Пожарот во Националниот парк „Галичица“ се шири кон Охрид !

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување

A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
5.245
Поени од реакции
12.442
sumski_pozar_noke_vn.jpg

Големиот пожар што вчера утро околу 10 часот избувна во Националниот парк „Галичица“ од преспанска страна ноќеска почна да се шири кон Охрид. Најзагрозени се охридските села Рамне и Велгошти.

Во гасењето на пожарот се вклучени противпожарни екипи од Охрид и Ресен како и екипи на НП „Галичица“, но поради непристапниот терен и ноќта, гасењето е отежнато.

Градоначалникот на Охрид поради сериозноста на ситуацијата побара интервенција од воздух, но од Центарот за управување со кризи објаснуваат дека авијацијата во гасењето на пожарот на Галичица може да се вклучи најрано во понеделник.

Пожарот избувна во месноста „Бигла“ на планината Петринио на преспанска страна и според првичните сознанија најверојатно е подметнат. Огнената стихија која зафати неколку хектари нискостеблеста шума од ноќва се шири кон Охрид.

Од градот ноќеска се гледааат пламени јазици, а густ чад ја обвива охридската котлина. Ноќта ќе биде најкритичен период бидејќи противпожарните екипи на кои им се придружија и доброволци од градот и селата Велгошти и Рамне не можат безбедно да пристапат до деловите зафатени од огнената стихија.

ohridnews
 
Гастербајтеру, ти си на сигурно. Ние ќе гориме.

Фаќај авион и доаѓај. Узпат, фрли некоја кофа со вода одозгора.

Гледај да биде пред понеделник....ебаго армијата, ебаго.
 
Абе ајде понеделник,нормални ли се тие?До понеделник не знам што ќе биде,сега повеќе ми се чини се прошири,плус дува ветер од време на време:nesvest:

Ова го сликав пред нецели 10 минути.

dscn2059bl8.jpg
 
До понеделник пожаров ќе стигне до велгошти, шо си мислат овие бе? понеделник а? Леле како ме нервираат
 
Пожарот како што мошам да видам скоро е до селетот Велестово, а како и што гледам не се гаси туку сротивното се поголем и поголем веќе е раширен на цела планина.И никој ништо не превзема
 
Nikad ne sum razbral sto za sorta se tie piromanite...:toe:
Nema drugo care...mnogu se...treba da se izvadat nekolku takvi primeroci i da se kamenuvaat do smrt na plostad!
MRTOV SERIOZEN I OZBILEN SUM !
 
Додека се свестат нашиве да напраат нештo :pos:
 
Дојдоа хеликоптери и пожарот е пред целосно гаснење... И плус, шо би рекла баба ми, Господ напомош дојде и заврна.:)
 
Седница на кризниот штаб: Пожарот ќе биде ставен под контрола


Големиот пожар на Галичица што ноќеска почна да се шири и „спушта“ кон селата Рамне и Велгошти според градоначалникот Петрески ќе биде ставен под контрола. Денес на седница од кризниот штаб беа разгледувани сите опции и ресурси за спречување поголема трагедија. Според информации од центарот за кризи на Галичица горат околу 100 хектари шума.

Сепак сите сили ќе бидат насочени кон спречување пожарот да се прошири до подножјето. На повикот за доброволна помош на бројот 195 се јавиле стотина лица кои им помагаат на противпожарните екипи.

„Центарот за управување со кризи ги координира сите ресурси, луѓе и средства за што побрзо гаснење пожарот. Имаме доволно луѓе на терен, ќе добиеме и странска помош и мислам дека имаме добар план за успешна акција“ изјави Панде Лазаров од Центарот за кризи.

Денес на охридскиот аеродром треба да пристигнат и хеликоптери од контингентот на КФОР во Косово, кои треба да понудат значајна помош. Според Петрески, соработката помеѓу локалната самоуправа и централната власт се на високо ниво (денес во Охрид беше и министерот за финансии Трајко Славески) и ситуацијата за брзо време ќе биде под контрола. Од утре во акција ќе биде уште еден хеликоптер од АРМ.

Пожарот избувна во месноста „Бигла“ на планината Петрино на преспанска страна и според првичните сознанија најверојатно е подметнат. Синоќа од повеќе места во градот можеа јасно да се видат пламени јазици кои во појас од километар ја „голтаат“ шумата.


Извор: Ohrid News
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom