 2005 година, и претставува мулифункционален објект со 51,500 седишта.
LTU_arena_96dpi.jpg

Прекрасно здание кое засега останува неискористено..бидејќи единствениот клуб кој го користи(Фортуна) едвај исполнува 1/3 од неговиот капацитет.
LTU_Arena3.jpg

Кога на сето тоа ќе се додадат 240 милиони евра потрошени за ова чудо...штета е да се каже дека ваков стадион служи само за концерти и и натпреварување на "градските татковци" на Диселдорф со другите градови во Германија.
LTU%20arena_1.jpg
 
Кога на сето тоа ќе се додадат 240 милиони евра потрошени за ова чудо...штета е да се каже дека ваков стадион служи само за концерти и и натпреварување на "градските татковци" на Диселдорф со другите градови во Германија.

240милиони евра за цел стадион ?
Дуде, Барса ке даде 250милиони евра само ра реконструкција на стадионот...да се знае кој ке биде најубав стадион на светот...
преку 100 000седишта, и тоа цел стадион покриен...реткост е това:vozbud:
 
Кој па го оспори Камп Ноу...
Темата е спортски храмови и јас ставив еден таков кој за екипа од трета лига е...повеќе од доволно.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom