Да бе, сигурно нема, сигурно животот како и да се завртиш ти е една голема трагедија. Прво и основно, биди среќна и задоволна што си жива, здрава. Што твоите се живи, здрави. Тоа е најбитно.
Второ, имаш работа, млада си, учи, надоградувај се, учи јазик секундарно и работи за боље утре и викај фала. Работи на тие работи што ти се пред нос и работи кои УТРЕ ќе те стават во ПОДОБРА позиција, само кукање и лелекање за околина и срање околу тебе, не носи ништо. Тоа што зрачиш, тоа и влечеш. Си земала, млада девојка, што место да работи на себе и се забавува, кука и лелека и колне на онлајн форум и отворила тема за црна хроника.
Неможеш да очекуваш бољи живот ако не се ставиш себе во боља ситуација, maximize your chances for gain; работи на себе и перспектива, фокусирај се на битно. Црна хроника и лелекање остај на баби и прости луѓе што за своја беда гледаат утеха во туѓа несреќа.
Тука ќе престанам да ти пишувам, те читам во неколку теми, пробав и преку ПП да ти пишам за ислеување во странство и да ти помогнам и насочам и ништо не ми одговори кога ти реков дека не си информирана како треба затоа и ќе престанам пошто на човек што нејќе да прифати помош, неможеш да му помогнеш ама срамота е млада девојка да отвара теми за црна хроника и истата само да се појавува во негативни конотации и храни со исти, среди се.