Steff58
Човекојадец
- Член од
- 22 мај 2024
- Мислења
- 167
- Поени од реакции
- 125
Во последните неколку дена по социјалните мрежи и интернет форумите за спорт сé повеќе се зборува за обединета кандидатура за одржување на ЕП во 6 држави низ Балканот, меѓу кои и Македонија. Идејата ја рашири германскиот портал Спортс Рендер кој во своите објави опфаќа секакви идеи и вести за европскиот фудбал и стадиони. Доколку се оствари идејата, Македонија би била ко-домаќин на првенството заедно со Хрватска, Србија, Албанија, Грција и Бугарија. Идејата опфаќа 11 стадиони меѓу кои се наоѓа и Тоше Проески арената во Скопје. Порталот пишува дека овој турнир не само што би донел врвен фудбал во еден од најстраствените региони на Европа, туку би симболизирал и единство и соработка во еден историски сложен, но културно богат агол на континентот.
Целиот текст на англиски ТУКА
Целиот текст на македонски ТУКА
Како ви се чини идејата, дали би било добро за Македонија еден ваков турнир од европски размер следен со голема возбуда и страст од целиот свет, да се одржи во Македонија и дали Македонија би можела да организира вакво првенство?