Потребна е парична помош за младиот Леонид

  • Креатор на темата Креатор на темата zizizizu
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
31 октомври 2023
Мислења
2
Поени од реакции
1
Нашиот другар Леонид 18 год. летово, поточно во јули 2023 дружејќи се со нас во Грција на одмор доживеа несреќен случај со тешка повреда на рбетниот столб. Како резултат на повредата не може да ги движи рацете и нозете. Во Грција на Лео му беше извршена комплицирана операција која беше успешна. По два месеци беше префрлен во Скопје каде е сеуште на лекување. Неговата состојба е сеуше критична бидејќи не дише самостојно и бара соодветен третман, нега и медицинска грижа. Специјалистите во клиниката се едногласни дека нега за пациент како Лео мора да се бара надвор од државата.



Неговте родители подолго време бараат содветна клиника и досега само две во Европа, една од Швајцариа и друга од Австрија, дале повратен одговор дека можат да го лекуваат. Но лекувањето во овие клиники е многу скапо. Семејството ги нема потребните средства за негово лекување, кое секојдневно чини многу.



Како другари на Лео секогаш бевме инспирирани од неговата позитивна и кротка природа, спортскиот дух и неговите достигнувања. Лео има посебна страст за информатика, компјутерот е негово секојдневие, заедно со неговиот тим изработија апликација што го анализира и проучува движењето на Меѓународната вселенска станица и со тоа го освоија првото место на меѓународниот натпревар „NASA Space Apps Challenge“.



И покрај сериозните предизвици со кои неочекувано се соочи, истрајноста, одлучноста и позитивниот дух на Лео продолжуваат да зрачат.



Со цел да му помогнеме на Лео во неговата борба да закрепне, и неговата фамилија да ги собере потребните средства отворивме хуманитарна телефонска линија и сметка за донации. Средствата кои ќе се соберат ќе бидат директно искористени за лекување, комплексни медицински третмани, рехабилитација и медицински помагала кои ургентно му требаат на Лео.



Вашата хуманост и емпатија можат да бидат од клучно значење за животот на Лео. Секоја донација, без разлика во колкав износ е, ќе овозможи Лео да ја добие потребната медицинска нега и поддршка.



Донации:



Од Македонија:

Леонид Индов

210-7000006805-91 NLB BANKA



Повик на мобилните оператори:

A1 mobile 143-500

T - mobile 143-118


Со секој повик донирате 100 македонски денари



Од странство:

BRANKO INDOV

st.23 OKTOMVRI no.27/4-11 SKOPJE

IBAN: MK07210501567799991

SWIFT: TUTNMK22

NLB BANKA AD SKOPJE

Линк за GoFundMe страна:
https://gofund.me/f09285e8

Ви благодариме
 
Зимаат данок директно на сметка ако се пуштат?
 

Kajgana Shop

Постови на неделата

Недела од 12 јули 2025

Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија
Многу изгубија Вмро, Мицковски и Тошковски со ова. 30 години политички партии, еден не се најде да им каже дека не можат да идат со глава во ѕид, и дека не идат лично против Арсовска, туку против функцијата градоначалник на Град Скопје. Толкави...
Фан Клуб: Вардар
убаво е да се знае, не сите комити го делат ставот на “комити“
не може мене никој да ми наметнуваат како да размислувам.

иститие тие пред неколку години во ерата на најуспешните години на вардар бараа вардар да се повардарел. се повардари, си...
Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија
тошковски постапува по судски налози. Конкретно за ова кај судот треба да ја бараш кривицата. Судот моментално не е под влада него ете е независен. ВМРО не смени ниеден судија кога дојде него тие што беа за време на СДС.

Аха, значи ако некој...
Back
На врв Bottom