Заповеди (и закони) божји, дали ги почитувате?

Член на раководството

Форевер тугедер
Член од
15 март 2006
Мислења
698
Поени од реакции
20
“Тој ден беше петок и саботата веќе настапуваше. По него одеа и жените што беа дошле со Исуса од Галилеја, и го видоја гробот и полагањето на телото Негово. Па кога се вратија приготвија мириси и миро, а во саботата одморија според заповедта“ Лука 23. 54-56

Еве еден интересен цитат од Новиот завет и почита на првите Христијани кон Саботата (која е наложена од Бога во 10сете заповеди и тоа неколку пати). Ова е по распнувањето на Исус и нема ниту трага од “престанок на важење“ на истите
 
М? Дали ХРИСТИЈАНИТЕ ги почитуваат СТАРОЗАВЕТНИТЕ ЗАКОНИ.
Добро прочитав? Новиот Завет е она што не засега нам.
 
Цитатот е од новиот завет (Откровението)

Ковчегот е старозаветниот

Божјите заповеди се измениле ли?
Има амандмани?
 
Не пишува дека е старозаветниот.
Туку ковчегот на Неговиот Завет
 
Да не претеруваме....
Се знае кој е ковчегот на заветот и се знае што било положено во него
Не можеш туку така овде “пу пу не важи“ да кажеш
 
Не ни е дозволено да вметнуваме зборови.Нити да си го прилагодуваме текстот според наши потреби.Во стихот навистина не пишува старозаветен ковчег. Не можеш да тврдиш дека е истиот. Исто така велиш дека христијаните требало да се држат до правилата од С.З, или бар прашуваш дали се држат до нив? Која е тогаш смислата на Христовата смрт ако јас и ден денес треба да принесувам жртва - паленица за грев. С.З важел до одредено време. Со Христа имаме Нов Завет
 
Ти се прашуваш која е смислата на христијанството да се пали жртва паленица денес?
А зошто да не се пали?
Ти е мака?
Не ти се пали?
Не е модерно??
Исус рекол
“НЕ СУМ ДОЈДЕН НИТУ ЕДЕНА ЈОТА ОД СТАРИТЕ ЗАКОНИ ДА ИЗМЕНАМ“
А Павле ги изменал
Не Исус
Павле. Тој рекол... не се обрежувајте... јадете месо од жртвувани на паганите богови, Седете на иста мас со паганите....
Павликанизам е денес а не Христијанство.
 
:vozbud:одам да пијам еден аналгин.Јас не се прашувам ништо.Мене ми е јасно.Па зар има потреба ако Исус се жртвувал за сите ,не откупил, платил за сите нас, ние да му викаме , абе види не сум сигурен дека ти си ме откупил, ај ја да заколам и жртвувам еден овен чисто ради сигурност. Тогаш значи ние плукаме по Н.З. и немаме вера. Ве молам за библиските цитати бар да се пренесени доследно а не делот кој ви одговара.За апостол Павле не е темава но нема врска дека денес има павликанизам, незнам дали е паметно тука да ја смениме темата? може ке не бришат...
 
"зашто крвта на биковите и јарците не може да ги отстрани гревовите.
Затоа, влегувајќи во светот вели: „Жртви и приноси Ти не посака, но ми приготви тело.
Сипалениците и жртвите за грев не Ти беа угодни.”
Тогаш реков: Еве, доаѓам, во книжен свиток за Мене е напишано, да ја исполнам Твојата волја, О Боже.
Додека погоре вели: „Ни жртви, ни приноси, ни паленици, ни жртви за грев не посака; ниту Ти беа угодни” - тие се принесуваат според Законот, потоа рече: „Еве, доаѓам да ја исполнам Твојата волја.” Така го отстранува првото, за да го воспостави второто. - Евреите 10:4-9
 
Ова Исус го кажа???
ХРИСТОС (ХРИСТИЈАНСТВО) или ПАВЛЕ? (ПАВЛИКАНСТВО)

Павле никогаш не го видел Исус, не го слушнал ниту го знаел неговото учење.
Од друга страна првите христијани (меѓу кои и Јаков братот на Исус и Петар) оние кој го знаеле слушнале и виделе Исуса си живееле во своја заедница во Ерусалем и биле Јудаисти и се придржувале кон старозаветните обреди.
Значи Павле поставил СВОИ видувања на верата на која и се даде име ХРИСТИЈАНСТВО
Инаку Христијабството кое опстојувало веднаш по смртта на Исуса е поинакво, не е како она што го пропагира Павле, та затоа и биле во конфликт првите христијани со Павлета.
 
“Тој ден беше петок и саботата веќе настапуваше. По него одеа и жените што беа дошле со Исуса од Галилеја, и го видоја гробот и полагањето на телото Негово. Па кога се вратија приготвија мириси и миро, а во саботата одморија според заповедта“ Лука 23. 54-56

Еве еден интересен цитат од Новиот завет и почита на првите Христијани кон Саботата (која е наложена од Бога во 10сете заповеди и тоа неколку пати). Ова е по распнувањето на Исус и нема ниту трага од “престанок на важење“ на истите
 
Божјото откровение не е завршено со распнувањето на Исус. Дури и Самиот Исус, пред да биде распнат, им рече на учениците дека по смртта ќе им го испрати Духот на Вистината (Светиот Дух) за да ги упати во целата вистина. Значи жените погоре сеуште не биле упатени во "целата вистина", па очекувано е за нив да се придржуваат до некои Старозаветни норми. И тоа не е случај само со Саботата, туку и со обрезанието, со јадењето "нечиста храна" итн.

Смешно и нереално е да се очекува новообратениците преку ноќ да ги променат сите нивни јудејски обичаи (навики, верувања, практики).

Инаку денот за одмор не е укинат во Новиот Завет, туку укината е неговата Старозаветна суштина, каде луѓето не се одмарале во Шабатот, туку му робувале на Шабатот.
Христос многу убаво тоа го рекол: Не е човекот создаден за шабатот, туку шабатот за човекот.
 
Да Шабатот за човекот. А денес Шабатот за човекот е......?????
У Ствари денес “Не е создаден човекот за Неделата туку Неделата за човекот“

Инаку на која дата се укинати старозаветните закони. Ете велиш уште важеле по распнувањето на Исуса ( и по воскреснувањето)
Бог е прилично строг и стриктен по повод на законите и заповедите (Сабота) а ете денес не е Сабота него е Недела??? Се помести денот божји. Денот кој Бог го одбележа откако го направи светот. Пред и да постојат луѓето Саботата беше денот за одмор, денот кога бог отпочинал. И дојде време да се смени тоа во Неделам затоа што........ ?

(кој знае нека дополни)
 
Чорбаџија напиша:
Шабат во превод значи Одмор.
Недела (Не делај) значи исто така Одмор.
Шабат = Недела :)

Друго, како ќе докажеш ти дека бројот на деновите од таа "сабота" кога жените одмориле, до утрешната сабота (8 септември) е делив со 7? :) Ако си запознаен со календарите ќе се сложиш со мене дека тоа не е можно.

Хахахахаааа
А кутрите англичани и американци каде SUNDAY значи СОНЧЕВ ДЕН!!!

Ахахахахаха каква логика.. немам зборови... хеххеееееее

Инаку Саботата беше е посветена на бога и саботата е посветена на Бога, но еден ден рекоа .. слушај. дај од сега ќе си ја празнуваме Недела.

И така престана да се сеќаваат на Бог и да го почитуваат.
 
А кој ден повеќе ти асоцира на ден за одмор, SUNDAY или SATURDAY?
Мене "Сончев Ден" баш ми асоцира на ден за одмор, за релаксација, за пикник... баш за она за кое Бог го определил тој ден.

btw Недела на руски е "Вaскресение", а на грчки "Kiriaki" - Господов (ден)...значи и трите ја имаат новозаветната суштина на Шабатниот ден...
И не ми одговори на прашањето..
Како ќе докажеш ти дека бројот на деновите од таа "сабота" кога жените одмориле, до утрешната сабота (8 септември) е делив со 7? :)
Од каде знаеш дека следнава Недела всушност не се поклопува со Шабатниот ден?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom