UEFA Euro 2024 (Европско Првенство)

  • Креатор на темата Креатор на темата dragonsky
  • Време на започнување Време на започнување

Кој?


  • Вкупно гласачи
    112
  • Гласањето е завршено на .
Сега швабско силовање следи.
 
Ги отворија, на отварање.
 
Јесте е разлика во класи ама вакво срамно издание не се допушта. Од прва минута со турнати гаќи
Малце да имаа респект спрема тие кои допатуваа и дадоја еден кош пари за да гледаат ваков срам.
 
Ние кога игравме Еуро бевме Бразил во споредба со овие...какво катастрофално полувреме. Пола состав им е во Премиер, играат мислиш од втора лига Литванија се собрани, кои копачи ццц...
 
Дилемата е како овие успеаја да ја победат Шпанија во квалификациите. :toe:
 
Крос првово полувреме е чисто злато.
Буквално ја диригира играта. Предобар везњак.
 
Враќањето на Крос во репрезентацијата ја смени целата ситуација и атмосфера. Очајни беа последниве години. Не само поради неговите лични квалитети и искуство, туку и поради тоа што со него во состав Гундо игра на својата природна позиција и игра на ниво. Флик ако го врати дефанзивен везњак како што го играше во репрезентација (и како што го играше Чави најчесто пошто имаше 0 играчи на таа позиција), пиши пропало за Барса.
 
Стајте анкета еееј
 
Прошетки групава за немците.
1/8 финале Данска/Србија.
Прелесно за домаќините.
 
Шкотска ептен слаба, тактички нула со никаква тимска хемија, не постоеа на ни едно поле ниту еден нивен играч двоеше во квалитет освен евентуално голманот кој ни крив ни должен ги изеде 5 комада.
 
Еми незнам што очекувате за технички ограничена екипа со чворови како Мектоменеј. :D
 
Еми незнам што очекувате за технички ограничена екипа со чворови како Мектоменеј. :D
Најмалце крив за ова беше Скот. Одбраната крш, плус се браниш против Мусиала, Хаверц и Вриц напред сите со одлични сезони позади нив.
Очекувано газење, да дадеа гас Германците ќе ги броеа до 10 најмалце.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom