Тунис

  • Креатор на темата Креатор на темата Zlatikevichius
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.752
Поени од реакции
39.230
Локација
Скопје
Во срцето на Медитеранот, Тунис е земја во која се спојуваат илјадници години култура, земја на традиција и легенди, светлина и боја, контрасти. Со своите прекрасни долги и широки песочни плажи, бројни хотели и културно-историски споменици, привлекува многубројни туристи од целиот свет, кои во голем број доаѓаат да уживаат под топлото африканско сонце и водите на средоземјето но и да ги истражуваат знаменитостите на бурното минато, како и непознатото во секогаш мистичната и убава Сахара.

1705692116875.png

Тунис е најсеверната африканска земја лоцирана во северозападниот дел на најжешкиот континент. Најсеверната точка е оддалечена само 145 км од Сицилија. Од северот и истокот, нејзините брегови во должина од 1300км ги заплискуваат водите на Средоземното Море, на запад граничи со Алжир, а со Либија на југоисток. Околу 40 проценти од територијата - особено јужните и југозападните територии ги покрива пустината Сахара. Планинскиот венец кој е дел од Источен Атлас, сече дијагонално низ целата земја и ја дели пустината од медитеранската клима. Тунис има богата и долга историја, но најбурен период доаѓа од пристигнувањето на Феникијците - основачите на Картагина, во деветтиот век п.н.е., па станува збор за 3000-годишна историја и култура во која влијанијанието го менуваат Пуните, Римјаните, Арапите, Турците, Африканците и разни европски народи ... се до доаѓањето на Французите и воспоставувањето на нивниот протекторат над Тунис кон крајот на 19 век. Домородците на Тунис се Бербери кои денес сè уште зборуваат берберски јазик. По бурната историја обележана од разни освојувачи, Тунис станува Република во 1957 година.

Главниот град на Тунис, градот Тунис, се карактеризира со динамичен спој на традицијата и модерноста, медитеранскиот и европскиот шарм. Градот има три важни делови: Медина, која е старото арапско и турското јадро на градот, францускиот дел, формиран на крајот на XIX и во првата половина на XX век и најновиот, модерен дел кој прстенесто се протега на север и по бреговите на езерото Тунис.

Што да се посети во Тунис:
Tуристите во Тунис можат да ги посетат историските споменици како што се остатоците од античката Картагина, римскиот амфитеатар во El Jem, Националниот музеј Бардо со најголемата колекција на римски мозаици, потоа извонредната архитектура со Арапско-Андалузиски стил и вредните културно-историски споменици во сликовитиот град Sidi Bou Said. Тука се и необичните Берберски куќи закопани во мекиот пустински камен-песочник, можете да пробате различни национални јадења од традиционална Берберска кујна, прочуениот кус кус или француски багети, кроасани и сирења, италијански тестенини пропратени со звуците на италијанската канцона. А егзотичните оази среде пустина - е тие се посебна приказна, магија на која ретко кој останува рамнодушен. Поради пријатната медитеранска клима, туристичката сезона во Тунис трае во текот на целата година. Сонцето, плажите, морето, песокот, камилите, пустината, оазите, удобните хотели се првата асоцијација за оние кои патуваат во Тунис. Тунис е сè, но многу повеќе…

Летувалишта:

АМАРТ (GAMMARTH)
- е летувалиште на Mедитеранскиот брег, лоцирано на 15 км северно од Тунис, до градот Ла Марс. Некогаш мало рибарско село, од втората половина на 20 век, се претвори во елитно предградие со раскошни вили и резиденции, високи хотели, ресторани, продавници и галерии. Во неговата близина се наоѓаат урнатините на античката Картагина и модерната Сиди Бу Саид.

1705692272546.png

ХАМАМЕТ (HAMMAMET) - Некогаш едно мало рибарско село во заливот Хамамет, на југот на полуостровот Кејп Бон, најплодниот и најзелениот дел на Тунис, прераснало во омилено летувалиште на многу познати уметници во 19 век, како што се Гистав Флобер, Оскар Вајлд и Андре Жид. Стариот град е составен од медина од 15 век, изградена на карпите долж крајбрежјето. Во рамките на исклучително добро сочуваните sидови се наоѓа лавиринт со поплочени улици и тесни патеки, и во него има куќи на жители и бројни продавници и галерии.
Развојот на туризмот во Тунис започнува во Хамамет во 1960-тите. Најстарите хотели со бујни медитерански градини се наоѓаат во поширокиот центар на градот, а тука се и двете туристички зони: Хамамет Норд, кој се протега на север до Набел, познат по прекрасните песочни плажи, а на југ, 9 км од центарот на градот, Јасмин (YASMINE) Хамамет, модерно туристичко подрачје, моделирано по познати медитерански хотели, со новоизградена медина (куќички чаршии, бутици, ресторани и слаткарници), марина, до која може да се стигне до прекрасно шеталиште долга околу 3 км и забавен парк на Картагина. Јасмин Хамамет нуди сместување во удобни хотели во близина на плажите и морето, бројни можности за рекреација, забава, излегување и купување, што го направи една од најдобрите медитерански дестинации во последните години. Таа стана една од најпопуларните и најбараните дестинации за одмор на Медитеранот.

1705692504685.png

СУС (SOUSSE) - Сус е трет по големина град во Тунис со население од околу 900.000 и е туристички главен град на земјата. Постојат бројни хотели покрај прекрасните песочни плажи, а градот е познат и по својата медина од деветтиот век, една од најдобро зачуваните тврдини во Тунис, нудејќи прекрасен поглед на целиот град.

1705692543108.png

Одење низ улиците и тесните пасуси на медината е можност да се истражи и запознае ориенталниот свет, неговиот специфичен ритам и шармот на типичното ценкање при продажбата.

ПОРТ ЕЛ КАНТАУИ (PORT EL KANTAOUI) - Се наоѓа на 6 км северно е од Сус. Овој туристички центар е изграден од 1979 година како голема туристичка област околу марината каде повеќе од 300 јахти можат да се укотват во исто време. Архитектурата, иако модерна, се потпира на туниската традиционална архитектура, со бели куќи украсени со тиркизни сини врати и прозорци. Хотелите се градени во сличен стил долж бреговите на кристалното чисто море, на песочни плажи се до градот Сус. Поради долгите плажи, удобните хотели и богатиот ноќен живот, Порт Ел Кантуи стана омилена дестинација за семејни и млади туристи.
Пристаништето е украсено и чисто, целосно прилагодено за туристи, со многу зеленило и цвеќиња, идеално за прошетки. Марината има голем број на продавници, кафулиња, ресторани и познатата фонтана со лесна музичка кореографија. Со такси или локален превоз е лесно и брзо да се стигне до Сус, но и во Хергел, мало Берберско село со неколку одлични ресторани и слаткарници и добро зачуван локален животен стил.

1705692585178.png

СКАНEС (SKANES) - Тивка туристичка зона која се наоѓа во близина на два града, Монастир на југ и Сус на север. Има голем број на добри хотели со богати содржини. Сканес е вистинското место за семеен одмор, за патниците кои сакаат одмор во тивка атмосфера, со огромни маслинови градини кои доминираат во овој регион уште од римскиот период. Во туристичката област има продавници за сувенири и кафулиња, а за обиколка на областа расположиви се и кочии што чекаат надвор од хотелот. Со такси или локален транспорт леснo и брзо може да се стигне до Монастир и Сус.

1705692635469.png

МОНАСТИР (MONASTIR) - Некогаш мало рибарско пристанишно место а денес едно од најпопуларните туристички места во Тунис. Се наоѓа на окулу 160км јужно од главниот град, на врв на полуостров 25км јужно од Сус.Туристичката зона во Монастир е добро развиена и се простира речиси 10км долж обалата до местото Сканес. Монастир е родното место на првиот претседател на Република Тунис - Хабиб Бургиба, поради што неговото име и дело се честа појава во овој регион.

1705692782725.png

МАХДИЈА (MAHDIA) - Мал крајбрежен град кој се наоѓа јужно од Монастир, на тесен полуостров, кој е одвоен од остатокот од копното со единствената градска порта Скита ал Кал од остатокот на копното. Махдија успеа да го зачува шармот на локалниот, мирен туниски град. Неколку сцени од филмот Англиски пациент се снимени во пристаништето во Махдија. Тоа е одлична почетна точка за истражување на централните и јужните делови на Тунис. Туристичката зона се протега по прекрасната песочна плажа северно од градот и нуди квалитетни и удобни хотели.

1705692749126.png

Извор: aurora.mk
_______________________________________________________________________
Темава ја отворам зашто недостасува таква на форумов, а годинава една од можните дестинации за одмор ми е токму Тунис, па сакам да слушнам ваши размислувања и споделени искуства. Сте биле ли на одмор во Тунис? Што треба да се посети, што не? И воедно, сите совети се добредојдени: на што да се внимава при изборот на туристичка агенција, хотел, тури и сл?
 
Многу често се затрувуваат со храна, мислам лани и се пишуваше на форумов за ова
Лани беа две другарки и добија отровање каоо демек ќро била измиена лубеницата со вода од чешма
Одкако се вратија им рефундираа по 40$ за инекциите што ги примиле иако одбиваа првично од агенцијата, искрено не памтам преку која беа, иначе посчем се испостави дека честа пракса била да добие отровање некој од храна, веројатно треба да се избере некој хотел од повисока класа за да не ви се заебе одморот, налет и пари и тужби послем тоа
Шетање лево десно сам не е препорачливо значи строго во групни екскурзии
 
Немам слушнато некои пофални зборови за Тунис, искрено, и затоа не сум охрабрен да одам.

И јас сум слушнал дека треба апла поскап хотел да уплатиш, а кога веќе го правиш тоа, избери подобра дестинација него земја од трет свет.
Мои познати беа на островот Џерба во хотел со 5 ѕвезди, и 10 дена не го напуштиле хотелот. Имало све, топ храна, занимации на плажа... Што знам, да летам до таму за да не мрднам од резорт, јас не би.
Други исто познати беа на копното, не беа задоволни од хотелот, барале преместување во друг, па хаос со агенции и сл. Тука и тие самите имаат минус затоа што не прочитале убаво на нет каков е хотелот.
 
Сум слушнал и јас вакви муабети, и дека хотели со пет ѕвезди во Тунис се нешто ко хотели со 3 ѕвездички во Турција. Ама од друга страна, од видеа и слики што сум гледал, плажите во Тунис се неспоредливо поубави од турските.

Ама кога би одел таму, сигурно нема да биде без да проверам каков е хотелот. Еве конкретно, најдов еден што има 8,9 оценка на Booking, само пофални зборови во коментари, и за храна, и за сместување, и за услуга... Единствено нешто со послаба оценка (нешто над 6) во тој хотел беше Wi-Fi-то, што буквално ништо не ми менува. Е сега - цената за 6 ноќевања таму all inclusive по агенцииве е околу 2300 евра за 4 члено семејство. Најевтиниот хотел во Анталија што има таква или повисока оценка на Booking е 3400 евра, исто за all inclusive. Значи не е баш така ова: "треба апла поскап хотел да уплатиш, а кога веќе го правиш тоа, избери подобра дестинација него земја од трет свет." Истото во подобра дестинација него земја од трет свет го добиваш за многу повеќе пари.
 
Па океј добро, ако си 4-члено семејство тогаш повеќе ти се исплатат тие земји, Тунис, Турција, Египет. Турција има преголем избор на хотели за секого.
 
Турција има преголем избор на хотели за секого.
Турција сум бил повеќе пати. Иако секое одење е посебно доживување и вреди за сите пари, но од година во година е се поскапо.

Реков, се мислам за Тунис само заради плажите.
 
Lani bev ovde familijarno Jaz Tour Khalef.
Premnogy ybavo, resortot e mnogy golem i imas se , ama stvarno se ....
Ima mnogy dolga privatna plaza za setanje.
Negativno , cel tunis ne e bezbeden za setanje sam, i ova ne e u stilot ke te ograbat, tuku aktivno leglo na teroristicki organizacii e , mnogy se siromasni generalno, klimata e raj na zemja .
@zlate ako si nekoj kako mene so odi na odmor da lezi jade spie i se glupira na voda , ova e top mesto bilo koj den vo godinata. Do sega sum bil 4 pati , 2 pati vo dekwmvri, 2 pati vo septemvri/oktomvri.
Hrana nadvor od resort nikako , nw daj boze nesto ako se desi i ti treba doktor samo google slusaj za review na kliniki, lokalcite se apsolutni ajduci vo sekoj aspekt :) .
Naoravi si due diligence check up , mnogy ybavo mesto e ama stanuva se poloso i poloso za safety.
Lani go imaa eden od najstrasnite zamjotresi, pola zemja im unisti .... Proveri si ho resortot 5 pati pred bukiranje
 
Абе еден одмор што да ти расправам. Не смееш да напуштиш ресорт, цело време се пазиш некој да не те превари, опљачка, ако нешто ти се деси треба на гоогле да се лечиш, можеш да се затруеш, може некој да те киднапира.. Златен да им е песокот пак не би отишол по такви козоебачки земји.
 
Плус тоа ставаш деца во ризик, реално кој ти ја гарантира безбедноста у ресортот? Секад можат да упаднат и да направат масакар
 
бев лани во близина на Сус, хотел блиску до модерна приватна болница. Санитариите беа лоши, башка и бравата се расипа, па од друга соба влегоа во нашата и однатре отворија, а ни дадоа друга соба...плажата е отворена, слободно шета кој сака а повремено и баги со полиција. Ден пред да дојдеме било 43степени, но кога дојдовме беше околу 26, облачно но топло. Наредниот ден, сонце, морето топло и солено, но силен ладен ветер од пустињата те пресекува додека излезеш од морето ( многу е плитко)...хеаната е шведска маса ама нема врска со европска, а имаат и многу лути работи. Бог и шеширџија со Хургада, а мислам и од Турција полошо... таксито не е скапо ама возат како лудаци...

Плажа хотел Ројал Јинене Сус
... видео

AF1QipM5kC8y3PfoXgcoKRdyUUwLmarQlzte8acD-Gci=w600-h650-p-k-no

AF1QipMZ2NghhTs5wms3YrZgWN19DZtvpbHgercx4Mlb=w600-h321-p-k-no

AF1QipPmGOqEEW12fjT8-8M_1MoO2lxPkXZu_nuyGmUP=w600-h485-p-k-no

AF1QipOEz7s-16SP1IgUy736qRBgPtjuIK0bB4AAH4Zi=w600-h650-p-k-no
 
Последно уредено:
Јас после тоа што го видов во Хургада... Искрено, многу тешко да се решам пак да одам.
Единствен исклучок би направил во случај да одам со друштво и само во екстра хотел.

Хотелот е детал на кој не треба да штеди никој кој сака да ужива летен одмор во овие земји.
Јас бев во екстра буџет хотел и само што пристигнав во хотелот, ко го видов базенот кој беше премал али преполн со бетмен ванаби персони, ги испуштив од раце куферите.
Буквално се капеа во мантии.
Сеедно ќе ви е? Ама искрено?
Проблемот е што мештаните добиваат некаков си вид на субвенции за одмор и затоа евтините хотели се срање.
А улиците за прошетки се пренапорни и престресни, од секоја страна ти излетуваат пред нос и ти отекуваат муда.

Ја пре би ЦГ, Хрватска, Турција па дури и Албанија.
Доживотен бан имаат јужниот и источниот сосед, така да...
 
Турција сум бил повеќе пати. Иако секое одење е посебно доживување и вреди за сите пари, но од година во година е се поскапо.

Реков, се мислам за Тунис само заради плажите.
Знаеш дека 70% инфлација има Турција само последниве 2-3 год ?
50 лири од пред 10-12 год што вредеа 25 евра сега вредат 150 денари.
 
Знаеш дека 70% инфлација има Турција само последниве 2-3 год ?
50 лири од пред 10-12 год што вредеа 25 евра сега вредат 150 денари.
Не е последните 2-3 години, лирата е во слободен пад од 2014 наваму. Во 2014 1TL беше 24 денари, сега е 1.8 денари. 50TL се 90 денари сега, не 150.

Само не те сфатив каква врска има ова со моето претходно мислење?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom