Vartolu
The Infamous Mobb
- Член од
- 29 декември 2007
- Мислења
- 15.486
- Поени од реакции
- 6.346
Превенцијата се знај каква е. Тие што ги фатија, доживотна робија, а по можност и јавно бесење на плоштад. За пример на сите кои и помислуваат да направат ваков злостор против природата и човештвото да размислат двапати.За едно сум сигурна, дека не сите пожари се случајни! Некогаш можеби е невнимание на поединци во прашање, или едноставно несреќна околност, но сигурна сум дека постојат и такви луѓе кои сакаат да профитираат од оваа ситуација.
Противпожарните служби во државава работат во услови кои се субстандардни за работа, така што не можам, ниту пак сакам да ги потценам трудот и храброста на пожарникарите кои пожртвувано си ја работат својата работа.
Дали има доволно превентивни мерки, хмм не знам…мислам дека не. Кај нас обично за превенција се збори откако ќе избувне пожарот, и тогаш тоа не е превенција, туку е само очајна реакција да се направи нешто. А се чини дека ние навикнавме очајно да реагираме, наместо да превенираме.![]()
Носење закон за тоа што кој ќе биде фатен да подметнува пожари веднаш да му се одземат сите граѓански права, и да не се смета за човечко битие, и да може слободно да му се изрече смртна казна. Да се третира како масовен убиец, и психопат.