Зошто газдите се стиснати?

  • Креатор на темата Креатор на темата KaWa
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
12 јануари 2015
Мислења
2.512
Поени од реакции
4.781
Возраст
29
Не најдов ваква тема, па ако има, слободно префрлете ја дискусијата таму.

Прашањето кое ми се врти во глава периодов е да разберам Зошто газдите се стиснати?

Зошто само муабети слушаме дека работниците работат во мизерни услови, без клима, без греење, им се ограничуваат оброци, пијалоци доколку работат во угостителски објект и слично.

Разбирам дека има многу трошоци, ама па да му се сневиди, ако имаш задоволни работници, веројатно и тие подобро ќе работат. Сфаќам дека секоја пара е битна, ама додека ти менува во животот. После таа некоја сума е само лакомост и курчење врз оние кои имаат помалку од тебе.

Треба државата малку да се позанимава со вакви газди, ама па истата е корумпирана така да нема некое чаре.

Што мислите вие? Познавате ли вие некој газда што ете , мислите дека е пример за другите?
 
Затоа што пола од тие газди се сељаци што се покондуриле од кога осетиле некоја „пара на рака“. Сега мислат дека се курац ипол, се борат за секој денар плус и мислат дека знаат се.
Водев 20 камиони на еден ваков сељак, штедеше на се што можеше да се уштеди, пола од шоферите му избегаа ради катастрофални услови, буквално јајце бричеше за да извади нешто плус ама пошто си постои карма, на крај му стигна толку многу голема казна од Германија ради срања што му имаше направено еден шофер, што ни во три животи нема да може да ги врати тие пари.
 
Затоа што се лакоми, затоа што ко ќе купи џип од 100 000 евра ќе сака да купи и од 200. Затоа што имаат деца што истото го сакаат, затоа што им се малце 2 3 куќи станови викендици, сакаат 5. Затоа што не може да го издржат сето тоа коцкање, швалерки и луксузи.
Најлесно им е да скратат од работникот, него од сопствениот луксуз.
Заслепени се од моќта и парите што ги имаат и све им е малку.
Секоја чест на исклучоците ако ги има.
 
 
Последно уредено:
За жал ако не се со таков менталитет, нема да се газди, особено во оваа брза економија. Ти ако си човек и произведуваш сирење пример и речеш ај ќе дадам на луѓето ќе зеам од народот, а друг намалил цена на сметка на вработениот, од кај ќе купува просечниот Македонец? Така да, наравучение, секој нов нормален газда иде јабана и остануваат само бескрупулозни алчни сељачишта (чест на исклучоци).
 
Затоа што пазарот на работна сила така диктира. Се е до соодносот на понуда и побарувачка на работна сила. Како намалува понудата на работна сила се подобруваакоат платите и условите за работа на работниците и обратно. Нема тука милост од никоја страна. И работникот ако осети дека е потребен и тешко заменливи тогаш и он маме ебава ...пазар...
 
zasto sakaat da lapaat sve za sebe taka si gledaat nemaat gajle kesot ne smee da trpi
 
Колку и да имаат негативности газдите мора да им се признае дека бизнис вртат, без нив никој нема да има работа и живеачка. Многумина мислат дека имањето бизнис е плукни залепи, а не работа каде што треба нон стоп 16 очи отворени да имаш.
 
За жал ако не се со таков менталитет, нема да се газди, особено во оваа брза економија. Ти ако си човек и произведуваш сирење пример и речеш ај ќе дадам на луѓето ќе зеам од народот, а друг намалил цена на сметка на вработениот, од кај ќе купува просечниот Македонец? Така да, наравучение, секој нов нормален газда иде јабана и остануваат само бескрупулозни алчни сељачишта (чест на исклучоци).
Нема врска со економија ова. Култура е и менталитет.
Едноставно 99% се тешки сељаци кои имале некој капитал или идеја и од почнале нешто, после кога успеале одма од висок агол се гледа на сите околу него.
Имав газда од Црна Гора, ликот беше милијардер, живееш во Америка во Мајами, пентхаус, брзи коли, врзан со мафијаши, знаеш каков му беше односот? Како да разговарам со најобичен човек другар, првпат кога се договаравме околу проценти и пари ми рече, ја од тебе очекувам толку, ако го достигнеш тоа во први месец, два, имаш комплетна слобода што сакаш да правиш и кажи ми за која сума сакаш да работиш. Тоа што ми го постави како таргет беше остварливо, не беа цифри што ги извади од газот, како што знаат да прават, го знаеше маркетот и после тоа година ипол додека работев со него, само два пати се имавме слушнато и тие два пати беа ради шофери што направија срања. Се палам, работам, се гасам, следен ден исто, доаѓа први, пари на ВУ или Риа пуштени, само порака на Вибер, стигле долари и емотикон ми пратил.
 
Затоа што пазарот на работна сила така диктира. Се е до соодносот на понуда и побарувачка на работна сила. Како намалува понудата на работна сила се подобруваакоат платите и условите за работа на работниците и обратно. Нема тука милост од никоја страна. И работникот ако осети дека е потребен и тешко заменливи тогаш и он маме ебава ...пазар...
 
Колку и да имаат негативности газдите мора да им се признае дека бизнис вртат, без нив никој нема да има работа и живеачка. Многумина мислат дека имањето бизнис е плукни залепи, а не работа каде што треба нон стоп 16 очи отворени да имаш.

Да не им фалат пари на крај на месец ако им е толку тешко?
 
Да не им фалат пари на крај на месец ако им е толку тешко?

Па што не отвориш бизнис ти и биди газда. Така нема повеќе да те газат и ти ќе го јадеш медот.
 
Да не им фалат пари на крај на месец ако им е толку тешко?
А да не си му ти ортак во бизнисот па сакаш да го дели профитот со тебе? И ако на крај на месец му фалат пари сигурно тоа многу ке влијае на твојот сон....
 
...затоа што работникот треба да биде послушен и да нема многу комодитет, еден вид модерно ропство, впрочем и ЕУ со се Урсула ФдЛ рекле денес „предобро се живее“, дај малку да редуцираме добрата живеачка, предлог за мали порции по ресторани, покачување на цени на сите прехрамбени продукти, стандардот на обичниот човек мора да падне за да биде послушен,

...и во работните услови максимално експлоатирање на работникот со што помалку услови во работната средина да се држи под контрола работникот, да не се буни, да не бара права преку синдикат уште помалку, „удри куче да те стравопочитува“ и ќе биде уште полошо, веќе се одели две страни на богати газди и бизнисмени и сиромашна работничка класа, се враќаме назад во историјата!

...не постои „добар газда“ затоа што ако е таков ќе му пропадне бизнисот, другите нема да го остават да биде добар, па ниту државата, затоа што постојат закони за заштита на работнички права и услови за работа, ама не се почитуваат, а државата тоа непочитување од бизнисмените го одобрува со нејзино молчење и непревземање на никакви казнени мерки за непочитување на скоро сите членови во тој законик!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom