Локални избори 2025: Кандидати за Општина Аеродром

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување

Иден градоначалник на Општина Аеродром?

  • Вкупно гласачи
    19

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.272
Поени од реакции
34.635
Возраст
40
Локација
Скопје
Веб-сајт
www.kajgana.com
Во Аеродром веќе започнува да се заострува трката за локалните избори 2025. Досега се познати двајцата кандидати од најголемите партии:
Дејан Митески (ВМРО-ДПМНЕ) - моменталниот в.д градоначалник
Александар Трајановски (СДСМ)

За Левица се шпекулира со еден потенцијален кандидат, чие име ќе го објавам во понатамошната дискусија (адвокат).

Очекуваме да видиме дали ќе се појават и независни кандидати, локални иницијативи или поддршка од помали партии.

Кој од досега објавените кандидати има најмногу шанси?
Како го оценувате работење на општината под водство на ВМРО-ДПМНЕ изминативе 4 години?
Дали има простор за нешто „нов играч“ или битката ќе биде класична партиска?

Пишувајте ги вашите впечатоци, очекувања, предлози или дилеми. Аеродром е една од најголемите општини во Македонија, која има свој глас – ајде да го слушнеме.
 
Сдс се мртви, каков и да кандидираат нема да освојат повеќе од 6к.

Вмро ја шитна општината, луѓе го изгласаа Тимчо, куртонот му беше само отскочна даска за напредок у кариера. Овој Дејан ни крив ни дужен го ставија градоначалник.

И пак ќе победат убедливо, јбг.

Општината искрено е прљава. Се коси со закаснување од 2 месеци, ѓубре има премногу. Се препукаваат со град Скопје, следни избори ќе го добијат и Скопје. Пак ништо нема да се смени, пак ќе има 20 контењери пуни до горе несобрани.

Нема активности за млади или за родители, нема забави, нема ништо. Па уште ставија зонско во Ново Лисиче. Уста ги гаѓам.
 
Во Аеродром веќе започнува да се заострува трката за локалните избори 2025. Досега се познати двајцата кандидати од најголемите партии:
Дејан Митески (ВМРО-ДПМНЕ) - моменталниот в.д градоначалник
Александар Трајановски (СДСМ)

За Левица се шпекулира со еден потенцијален кандидат, чие име ќе го објавам во понатамошната дискусија (адвокат).

Очекуваме да видиме дали ќе се појават и независни кандидати, локални иницијативи или поддршка од помали партии.

Кој од досега објавените кандидати има најмногу шанси?
Како го оценувате работење на општината под водство на ВМРО-ДПМНЕ изминативе 4 години?
Дали има простор за нешто „нов играч“ или битката ќе биде класична партиска?

Пишувајте ги вашите впечатоци, очекувања, предлози или дилеми. Аеродром е една од најголемите општини во Македонија, која има свој глас – ајде да го слушнеме.

Досегашното работење од Општината го оценувам со „нула„, и таа оценка не е поврзана само со ДПНЕ, туку со било која друга фаца, која глуми градоначалник.

Општините ги води урбаната мафија, а од работењето од општините, покрај мафијата, има корист и „каста„ од ликови, кои се поврзани со славните оштински „набавки„.

Просто кажано, нема(м) причина да гласам за било чиј кандидат...
 
На анкетава мртва - трка помеѓу ВМРО и ЛЕВИЦА, вториот кандидат уште е непознат.

Шпекулациите се дека најсериозен кандидат од Левица е еден адвокат, верувам дека деновиве ќе биде и официјално претставен.
 
Ја за Левица ќе гласам. После 100 години ќе излезам на избори, оти ми скурчи од куртониве кои ја водат општината до сега.
И не знам како сте толку убедени дека ВМРО пак ќе победи? Заради партиските потрчковци ли? Оти, луѓево генерално поприлично се револтирани. И не, Дејан не е гревче како што некој го нарече. Две, три години е на функција, а придонесе да има уште поголемо ѓубре општинава и ја доуништи. Ич не е за оправдување и не знам со кој памет од ВМРО него го предложиле за градоначалник
 
Прилично е веројатно дека кандидат од ДПНЕ ќе победи не затоа што е нешто „посебно„ или нешто сторил за општината, туку затоа што, како велиш, ем за него ќе мораат да гласаат неговите сопартијци, ем по „правило„, кој ја има централната власт во „нашата земјата„, ја има и локалната.

На страна што партиските членови мораат да гласаат за своите кандидати, туку постои и еден добар дел од гласачи, кои не мора да се партиски членови, ама редовно се „љуљаат„ меѓу сите избори и гласаат де против „овие„ па де против „оние„.

Основен мотив за фаќање власт е желбата за лесно полнење на џебовите, а народот...нека си гласа па нека се жали дека кандидатите кои самиот (народ) ги одбрал, не сториле ништо за својата заедница....и така, до наредните избори.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom