Кај мене нема мрежа од Телекабел покривање и ми пишаа да сум имал интернет пример од Телеком земено од друг оператор па така да користам Move TV. Мене реално не ми требаат којзнае колку канали, би го земал оној најевтиниот за 199 денари и плус би зел уште еден бокс за 99 денари/ месечно и би си делел со брат ми и интернет и телевизија. Ако сака спортски канали ќе го делиме L пакетот и ако земам Смарт Тв ќе си инсталирам апликација.
Има опции којзнае колку да си правиме, има пак кај мене можност за безжичен од А1 или DSL од Телеком само да е VDSL. Знам градови и села каде што има оптика, имам и овде прочитано. Ако се нафати во иднина Кабелнет да ми пуштат оптика или во град да се преселам ќе му земам само интернет и за телевизија ќе си земам Move TV.
@MALINOV.A рекламата со Цацко ви е легендарна, на кој маркетинг човек му текна за онаа реклама да ја создаде, секоја му чест.