...еве еден информативен извадок од 2022год
"Македонија е една од ретките земји во светот во која не се врши поврат на потрошениот Данок на додадена вредност (ДДВ) на лица странци кои немаат постојано живеалиште во земјава, а кои дошле и пазарувале овде. Она што е уште почудно е зошто во земјава не функционира такнареченото „такс фри“ шопингување кога тоа го предвидува Законот за ДДВ.
Имено дури 22 години, членот 25 од овој закон предвидува да се врши поврат на овој данок кон физичко лице купувач кое нема постојано живеалиште или привремен престој на територија на Македонија.
Толку години или точно од 2000 година сите владеачки гарнитури одлучуваат да се крши законот и враќањето на данокот да не биде овозможен.
Затоа велат, немаме брендови од висока класа како „Прада“, „Гучи“, „Шанел“ кои не би дошле овде оти не можат да егзистираат само од домашни купувачи.
Единствена земја сме каде не постојат брендови од висока класа како „Прада“, „Гучи“, „Шанел“, „Булгари“, „Картие“.
Тоа што не се спроведува законот за такс фри е единствената причина поради која тие не се тука, бидејќи таквите брендови во ниедна земја не можат да егзистираат само од домашните купувачи.
Можете да замислите каква економска промена би се случила со присуство на такви брендови и туристи кои би доаѓале во Македонија како шопинг дестинација.
Во законот, правото на враќање на данокот на додадена вредност не се однесува на минерални масла, алкохол и алкохолни пијалаци како и на производи од тутун.
Инаку во секоја земја е различен минималниот праг кој треба да се потроши за воопшто да се земе повратот.
Во Грција минимум потрошената сума за да се земе поврат е 50 евра. Основната стапка на ДДВ таму моментно е 24 отсто.
Ако сакате да пазарите во Италија за да си вратите дел од платениот данок треба да се упатите прво во продавница која е такс фри. Таму треба да потрошите минимум 155 евра за да побарате данок, а стапката на ДДВ е 22 отсто.
Во Унгарија, за да добиете поврат треба да потрошите минимум 175 евра во иста продавница и во еден ден. Стандардната стапка на ДДВ во оваа земја е 27 проценти, на храната е 18 отсто, а на лековите и книгите пет проценти. Парите терба да се побараат за 90 дена.
Во Бугарија, минималниот износ што треба да е потрошен изнесува 300 лева или околу 150 евра. Треба да се има една сметка и покрај тоа што можете работите да ги купите во различни денови.
Во Германија пак за да си вратите данок назад треба да имате сметка која не е помала од 50 евра. Таму стапката на ДДВ е 19 проценти, додека на книги и на храна изнесува седум отсто.
Во Австрија минималниот износ за поврат изнесува 75 евра. Стапката на ДДВ во Австрија е 20 отсто.
Словенија им одобрува на странците поврат на ДДВ на купената стока за минимален пазар од 50 евра, додека во Хрватска потребно е да потрошите минимум 67 евра.
Во некои земји парите може да се подигнат и кога повторно ќе се вратите во истата продавница во рок кој варира од држава до држава..."
... и уште една информација од мај 2025 год.
Странски компании имаат право на враќање на ДДВ во Македонија. Дознај кои се условите, документите и роковите според Законот за ДДВ.
unija.com