Фан Клуб: Охрид

  • Креатор на темата Креатор на темата Sprite
  • Време на започнување Време на започнување
ФК Охрид - Кожув (0-1) :kesa:

Минимален пораз на охриѓани (0-1) на стартот од продолжението на првенството. Од “Билјанини Извори “ со цел плен си замина Кожув.

Ohrid-Kozuv_01.JPG

Стрелец за гостите на погодокот вреден три бода беше Стојанов во 38мин.
 
Охридските “сини“ убедливо беа поразени на гостувањето кај Дрита со 3-0. :kesa: За Охрид ова е втор пораз во серија. По второто коло од продолжувањето на сезоната охриѓани се уште не ја затресле противничката мрежа.
sut_na_gol_190.jpg

Во наредното 18 - то коло в сабота на “Билјанини Извори“ ја пречекуваат Цементарница.
 
Здраво на сите!!! Јас сум член на РИБАРИ ОХРИД и гледам дека лугево со пишуваат по форумов што се прават рибари не се дојдени на утакмица па незнаат ништо!! Ако ве интересира нешто околу рибари прашајте ме мене!
 
И Цеменатарница со цел плен во Охрид

Продолжува пролетната распродажба на бодови на СРЦ Билјанини Извори. Трета нула за охриѓани по третиот натпревар во продложението на сезоната.

По Кожув и Цеменатарница си оди од Охрид со големи три бода. Стрелец на голот вреден три бода беше Веселиноски во првиот дел.



Ја баравте старата управа...еве ја најдовте :kesa:
3 порази со ред :kesa:
 
Неџат Хусеин - Џате седнува на охридската клупа

Битолчанецот Неџат Хусеин - Џате е новиот тренер на охридската клупа. Трите порази во серија беа доволен сигнал управата на клубот да се одлучи за вакво решение, носејќи го искусниот Џате. Договорот со клубот ќе биде официјализиран неделава.
- Прво што ќе направиме е да ја вратиме психолошката стабилност кај овие млади фудбалери. Далеку сме од опасната зона, но ние ќе работиме на формираање на тим кој в година ќе атакува на првата лига. Првично мојот договор е до крајот на сезоната па за понатаму ќе видиме - ни рече Хусеин на првиот трениг со новата екипа.

Последната работа на Џате беше во битолски Пелистер кој го напушти на стартот на сезонота, во својата фудбалска кариера Хусеин во период од шест месеци го носеше дресот на ФК Охрид.

Treninig_350.JPG


Џате на првиот тренинг со новата екипа

Охрид по одиграните 18 кола со освоени 23 бода се наоѓа на деветто место на табелата.

Следно коло : Миравци - Охрид (25.03.2009)



 
Охрид непоразен во Миравци

Охридските бели непоразени се вратија од гостувањето кај Миравци. На дебито на клупата на Охрид, новиот тренер Неџат Хусеин, мораше да се задоволи со реми 1-1.

Охриѓани повелe со голот на Јакимоски во првиот дел, додека по еден час игра резултатот бил 1-1. Во 70 минута домаќините не реализирале пенал , погодувајќи го дирекот.

“Белите“ ја прекинаа серијата порази и по три натпревари за прв пат ја погодија противничката мрежа. Со 24 бода Охрид останува на безбедното 11 место.

Резултати:
Миравци – Охрид 1-1
Цементарница – Вардар Д. 1-0
Дрита – Шкендија 0-2
Кожуф – Скопје 0-2
Тетекс – Маџари с. 3-0
Слога ј. – Локомотива 0-0
Новаци – Беласица 2-1
Брегалница слободна
 
Охриѓани немоќни на Билјанини

Охридските бели претрпеа нов пораз на „Билјанини Извори„. Од Охрид со три бода си заминува екипата на штипска Брегалница.

Стрелец на голот во минималната победа 1-0, беше Јаков во 75 минута.


За охриѓани ова беше трет последователен пораз на домашен терен со идентични 0-1.

 
Џате го напушти ФК Охрид

Битолчанецот Неџат Хуесин - Џате го напушти ФК Охрид. Не помина ни месец дена откако Хусеин дојде на клупата на Охрид, но не најде заеднички јазик со управата на охридскиот клуб која се менува како на филмска лента, по што одлучи да го напушти охридскиот второлигаш.

- Не знам што се случува со ФК Охрид , но јас не ја гледам својата иднина таму - кратко ни одговори Џате.

Хусеин ги предводеше охриѓани на два натпревари. Против Миравци на гости (1-1) и против Брегалница дома (0-1). Хусеин е третиот тренер кој се смена на охридкста клупа сезонава. Со Охрид прво шефуваше Димитри Трифуноски , а потоа на полусезоната на клупата седна Гони Мерко. Охрид утре гостува кај Вардар во Неготино.
 
Охрид се одбрана во Неготино

Охридските бели со бод се враќаат од Неготино на гостувањето кај Вардар. Натпреварот заврши онака како започна 0-0.По 22 кола со овај бод охриѓани имаат вкупно 25 и се наоѓаат на 11- то место. Во наредното коло кое се игра во Вторник, Охрид игра против Шкендија.

извор:ohridnews

 
dali deneska ke dademe makar 1 gol za da se spasime od dnoto a isto vremeno da i pomogneme na Teteks
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom