Повраток на средства од банкротирана банка? (Еуростандард банка)

  • Креатор на темата Креатор на темата paraglajder
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
31 јули 2008
Мислења
2.843
Поени од реакции
1.636
Баба ми е 87 години така да оваа задача стигна до мене, за жал.

Имала сметка во банката, не се знае колку пари, али најверојатно околу 500 евра.

Колку што се сеќавам имаше некаква процедура за да се повратат овие пари со државна помош.

Ако може некој да ме насочи во правилна насока би му бил благодарен.

Благодарам однапред!
 

Фондот за осигурување депозити од утре треба да почне со исплата на обесштетувањето на осигурениот износ на депонентите на Еуростандард банка до законски утврдениот максимален износ од 1.850.889 денари.


Исплатата ќе се извршува преку Комеријална банка, НЛБ Банка, Стопанска банка АД Скопје и Халкбанк.


Според информацијата од Фондот, во Комерцијална банка ќе бидат обесштетени депонентите чие презиме почнува а буквите А, Б, В, Г и Д, преку НЛБ Банка ќе бидат обесштетени оние чии презимиња почнуваат на буквите Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ, И, Ј, К, Л и Љ, на депонентите на кои им почнува презимето на М, Н, Њ, О, П и Р ќе се исплаќаат во експозитурите на Стопанска банка АД Скопје на целата територија и депоненетите со презимиња на буквите од С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ и Ш ќе се исплаќаат во експозитурите на “Халкбанк” АД.
 
Секој депонент ќе има на располагање 36 месеци, односно три години од денот на почеток на исплатата, за кога ќе биде во можност да го оствари своето право на обесштетување во банките-исплатувачи.
Обесштeтувањето на депонентите од Еуростандард почна на 15.09.2020 година.

По истекот на овој временски период (3 години), депонентите односно нивните наследници кои од различни причини не можеле да го остварат своето право на обесштетување во банките – исплатувачи, исплатата на обесштетување ќе може да ја остварат преку Фондот за осигурување на депозити кој ќе обезбеди обесштетување независно од тоа кога депонентот ќе достави барање за остварување на своето право на обесштетување.

е-адресата: info@fodsk.org.mk или на телефонските броеви: 02/ 3235-730 и 02/3235-735.
ФОНД ЗА ОСИГУРУВАЊЕ НА ДЕПОЗИТИ
 
Последно уредено:
Обесштeтувањето на депонентите од Еуростандард банка почнува утре
Тим 24 14.09.2020 1859
 
Требало уште 10 години да почека баба ти. Пропаднале ти парите пријателе. Земале ти ги.. И онака одвај чекат да ти ги земат...
Да имаш пари на банка а да не знаеш колку имаш... Лудница.
 
Требало уште 10 години да почека баба ти. Пропаднале ти парите пријателе. Земале ти ги.. И онака одвај чекат да ти ги земат...
Да имаш пари на банка а да не знаеш колку имаш... Лудница.

Тоа е кога си имаш работа со 87 години човек
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom