Обединети Нации (ООН)

Член од
28 декември 2015
Мислења
4.114
Поени од реакции
6.606
Возраст
46
Организацијата на обединетите нации е политичка и дипломатска глобална организација воспоставена за зачувување на свескиот мир и помагање на земјите во развој. Пред тоа постоела Лига на Нации (1919) но таа организација се упокоила во втората светска војна. Интересно што самиот поим Обединети нации е преземен од британските SOE кои ги органзирале сите можни востаници против силите на оската.

ООН има 195 членки (193+2) и сите земји имаат по еден глас. Право на вето имаат само големите сили со атомско оружје (САД, Кина, Русија, Франција, Британија). Индија и Бразил се обидуваат да бидат вметнати во тоа друштво но попусто, секогаш ќе има вето од Кина.


Во 1948 ООН ја носи славната декларација за човекови права која е прв документ од тој тип во светот.
Дали ООН има некаква сила или се работи за надмината организација која не може да одговори на новите предизвици?
Интеерсно четиво е Lords of poverty каде пишува како функционира т.н. Индустрија за помош.
Масивната бироратија ги прави ООН спори, троми и неефикасни, дали тоа ќе значи крај на ООН кој би знаел.
 
Функционираше колку толку за Студената војна, сега е на пат да заврши како Лигата на нации. Особено по оваа деценија кога се покажува колку е неспособна да го одржи светскиот мир и дека е играчка за големите сили.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom