Смештај за 3 месеци во Охрид

Член од
1 февруари 2024
Мислења
3
Поени од реакции
2
Здраво дечки, планирам да работам во Охрид како келнер летово но проблем ми е смештај. Дали има обични станови за 150-250е под ќирија во Охрид? (да не биде многу далеку од центар)

Мислам дека ги издаваат на вечери в лето наместо со ќирија
 
Абе и да најдиш стан пола плата ќе треба за кирија да ја даваш. Ако е станот 200 евра а ти земаш на пример 25 000 ( еве со се бакшиш нека се 30 000 ) , што ќе ти остани ? Ами сметки , ами јадење итн.
 
Не одам за печалба таму, така да нема врска
 
Повеќето работодавци нудат некаков смештај со работното место, гледај си ги огласите и прашувај ги нив за смештај.
 
Здраво дечки, планирам да работам во Охрид како келнер летово но проблем ми е смештај. Дали има обични станови за 150-250е под ќирија во Охрид? (да не биде многу далеку од центар)

Мислам дека ги издаваат на вечери в лето наместо со ќирија
По хотели можеш да прашаш гарант нудат и смештај со работно место и онака нема работна сила. Е сега за локација не знам.
Ама па и да не е блиску сигурно е поефтино такси да плаќаш отколку кирија освен тоа доста веројатно во хотел да имаш и три оброци што реално знае да биде значителен трошок.
 
Веќе сум бил покрај кејот да прашувам, но смештај не нудат. Веројатно нудат покрај плажа со 1.000.000 соби
 
прати ги огласите, минатата година хотел Метропол нудеше смештај плус превоз до Охрид, или директно обрати се кај нив, види што како бараат, нудат.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom