Serie A 2025/26

  • Креатор на темата Креатор на темата SK-92
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе биде шампион?

  • Наполи

  • Интер

  • Аталанта

  • Јувентус

  • Рома

  • Фиорентина

  • Лацио

  • Милан

  • Болоња

  • останати тимови

Резултатите може да се погледнат само после гласање.
Член од
11 октомври 2010
Мислења
7.187
Поени од реакции
24.890
1753203039869.png

На 23ти Август во 18:30 шампионот Наполи против повратникот Сасуоло ќе ја отвори 124та сезона од Серија А.

Како и претходните години, така и оваа, вкупниот број на тимови е 20.
Во споредба со ланската ќе недостасуваат Емполи, Венеција и Монца кои беа заменети со Сасуоло, Кремонезе и Пиза.

Летото во италијанскиот фудбал започна со неколку промени на менаџерските позиции.
Јуриќ ќе ја предводи Аталанта, Гасперини во Рома, Пиоли е новиот тренер на Фиорентина, Сари се врати таму од каде беше претходно избркан, а Киву и Алегри ќе ги предводат миланските екипи.
Барони од Лацио во Торино а Инзаги кој иако ја внесе Пиза во Серија А после 34 години пауза, се одлучи наредна сезона тоа да го повтори со Палермо кој покажува амбиции оваа сезона конечно да го направат тој исчекор.

Во европските купови, претставници од Серија А во ЛШ ќе бидат шампионот Наполи, Интер, Јувентус и Аталанта. Болоња повторно ќе игра во Европа, овој пат ЕЛ заедно со Рома а Конференциска Лига како да е загарантирана за Фиорентина која во претходните три сезони играше две финалиња и едно полуфинале.

Трансфер рокот е сеуште отворен, но од она што го видовме досега не можеме да очекуваме некои бомби до крајот.
Италија од сезона во сезона станува се послаб играч на маркетот и не изгледа дека има некакви промени на подобро.
Ретко кој тим може да си дозволи нормални трансфери а екипите од дното имаат за трошење помалку од некои источно европски клубови.

Сите досега комплетирани трансфери може да се најдат ТУКА

Целосен распоред во спојлер :

Calendario-Serie-A-2025-2026-andata-scaled.jpeg

Поставена и анкета за гласање во времетраење од три месеци.
Распоредот на тимовите на анкетата е правен според позицијата на табелата од претходната сезона.
 
Наполи ќе освои, моите (Јуве) топ четири.

Кога ќе размислам покољ ќе биде за од второ до четврто место.
 
Последно уредено:
Сеуште е рано за прогнози, има уште месец и пол рок за трансфери, ама како што ми изгледа горе доле нема да се дешава ништо интересно во тој дел барем во Италија, ептен мизерно делуваат сите тимови.

Да почнам со мојот Јувентус, не изгледаат добро работите, делуваат како да се без компас, продаваат играчи, мака мачат да купат некој... ако остане вака битка за топ 4 ќе е максимумот. Тудор не е класа тренер нажалост...

Наполи делуваат најстабилно, Конте остана, Де Брујне го купија, тие ќе се главен конкурент за првото место...оставам простор да се распаднат ако се зарчкаат Конте и АДЛ на сред сезона.

Интер мислам дека го достигнаа максимумот прошлата сезона со триплетата (hehehehe), одбраа неискусен тренер (нешто налик на Тудор наш), ќе биде тешко да се мотивираат играчите послем бродоломот што им се деси пред некој месец. Секако завршуваат во топ 4, ама не верувам дека ќе се борат за скудетото.

Милан можно е да пркне ако Алегри ги стегне малце, секако дека ќе очекуваме мртов фудбал од нивна страна со 0:0 или 1:0 резултати, ќе прегорат многу телевизори сезонава од нив... битка за топ 4

Рома со Гасперини ќе биде интересна да се гледа, не можам за нив да дадам некакви предвидувања сеуште

Лацио исто со Господинот Сари, од нив можно е да очекуваме да играат убав фудбал за око

Фиорентина со Пиоли очекувам наместо битка за Конференциска Лига, оваа година да биде битка за Лига Европа.

Аталанта и Иван Јуриќ....:pos:

Тоа е тоа накратко, Форца Лече
 
Наполи најкасно до фебруари ќе заврши работа тука.
 
Mi se svigja vovedot vo temata.. kratok, koncizen i jasen :bravobe:
 
Наполи ако само Де Брујне им остане како трансфер тешко дека ќе се прошетаат, Конте ги исцеди до макс за сегашнава титула, тешко дека исто темпо на 3 фронта ќе тераат.

Јас типувам на Фиорентина, сепак го земаа Пиоли, човекот што сам ни донесе титула нас и човекот што успеа да го изменаџира Кристијано Роналдо и да освои трето место во Арапската Премиум Лига :motorce:
 
- Интер мислам според квалитетот на играчите секако е главен фаворит, поготово ако успеат да го донесат и Лукман од Аталанта.

- Наполи сега со ЛШ во комбинација нема така лесно да победува сезонава..

- Милан со нов тренер како Алегри и неиграњето во Европа скоро е сигурно дека ќе биде подобар ама мислам далеку се од шампиони со цингарска трансфер политика 1 напред 2 назад и носењето на пензионери од типот на Модрич

- Јувентус а особено Рома не ми се многу убедливи иако првиве земаа некој ок засилувања (засега) како Давид и Кели
 
Napoli ispaga od LS posle nova godina za da osvoi uste edna titula vo Italija.
 
Наполи,Јуве,Милан и Фиорентина топ 4.
 
Наполи ако само Де Брујне им остане како трансфер тешко дека ќе се прошетаат, Конте ги исцеди до макс за сегашнава титула, тешко дека исто темпо на 3 фронта ќе тераат.

Јас типувам на Фиорентина, сепак го земаа Пиоли, човекот што сам ни донесе титула нас и човекот што успеа да го изменаџира Кристијано Роналдо и да освои трето место во Арапската Премиум Лига :motorce:

Наполи купи уште 4-5 други играчи покрај Де Брујн, и ќе земат уште 2-3
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom