Retail (Паркинг со продавници) или Mall (трговски центар под затворен покрив)

  • Креатор на темата Креатор на темата MARCELLO
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
15 јули 2007
Мислења
16.443
Поени од реакции
8.644
Возраст
34
Нешто што ми доаѓа на ум деновиве е зошто во Македонија не се прават повеќе Retail паркинг простори со повеќе продавници а повеќе се актуелни моловите што се со повеќе продавници во целосно затворен простор со скалатори и многу угостителски ресторани и кафе барови..

Јас мислам дека многу подобро би било Retail да се градат што е можно повеќе затоа што одма од продавница излегуваш под отворено небо на каков таков воздух и светлина природна. Помалку продавници, една до друга се видливи и луѓето не се заморуваат толку од премногу продавници и возење на ескалаторите..
Може да се направи и покрај целиот тој паркинг простор плус дел и зеленило клупи. За преку пролет и лето е одлично.

Е сега трговски центар затворен или по модерно денешно време што го викаат Mall e добро кога врне си во затворено плус доста место за повеќе брендови продавници.

Ме интересираат и ваши мислења.
 
Веројатно кога си во целосно затворен простор, повеќе губиш осет со време (да, знам дека сите имаа саат, ама не е исто чувството како кога гледаш дека се стемнува, се менува времето и слично).

Друго што е добро, во летниот период, моловите се како фрижидер и се каде-каде подобра опција да го пројдеш твоето време отколку да се акаш на улица Македонија или на некој отворен мол.

Ова со зеленилото е супер идеја, ама на ниеден политичар/бизнисмен не му влегува во финансиската конструкција за тековната година. Да ги анкетираме нив, гарантирам 95% ќе се изјаснат за едно квалитетно шишање на сѐ што е зелено, и обавезно градење на згради, куќи, деловни простори преку кои ќе може да исперат пари. На вакви олоши од луѓе, добро е што воопшто гледате и дрва низ државава.
 
Retail паркинг простор е добро затоа што некој имаат и одма видлив голем и маркет па покрај пазарење во маркет ќе ѕирнеш и во другите продавници што значи пред се се оди скоро секогаш за конкретно и успат низ другите продавници.
Додека Мол се иде за да се шета повеќе во него. Е сега се сложувам дека Мол е убаво што си во затворено за во летен период. Сепак сум за посебни продавници кој може да ги видиш и од соседната улица.

Јас сум бил во оној во Врање кај што е Лидл и како концепт ми се допаѓа.
 
Во Скопје има два вакви, не знам за во други градови.

Првиот е Point Retail Park, отворен пред неколку години, на граница меѓу Чаир и Шуто Оризари.
Има Кам маркет што работи во недела, и има огромна игротека.
Другите продавници се слични како и по другите трговски: Waikiki, YUSK, DM, Neptun, Sport Vision ...

Другиот е GODI Retail Park во Ќерамидница (раскрсница Перо Наков / Киро Глигоров).
Овој e нов, не знам точно кога го отвориле, го забележав пред месец-два.
Тогаш само поминав покрај, не знам кои продавници ги има.
Порано тука беше Тинекс, сега видов ги преместиле Mr.Bricolage и Neptun од преку улица.

Во ваквите немаш чувство како во другите трговски.
Повеќе се за пазарење од потреба, отколку за шопинг со разгледување.
А како што кажа и членот погоре, бонус кај моловите е климатизацијата, и лето и зима.
 
Да за во лето и зима супер е затворено но за температури кој не се пеколни или премногу ладни е супер и отворено.

Како дизајн повеќе сум за продавници на отворено место. Повеќе до израз доаѓааат бутици и нивните излози се гледаат можеби и од соседната улица за да привлечат.
 
Генерално кај ваквиот дизајн главниот простор и внимание го зазема паркингот, и излозите не се баш видливи.
Дури и кај една до друга продавница не го гледаш излогот целосно бидејќи патеката за движење не е многу широка.
Затоа тие се повеќе за потреба отколку за шопинг со разгледување.

За продавници на отворено место е друг муабет, тие обично се во центар на град, шопинг улици, шеталишта, пешачки зони и слично.
Во Скопје тоа треба да е улица Македонија, улица Никола Вапцаров (уличката од Плоштад до Министерство за Правда), делот околу Рекорд. Но со оглед на состојбата на градот и дуќаните, нема ни интерес ни куповна моќ за да се разубави тој дел.
Во Охрид и Струга тоа се чаршиите, во Битола е Широк Сокак ...
По другите земји во Европа поголемите градови исто си имаат такви улици.

Но како што кажав, тоа нема врска со Retail Park.
И самото име кажува дека е паркинг :D
Инаку слично е на американскиот Strip Mall.
Од Wikipedia (https://en.wikipedia.org/wiki/Retail_park):
Retail parks normally have large car parks (parking lots) and are not designed for people to browse, but instead for more direct shopping trips.
И заради тие причини обично нема дополнителна инфраструктура наоколу (зеленило, клупи или занимации).
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom