Стрелец
El Mariachi
За премиерот Груевски стигнуваат обвинувања од многу страни...
- Последното обвинување вели дека актуелниот премиер во 2001 година потпишувал штетни договори при набавка на оружје и дека за оружје биле потрошени над 300 милиони долари за кои документација е исчезната.
- ЛДП го обвинува премиерот дека попусто се обидува да се амнестира од одговорноста за „ОКТА“. Како министер за трговија потпишал писмо со кое ја „овластил“ рафинеријата да не купува сурова нафта од „Мамидоил џетоил“ , кое арбитражата во Париз го прифатила како доказ и ја казнила Македонија со речиси 14 милиони долари.
„Истото писмо од Никола Груевски пратено на 16 ноември 1999 година во точка 403 од пресудата на Арбитражниот суд во Париз пред само еден месец е цитирано како крунски доказ. Значи, од вкупната сума од 50,5 милиони долари, речиси 30% одат на душа, совест и одговорност на некогашниот млад и надежен министер за трговија“, изјавува екс министерот за економија Стевчо Јакимовски.
- Невладината „Транспарентност Македонија“ побара од Управата за јавни приходи да му предложи на надлежниот основен суд привремена забрана за располагање со имотот на Груевски, поради тоа што претседателот на Владата не ги испочитувал законските рокови и со задоцнување ги запишал промените во сопствената и во имотната состојба на своето семејство. „Очекуваме од УЈП во случајот со Груевски да постапи според Законот за антикорупција и според даночните прописи кои се важечки за сите, а не само за доктори на клиника.
- Од СДСМ обвинуваат дека Управата за јавни приходи се' уште официјално не ја информирала јавноста дали мајката на премиерот, Надежда Груевска, платила данок и од кои оданочени средства се стекнала со три стана.
- Се чини дека најголемиот грев на Груевски е уште една работа поврзана со ОКТА и добив некои приватни информации дека премиерот најтешко од тоа ќе се извлече. Се работи за фактот што Груевски како министер за финансии своерачно ја парафирал одлуката за наплата на воен данок на ОКТА, за што, меѓу другото, Парискиот суд одлучи дека треба да платиме отштета од 2,2 милиона долари, плус камата од 8 отсто годишно, сметано од 1 јануари 2002 година.
Претпоставувам дека приврзаниците на СДСМ ќе речат дека Грујо е криминалец и дека треба веднаш да се смести зад решетки, а дека приврзаниците на ДПМНЕ ќе речат дека ова е хајка смислена од комуњарите кои не можат да се помират што се во опозиција итн. итн.
Мене лично ме интересира зошто Груевски и сите државни органи не реагираат на сите тие обвинувања. Зошто Управата за јавни приходи не ја информира јавноста дали мајката на премиерот платила данок и од каде и’ се парите за три стана? Зошто владата избегнува да ги даде на увид на јавноста спорните 7 анекс договори за продажбата на ОКТА? Зошто портпаролот на владата наместо да се произнесе конкретно на сите обвинувања, пласира изјави дека опозицијата е смешна и дека обвинувањата се смешни? Зошто симпатизерите на ДПМНЕ, кога ќе им се спомне евентуален криминал на Груевски, веднаш го вртат муабетот кон СДСМ?