Школи за млади таленти (ЈУНИОР)

  • Креатор на темата Креатор на темата Billa Bong
  • Време на започнување Време на започнување
Junior_Saraevo_gol.jpg
Кошаркарите на Јуниор 94 и тренерот Денис Дервишевиќ ја прославуваат победата во финалето

08.01.2008 :: Двоен триумф на Јуниор во Сараево

Кошаркарскиот клуб Јуниор постигна голем успех на меѓународниот младински кошаркарски турнир во Сараево.
Екипите на Јуниор 94 и Јуниор 96 победија во натпреварувањата во соодветните возрастни категории на овој турнир.

Кошаркарите на Јуниор 94 доминантно, без пораз, победија во конкуренција на кошаркари, родени 1994 година и помлади.
Во финалето Јуниор 94 славеше заслужено со 50:36 против домаќинот на турнирот, Босна.
Најефикасен на овој натпревар беше Милан Димитриевски, кој постигна 15 поени.
Претходно, во полуфиналето, Јуниор 94 убедливо го совлада ПАОК, со 43:19.

Јуниор 96, пак триумфираше во конкуренција на екипи со кошаркари, родени 1996 година и помлади.
Во финалето Јуниор 96 забележа победа од 40:31 против домаќинот Босна.
Прво име на финалниот дуел беше Филип Јанковски, кој постигна 11 поени.

Извор www.basketball.org.mk
 
Добра школа е јуниор... Сум гледал на Тв и мислам дека стварно ги бива тренерите..
 
За тој што збореше за горани дека имаат јак тим 94 година да го поздравам... Во македонија 94 година најјаки се работнички а единствен пораз од годинава имаат од ПАНТЕРИ кој немаат ниту 1 пораз другарче... А кажи ми зш бе ги нема горани 93 година?? Да не им се распадна тимот а? Па ќе им се распадне кога се дисквалификувани за 5 години ... А дисквалификувани се дека имаа 92 у тимот :baeh:
 
А ќе може да знам дали тренираш ти кошарка пошо ја сум 94 и тренирам у работнички... Играфме против Горани и изгубивме за жал 20 разлика ама ние игравме против 93 :)
 
Мислам дека играчите од машката селекција '94 се многу секси :pipi:
моментално тренираат кај мене на игралиште и вечер пак ќе идам да го пратам тренингот (љубител на кошарка сум не за друго :kesa: )
шала на страна имам тренирано во Јуниор и бев и во женската селекција,баш вчера си навраќав убави спомени како беше на камп..ееееех шуРтак се откажав -.- aли това е
иначе добро се организирани,добро се грижат за играчите добри тренинзи и добри тренери!
То је то
топол поздрав до машката селекција! :helou:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom