Формула 1 - сезона 2025

За кои (мин.1, макс. 3) возачи ќе навивате во 2025?

  • Вкупно гласачи
    76
  • Гласањето е завршено на .
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.752
Поени од реакции
39.230
Локација
Скопје
Официјална тема за Формула 1 - сезона 2025

Доцниме пак и годинава, иако лани три дена подоцна сум ја отворил темата, на 14 февруари. :P

За разлика од лани кога немаше никакви измени во возачките постави во однос на 2023, годинава само 2 тима го задржаа истиот состав од лани: Астон Мартин со Алонсо и татиното галениче Строл, и шампионите од 2024 Мекларен со Норис и Пјастри. Првата и најголема измена годинава, знаете, ја дознавме уште многу рано лани и сите со нетрпение очекуваме да видиме што ќе донесе - трансферот на Хамилтон во Ферари. Еден куп нови ликови во болидите:

1739298480208.png

Ова ќе биде втората и последна сезона на Stake Kick Sauber тимот пред доаѓањето на Ауди во 2026. Торо Росо / Алфа Таури / RB пак се „ребрендираат“ овојпат во Racing Bulls.

2025 по многу нешта ќе биде последна во F1: ова ќе биде последна сезона каде ќе се употребува конфигурацијата на погонските единици која беше воведена во 2014 (од 2026 ќе има ревидирана конфигурација). Ова ќе биде последна година на т.н. ground-effect генерација возила кои се појавија прв пат во 2022, а исто така последна година на популарниот DRS систем за претекнување кој постои од 2011. Од 2026 болиди со активна аеродинамика и подвижни крила ќе го заменат DRS-от. Ова е последна година на Рено како производител на моторите на Алпин, откако производителот планира да го прекине производството на мотори по 2025.

Една интересна занимливост - Хамилтон за прв пат во својата кариера нема да вози болид кој е управуван од Мерцедес мотор.

Календарот ќе содржи ист број трки како и лани, вкупно 24. Австралија се враќа како почетна трка во календарот за прв пат по 2019 година од религиозни причини. :D

1739299283083.png

Најголем новитет во поглед на правилата во однос на 2024 и претходните години е укинувањето на бодот за најбрз круг кој беше воведен во 2019.

И најголема глупост - возачите ќе се казнуваат за употреба на несоодветен јазик, пцовки, навреди и слично за време на радио конверзациите. Казните ќе бидат главно парични, но доколку се повтори јазикот, ќе имало и суспензии. Дополнително, ќе биде забрането употреба на политички, религиозни и лични изјави кои ја загрозуваат неутралноста на ФИА и за кои ќе се доделуваат истите казни. Со други зборови - вокеризмот дојде и во F1.

Еден голем новитет - за прв пат во историјата на спортот сите тимови ќе учествуваат во колективен launch настан во O2 Арената во Лондон, на 18.02.2025 каде сите тимови ќе ги откријат своите болиди за 2025. Тоа е за една недела од денес, па... триеме раце!

Тимовите ќе имаат еден единствен предсезонски тест наредната недела, од 26 до 28 февруари, во Бахреин. Сезоната стартува на 16 март, но во Австралија.

Анкетата која традиционално гласеше: кој ќе биде шампион во Формула 1, лани малку ја изменив, зашто веројатно сите знаат кој ќе биде шампион повторно. Но она што повеќе би било интересно е да видиме кој возач колку фанови има. Затоа ќе можете да гласате за минимум 1 а максимум 3 возачи за кои вие ќе навивате.

Soooooo...

businessman_waving_checkered_flag_md_nwm_v2.gif

EDIT: Заборавив погоре - спринт трки ќе имаме на патеките во Кина, Мајами, Белгија, Остин, Сао Пауло и Катар. Болдираните се истите од 2024, Белгија е нова, не местото на Австрија. Форматот за спринтовите останува ист со 2024.
 
И најголема глупост - возачите ќе се казнуваат за употреба на несоодветен јазик, пцовки, навреди и слично за време на радио конверзациите

IMG_1705.gif
 
Безвезе е укинувањето на бод за најбрз круг на трката. Се намалува вредноста на самото постигнување. Мерките за пцуење и остало исто е срање, се намалува емотивниот момент во целиов спорт :D
 
мислам дека ф1 иде скроз у погрешен правец. Ако укинат ДРС ќе ја укинат забавата у спортов. Укинуваат пцуење, уште еден минус. На спортов му треба драма и емоција, повише Мајкл Маси помалце вакви досадни работи.
 
Дај бре да правиме годинава една собиранка. Ќе се најде некој кафич ќе пиеме пиво, ќе пцуеме у знак на вокеризмот, и ќе галамиме дур не не избркаат.
 
Дај бре да правиме годинава една собиранка. Ќе се најде некој кафич ќе пиеме пиво, ќе пцуеме у знак на вокеризмот, и ќе галамиме дур не не избркаат.
За августот бро може заедно со паторот у Будимпешта да прославиме
Што да не :)
 
мислам дека ф1 иде скроз у погрешен правец. Ако укинат ДРС ќе ја укинат забавата у спортов. Укинуваат пцуење, уште еден минус. На спортов му треба драма и емоција, повише Мајкл Маси помалце вакви досадни работи.
DRS ќе се укине, ама ќе има подвижни крила кои ќе ја имаат истата функција (зашто реално и DRS-от тоа е) и колку што знам, нема да има ограничување за нив, како што има сектори во DRS-от. Со други зборови, уште поинтересно би требало да биде.
 
Заборавив погоре - спринт трки ќе имаме на патеките во Кина, Мајами, Белгија, Остин, Сао Пауло и Катар. Болдираните се истите од 2024, Белгија е нова, на местото на Австрија. Форматот за спринтовите останува ист со 2024.
 
многу сакам хамилтон да брише под со сите, не за друго, толку ме жифцира тој админот на формула 1 македонската фан страна со хејтот што мислам дека колку поише го хејтаат чоекот толку повеќе респект иам за него.
 
Си се знае, Ферари пер семпре па и да имаме Мазепин - Латифи возачко дуо.
Ме интересира што склопиле жабариве за годинава, и дали се заеба Лулу
 
Годинава за прв пат се решив да гледам Ф1 во живо. Имола. Се надевам нема да ми врне како што знае вообичаено :unsure:
Ако некој е заинтересиран за карти, препорачувам купување дирек од организаторите на трката. Разликата за истите карти преку formula1.com и организаторот (autodromoimola.it) беше повеќе од 200 евра.

Е сеа, дали може инфо од некој што бил на трка, дали grandstand билетите ти ја дозволуваат истата слобода како general admission, да можеш да прошеташ околу патека, да ги видиш фан зоните, или си строго врзан со движењето во својот grandstand ?
Барав по редит ама не најдов специфичен одговор.

Исто, препораки во однос на движење, логистика, цени, што да се гледа за време на еден Ф1 викенд (петок-недела) се добредојдени :)
 
Цела патека можеш да ја прошеташ освен нели vip и падокот. Позади трибини секогаш има фан зона, најчесто тука го поминуваш цел ден и Петок, Сабота и Недела. Се прави скара, има пиво, се продаваат реквизити од возачите, има некои квизови, наградни игри, сликање со некои болиди, DJ, и слично. Вон патека што да правиш не знам, на Имола не сум бил, само Монца од Италија.
До сега од сите патеки што бев, Италијаните останаа најлуди по спортов,така да препорака да бидеш таму бар 4-5 саата пред трката.
 
мислам дека ф1 иде скроз у погрешен правец. Ако укинат ДРС ќе ја укинат забавата у спортов. Укинуваат пцуење, уште еден минус. На спортов му треба драма и емоција, повише Мајкл Маси помалце вакви досадни работи.

Како тргнале со кратење на зоните, ништо чудно и без ДРС да се остане.
 
Како тргнале со кратење на зоните, ништо чудно и без ДРС да се остане.
2026 нема да има ДРС. Т.н актив аеро ќе го замени.
Автоматски споено мислење:

мислам дека ф1 иде скроз у погрешен правец. Ако укинат ДРС ќе ја укинат забавата у спортов. Укинуваат пцуење, уште еден минус. На спортов му треба драма и емоција, повише Мајкл Маси помалце вакви досадни работи.
Петиција Мајкл да го вратиме? :icon_lol:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom