Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
22 април 2005
Мислења
2.496
Поени од реакции
1.127
Вардар
Нема потреба од нешто дополнително.

Како долгогодишен фан на Вардар, еве една тема за сите актуелности поврзани со клубот

569.gif
 
Како најнова вест, која сеуште не можам никаде да си ја потврдам е назначувањето на Дарко Панчев за нов директор на Вардар. Со тоа најверојатно Вујчиќ го преземал пакетот акции од Борче Ристевски

Се надевам дека годинава малку ќе е средат работите. Па од другата година Вардар да заличи на европски клуб. Не можам да го гледам веќе ваков...

Ајде Дарко! Само да му дадат слобода...
 
Дарко у Вардар!!!

фала богу, нешто асално да се случи у Вардар

ова е добра прилика Дарко да се покаже, за следен чекор да му биде претседател на ФФМ
 
Сигурна е информацијава или?

Следно - Дарко претседател на ФФМ! :D :shock:
 
ВАРДАР --> Во Срце Те Носам ! ! !

~ Комити Запад 1987 ~
 
Acid напиша:
Сигурна е информацијава или?

Следно - Дарко претседател на ФФМ! :D :shock:

Не е сеуште потврдена
Барам, не можам да најдам. Веројатно утре ќе биде обелоденето. Прифатено е од обете страни.. така да уште да се договорат, ако веќе денес се немаат договорено

Ќе се опраи работата. Можеби ќе се врати Ќириќ, Христов Гоце, Влатко Гошев, Тупанот, Брага се врати... супер ќе биде!

Сега за сега враќањето на фудбалерите се шпекулации
 
Брага го гледав против Рапид, играше стварно екстра
 
Мислам дека темава треба да се активара малку повеќе, поготово сега кога се случија коренити промени во Вардар али, за тоа утре сега ќе одам да спијам !:ne_zboram .
 
Во Вардар после големите превирања почна да се одмотува клопчето но да видиме и да почекаме и ај со среќа па и ТИТУЛА

ЛОЈАЛ ФАНС!
 
Acid напиша:
Сигурна е информацијава или?

Следно - Дарко претседател на ФФМ! :D :shock:

Незнам од каде е информацијава ама прв пат сега слушам за ова. Иначе, Дарко Панчев само пред неколку месеци пред почетокот на сезонава го купи третолигашот Локомотива, така што незнам каква ќе биде работата...дали ги баталил Локомотива или...? (пошто баш најавуваше дека од Локомотива за неколку години ќе направи шампионски тим).
 
у весник пишуваше дека Христов ке игра за вардар до лето и после у пензија ке иде за да работи за репрезентацијата
 
Не го личи Вардар со сето тоа што му се случува.Бидејки сум во фудбалот,навивач на Беласица,вработен таму,ги знам работите во мак-фудбалот и ги пратам.Сепак Вардар е најголем македонски клуб.Белки ке му тргне на арно.Македонскиот фудбал не го личи без силен Вардар.
 
Се додека во Вардар има разни ”фудбалски” работници чија цел им е да си ги наполнат џебовите а не да работат за доброто на клубот, дотогаш нема да му тргне на Вардар!!!Мислам дека , за Македонски услови барем , не се пресудни толку парите колку што е пресудна организацијата во клубот и луѓето што се во него ... Да го земеме на пример Работнички . Откако дојде Трифун работата им тргна и еве за неколку години со правилна работа догураа и до титулата!!! А сигурен сум дека во Вардар се вртат поголеми пари отколку во Работнички,само што не се знае кај одат тие ...
Преку глава ми е од препукувањата во овој клуб , од докажувањањта кој е поголем газда а кој не!!! Дајте бе ”газди” освестете се веќе еднаш,Вардар не постои заради вас , туку вие како пијавици сте се закачиле за него и само цицате цицате...
И се додека се овакави луѓе во него , не знам и Мурињо да дојде џабе ќе биде, а не па за Панчев да збориме!!!Човекот го изиграа кога беа изборите за претседател на ФФМ, Харалампие си се намести и сега фудбалов ни цвета:pov:Така да , не верувам дека се додека се таквите луѓе во Вардар а и во Македонскиот фудбал , луѓето како Панчев , Најдовски и други ,нема да припарат во него , бидејќи не сакаат да бидат нечии маскоти и да бидат жртви на некои си искомплексирани будали(профитери,перачи на пари)...
И се дотогаш сцените како што се на сликава ќе бидат минато
7n.JPG

 
zEk0 напиша:
Незнам од каде е информацијава ама прв пат сега слушам за ова. Иначе, Дарко Панчев само пред неколку месеци пред почетокот на сезонава го купи третолигашот Локомотива, така што незнам каква ќе биде работата...дали ги баталил Локомотива или...? (пошто баш најавуваше дека од Локомотива за неколку години ќе направи шампионски тим).

Стара е информацијава , имаше некои комбинации ама мислам дека ништо не испадна :( .
 
So VERA vo BOG za VARDAR do GROB
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom