Fred: The Movie (2010) Полош и поглуп филм од овој - амин!
Не знам со кој памет сум го симнала, кога дури и на имдб има 2.1 оцена. Треба да се има челични живци, само трејлерот да се изгледа, а камо ли филмот. Детево толку дебилно пискаво гласче има, толку ти корне живци, што ептен ми е криво што пола саат од времето ми отиде во неповрат.
After Earth (2013). Не знам што ми требаше да го гледам ова срање, од лошо сценарио и катастрофално лоша глума на Вил Смит и син му. Очекував нешто друго после The Pursuit of Happyness, каде овие двајца се покажаа во сосема поинакво светло.
Не знам дали го има во претходниве страници, но овај дефинитивно е најлошиот филм што сум го гледал поточно за тие што гледале Dragon Ball и се големи фанови.
Филмов тотално нема смисла...
Кога веќе почнавте да ставате лоши филмови, јас ќе продолжам. Dead Drop 2013
Филмов го гледав напладне, и од што беше досаден успеав да заспијам на pc.
Rise od the Zombies 2012
Јес да сум љубител на филмови со зомбиња и вампири, ама овој немаше никаква смисла. Десет луѓе скриени во затворот Алкатраз, се решаваат да тргнат да бараат лек низ светот, како тече филмот еден по еден гинат. За на крај 4 души да избегаат со хеликоптер.
The Purge 2013
Интересна идеја реализирана у тиња клише фазон.
Од вакви филмови не ни треба нешо да се очекува,ќе видиме продужението изглеа боље за тепање време.
Филмот го чекав цела година за на крај да се разочарам и да се каам што изгубив 2 часа од животот гледајќи го. Толку нема врска што во споредба со оригиналот од 98 година е тотално срање. Мислам дека од сите филмови што ги гледав годинава можам слободно да го наречам најглупав.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.