Македонија ЃП му даде шанса на фудбалерот што кампуваше пред стадион барајќи да игра

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.304
Поени од реакции
34.689
Возраст
40
Локација
Скопје
Веб-сајт
www.kajgana.com
Соништата на фудбалерите некогаш се остваруваат и без менаџери и агенции. Таков пример е најновото засилување на Македонија ЃП, кое буквално две недели молеше да му дадат шанса да покаже што знае.

Клубот од населбата Ѓорче Петров, кој се врати во прволигашкото друштво, го промовираше најновото засилување - 31-годишниот Луи-Микаел Сила, кој игра во средниот ред, претежно лево.

За овој играч ако барате податоци онлајн нема да најдете многу, барем не како фудбалер. Тој е Instagram инфлуенсер кој пред да дојде во Ѓорче Петров се обидел кај Тирана во соседна Албанија, но безуспешно. Претходно се обидувал и кај други клубови, некаде добивал шанса да тренира, некаде наоѓал затворени врати.

Јавно се огласи и претседателот на „Лавовите“, Камат Асан, кој разјасни зошто се решил на ваков необичен чекор. Напомена дека Сила едноставно ќе добие шанса за упорноста, но не со професионален договор. За такво нешто ќе треба да покаже дека навистина може да биде фудбалер.

„По виралните видеа на еден играч кој кампува пред нашиот клуб барајќи шанса - и многуте пораки што ги добив - решив лично да го контактирам. Како претседател на ФК Македонија Ѓорче Петров, разговарав директно со ЛМС, познат како Луи-Микаел Сила. Јасно ставив до знаење: Никој не потпишува договор овде само за маркетинг или медиумска врева. Тоа би било недостаток на почит кон сите играчи кои напорно работеле уште од детството за да стигнат до професионален фудбал. Но, да бидеме искрени - патување низ светот сам, без агент и без гаранции, воден само од сон... Тоа бара храброст. И понекогаш храброста заслужува врата што ќе се отвори. Затоа му понудив шанса на ЛМС. Не професионален договор. Не скратен пат. Туку место во тимот - да тренира, да ја живее секојдневната реалност на професионален клуб и да докаже дека припаѓа. Тој сега влегува во долго и тешко патување. Нема да има филтри, нема изговори. Само работа, дисциплина и вистина. И по патот, тој ќе открие едно нешто: професионалниот фудбал не е фантазија - тоа е работа. Затоа што на крајот на денот, тој е ист како нас. Никој не веруваше во нас - но ние го следевме нашиот сон. И сè уште сме тука.“
Едано е сигурно: ако Сила не успее да се избори за професионален договор кај Македонија ЃП, барем ќе го промовира клубот на својот Instagram профил каде има над 55 илјади следбеници.фд6г7ју6ѕтфрд.jpg
 
Едано е сигурно: ако Сила не успее да се избори за професионален договор кај Македонија ЃП, барем ќе го промовира клубот на својот Instagram профил каде има над 55 илјади следбеници.Прегледај го приврзокот 450868
Ацид требаше ова во македонско фудбалско првенство да го залепиш,немаше потреба да отвараш тема специјално за промотеров на екипи што спие во шатори за внимение.
 
Да го затвориме ондак цел подфорум Македонски фудбал и да остане само една тема ако не? Секоја различна тема зааслужува посебна тема.
 
ova samo pokazuva kolku se banana nashite klubovi i berat daj shta dash ne e neshto pozitivno fudbalsko znachenje
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom