
64. She's So Unusual - Cyndi Lauper (1983)
Убаво албумче. Деби албум, а полн со хитови. Дури 4 од песните биле во топ 5 на US Hot 100. Неколку од нив се безвременски хитови кои се слушаат и денес. На Синди Лопер и предвидувале светска слава по ова и гледам се уште се пишуваат коментари како била поталентирана од Мадона, а сепак Мадона е таа која се издигнала во височините.
Она што ми сметаше во аалбумов се високите тонови. Женава пее ко чипманк на разглас. Уши параше ко ќе погодеше некој тон таму некаде горе, многу пискаво и единствена причина зошто не доби петка од мене. Вака - исто ко сите други 4/5.
Ми останаа само уште 3 албуми и сум back on track. Едниот од нив е при крај!
