Сицилија

  • Креатор на темата Креатор на темата Лопов
  • Време на започнување Време на започнување

Лопов

Rockscourge Stevahn
Член од
19 декември 2019
Мислења
4.548
Поени од реакции
4.390
Има некој идено на тури натаму? Има некоја агенција што би ја препорачале? префербилно брод автобус, а не со авион.
 
Се вратив од Сицилија, доста повеќе прошетав таму споредбено со Сардинија кога бев. 10 ноќи вкупно испаднаа, 7 ноќи во Палермо, 3 ноќи во Катанија. Делот околу Палермо ви е супер и за плажи и за шетање, додека делот околу Катанија е претежно само за шетање, има плажи ама не се на ниво како тие околу Палермо (Кефалу - Трапани пределот). Превоз до таму беше малку поспецифичен, бидејќи целев на конкретни датуми кои ми одговараа, целта ми беше да е крај на јуни да трга летот во сабота сабајле и да е 10 ноќи отприлика, но и да се врати од другиот град (или на доаѓање да слетам во Палермо, а да си одам од Катанија или обратно), патем и летот за назад да е навечер, да се искористи денот :D . Со вакви специфични услови успеав да најдам релативно ефтини карти (околу 150 евра беше повратна), летовите беа Скопје -> Рим, Рим -> Палермо, а за враќање Катанија -> Милано, Милано -> Скопје. Повеќе ми одговараше опцијата да одам од Скопје и да менувам 2 лета, отколку да летам преку Софија/Тирана. Да напоменам и дека во Рим менував два различни аеродрома, слетавме на Чиампино, а летавме до Палермо од Леонардо Да Винчи.

Плажи по денови

Ден 0: Помина во транспорт и вечерта прошетка во Палермо. Од Рим Чиампино до Рим Термини да знаете дека можете да стигнете со евро ипол билет за јавен транспорт, прво со бус па после со метро, бидејќи метрото е бајги брзо, ви излегува исто време како да земете тоа 6 евра директниот бус шатл што им е, така да тука може да заштедите без проблем. Од Термини до Леонардо да Винчи не можете да заштедите, најефтино ви е 6-7 евра шатл автобус и се патува 1 час. Од Палермо аеродромот до центарот е 6 евра билетот. Овие цени се сите еден правец, повратна би требало да е поевтино. Градот за шетање Палермо навечер е супер, доста долги улици за шетање, сега имаат ново направено шеталиште покрај пристаништето, каде што во 12 пуштаат кореографија со фонтани и светла во различни бои, кои го менуваат ритамот според песната. Ние бевме на минутка до виа Рома одма до Лидлот и подеднакво блису ни беше се, така да таа локација ја препорачуваме. Концептот беше таков што овој ден и ден 10 не беше планирано посета на плажа.

Ден 1: Мондело.
Се оди со 2 буса, или со еден ако смештајот ви е блиску до Политеама, вкупно патувачко време е 35-40 минути отприлика, во зависност каде го фаќате бусот за до Мондело. Оваа плажа е најблиска до градот, билет чини евро ипол, истиот е со важност од 90 минути и можеш да смениш колку сакаш превози во таа временска рамка. Плажата е долга, населбата ништо посебно, има доста гужви, чадор можеш да си поставиш твој во први редови (бидејќи задните редови се за платени лежалки), но ќе си во гужва. Има премногу педалинки за мој вкус, па и во длабокото ти сметаат. Да не ставам слики од сите плажи, ама сите плажи се добри што се околу Палермо, песочни се (барем тие што ги посетивме) и разликата е во гужваата и во ѓубрињата на дното на морето/во песокот. Оваа не би ја класифицирал во најчисти, ама се гледа дека ја чистат.

Ден 2: Libera на Isola delle Femmine
Тука немав никакви очекувања, бидејќи плажава има лош рејтинг на Google Maps, ама испадна дека е одлична, немаше гужва, да не кажам полупразна беше. Се оди со воз и билет по правец е 3.3 евра, се патува 1 час. Исто така беше долга, што ми се допаѓаше бидејќи сакам да си пливам во една насока и назад, а не да треба цело време натака навака. Тука има колку сакаш место за чадори, водата е топла (секаде е топла, освен ако не ви нагласам спротивното) и ми делуваше многу почиста. Во смисла бистрина кога гледаш со наочари за вода дури и во длабокото, а не дека имало ѓубриња некаде во вода или слично. Такво нешто немаше на ниедна плажа од тие што бевме. На Google maps читав зошто е лошиот рејтинг и пишуваше дека е преубава плажа ама имало ѓубре од неодговорни луѓе на неа, но немав такво искуство.

Ден 3 : Cefalu
Исто се оди со воз, не ми текнува цената на билетот, но можете да проверите на trenitalia многу лесно, се патува 1 час. Преубаво беше за пливање, убаво автентично градче за шетање приквечер. Место исто има доволно, со гужва нешто средина меѓу првава и втората беше. Водата беше за нијанса поладна, ама и супер чиста и бистра. Ова за пливање беше место што второ најмногу ми се допадна, после Favagnina.

Ден 4: Magaggiari Beach
Ве советувам да не одите на плажава со автобус, бидејќи остава во Cinisi од каде што има 25-30 минути пешки до плажава и навистина не вреди малтретирањето. Супер е, ама ништо поразлична/подобра од другите, дури за нијанса полоша, така да може да се рипне. Но ако рентате кола и сакате да пополните ден, може да поминете. Оваа е можеби најблиска до аеродромот, цело време гледаш авиони како слетуваат. Имше мали бранчиња, но убава беше за пливање, бистра и чиста, немаше гужви, немам замерки.

Ден 5: San Vito Lo Capo
Тука малку се разочарав, не дека беше лоша, ама некако за хајлајт на островот очекував да е подобро нешто, кога ќе споредам каква беше Ла Пелоса на Сардинија, очекував за n1 плажа на островот да е нешто спектакуларно. Беше убава, но многу гужви и искрено ништо не ми беше поразлично од Cefalu, убави беа и двете. Башка и денот се погоди со бранови, па и пливањето беше малку отежнато. Градчето ништо посебно, 2-3 улички со ресторанчиња. Смрт е патот до тука со автобус, 2 ипол саати... Тука има и сместувачки капацитет, малку поскап е од Палермо и другите градови, но ако таква комбинација склопите, тогаш е тотално друга приказната, ова ќе ви е врв плажа и добра местоположба за да истражувате тој дел.
сан вто.jpg

Ден 6: Favagnina
За ова вреди секаква малтретиража, реално најдобар ден на плажа мислам во мојот живот и најубаво искуство некој што може да искуси, но воопшто не е едноставно да се пристигне и да се врати од тука. Прво треба со автобус/кола да стигнете до Трапани, ако сте со кола си наоѓате паркинг, ако сте со бус како нас си се симнувате на станицата каде што им е пристаништето, од таму се купуваат карти и се укрцувате во траект кој е само за патници. На островот се возат само велосипеди, нема коли, нема автобуси. Картата со траектот чини 28 евра повратна, додека со автобус нешто под 20 евра повратна. Исто така рентање велосипед најобичен е 10 евра на островот. Така да доста пари ќе ви отидат овој ден, ама вреди. Ние одлучивме да посетиме 4 плажи и едната страна на островот десната, бидејќи за левата читав дека доста време се губеле, а нема нешто посебно што нема на другата. Не се грижете 5-10 минути си возите од плажа до плажа, не е дека е голем островот, но интересно искуство е само со велосипеди да се разминувате (добро на секој еден саат ќе видите по една кола ама тоа е тоа). Исто интересно е како знаеш дека има добра плажа и дека си стигнал на дестинација, по тоа што има милион оставени велосипеди на патот пред плажата. Ние ги посетивме плажите Lido Burrone, Cala Azzura, Blue Marino и Cala Rosa. Првите 2 беа феноменални, имаше и песок, втората имаше и дрвце за сенка, третата беше многу автентична како да си во некое светско чудо, но беше карпест предел и директно од карпи се влага, четвртата исто. Третата и четвртата беа интересни, но повеќе ми се допаднаа првата и втората. На сликите се првата и втората. Имајте на ум дека водата е за степен поладна од останатите плажи.

20250627_124058.jpg
20250627_143436.jpg

Ден 7: Мондело преку ден и вечерта пат до Катанија
2 часа се патува до Катанија со бус. Имајте на ум дека пределот околу автобуската во Катанија е во најмала рака лош. Ѓубре, бездомници и обиени коли со искршени стакла. Немаше ништо небезбедно, ама нема причина зошто да не се избегнува, нема таму што да се види. Градот за шетање навечер беше супер. Во Палермо има повеќе за шетање, ама тука можеби навечер е поинтересно да прошеташ. Навечер Катанија е доста поопасна од Палермо, во смисла каде што има раздвиженост е супер, ама ако нема раздвиженост побезбедно делува Палермо, отколку Катанија.

Ден 8: Таормина
За шетање ова беше најубаво градче. Преубав предел, на брдо горе, шеталиште на една долга главна улица и неколку помали улички, мноооооогу скали да се стигне до плажата (25-30 минути), која е рака на срце ништо посебно, но затоа градот е прекрасен. Уште еднаш ќе кажам, тука плажите се скроз друга боја, немаат врска со тие околу Палермо, ништо посебно не се, затоа и распределбата беше 7 со 3 дена, фокусот тука беше шетање.

Ден 9: Сарагуза
Убаво место, центарот и интересниот туристички дел е всушност на островчето Ortigia, таму и бевме на плажа и таму има најмногу туристи. Останатото е делот кај што живеат луѓето и не е нешто многу интересно. Ова беше добро, ама ништо посебно, плажата исто мех како Таормина, но и делот за шетање беше послаб споредбено со Таормина. Но сепак мислам тоа е дека Таормина беше чиста 10ка. Ако имате еден ден и се мислите Сарагуза и Таормина, дефинитивно Таормина.

Ден 10: Катанија шетање и 2 лета за назад

Тука ја посетивме таа градината во центарот на Катанија на виа Етна, интересно е што воочив дека секој ден го менуваат датумот во тревата, односно го менуваат начинот на косење/уредување на тревата на дневно ниво да одговара на датумот. Автобусот за до аеродром е 4 евра по правец и аеродромот се наоѓа многу блиску, истиот бус може да се фати било каде (на Етна главната улица, пред Лидл, пред железничката станица итн)


Храна

Препорачувам да се проба brioche con gelato, кога слушнав дека е сладолед во лепче, си мислев дека е некоја глупост. Но кога пробав, солзи ми течеа од што е предобро, уствари тоа е кроасан некој нивни со 3 топки сладолед. И ти ставаат поголема количина отколку вака да земеш 3 топки сладолед, плус е и поефтино за нијанса. 4.5 евра чини, има на некои места и до 6 евра што се движат цени. Потоа од работи што се популарни (а и потекнуваат од таму) на Сицилија издвојувам аранчини (солено), канолес и гранита. Аранчини се движи од 2 до 4 евра во зависност од вкусот, има форма на јајце и е похованица, а во неа ориз, грашок, мелено месо, или има опции со пилешко,како и вегетарјанси опции. Убаво е да се проба, добро е на вкус, ама не беше спектакуларно. Канолес е ко корнетче со филови внатре полнето, околу 3 евра се движи, ништо посебно, ок беше. Гранита е ко сокче, замрзнато овошје, генерално на база на вода (мраз), околу 4 евра е, убаво, но ништо спектакуларно. Морам да ја пофалам пицата во Катанија од ресторанот De Michele, тоа беше можеби најдобра пица што ја имам пробано, цените се коректни, од 10 до 14 евра голема пица, ама навистина голема. За пазарење пазаревме од Лидл, но и од Деко супермаркет, каде што имаа супер готвени јадења (аранчини, лазањи, паста), може и од таму некој одмор да се покрие.

Најчесто поставувани прашања

- Сицилија vs Сардинија? Сардинија бев горе доле во едно градче и шетав регионот околу него, градчето беше туристичко (Алгеро), додека во Сицилија бев во доста поголеми градови, и целиот амбиент беше поразличен. Сардинија би рекол дека е драстично помирна, поромантична, потуристичка, посредена. Сицилија е многу подобра за храна, повеќе места за шетање, поживо со млади и ноќен живот. Е сега не сум бил во Каљари за да споредам со него, бидејќи вака впечатоците ми се сосема различни. За плажи, морам да бидам реален и да кажам дека од тоа што видов и на двете места имаше феноменални плажи, подеднакво убави и мора да се посетат и двете.

- Трошоци? Отприлика по човек за 10 ноќи испадна 250евра смештај, 150евра летви, 330 евра некаде трошоци таму. Значи 730 евра заокружено Трошоците се генерално за транспорт и храна.

- Небезбедно? Во ниеден момент немавме безбедносни проблеми, ниту слушнавме некој да е ограбен, нападнат или слично. Но, дефинитивно има делови каде што треба да се одбегнат за смештај, во смисла пусти и темни улици навечер, сомнителни напуштени градби, сомнителни луѓе со веспи итн. За Палермо локацијата ни беше одма до Лидл на виа Рома и би го препорачал смештајот ако некој оди, цел апартман со кујна, за релативно ок цена (ако му треба на некој нека ми пише пп да му го пратам), додека за Катанија смештајот не би го препорачал, бевме на Via Plebiscito што е на 7-8 минути до центарот, не е далеку, но тие беа низ доста темен и пуст дел, во Катанија гледајте да сте на виа Етна или некоја друга пораздвижена главна улица.

За секакви прашања слободно пишете ми тука или во пп, се што имам информација и можам да ви помогнам, радо би ви одговорил.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Постови на неделата

Недела од 12 јули 2025

Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија
Многу изгубија Вмро, Мицковски и Тошковски со ова. 30 години политички партии, еден не се најде да им каже дека не можат да идат со глава во ѕид, и дека не идат лично против Арсовска, туку против функцијата градоначалник на Град Скопје. Толкави...
Фан Клуб: Вардар
убаво е да се знае, не сите комити го делат ставот на “комити“
не може мене никој да ми наметнуваат како да размислувам.

иститие тие пред неколку години во ерата на најуспешните години на вардар бараа вардар да се повардарел. се повардари, си...
Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија
тошковски постапува по судски налози. Конкретно за ова кај судот треба да ја бараш кривицата. Судот моментално не е под влада него ете е независен. ВМРО не смени ниеден судија кога дојде него тие што беа за време на СДС.

Аха, значи ако некој...
Back
На врв Bottom