Културно наследство

  • Креатор на темата Креатор на темата Martyr
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
28 јануари 2007
Мислења
511
Поени од реакции
228
Зевс во Македонија!

Бронзените фигури со ликот на Дедал, Богот Дионис и најновата од пред некој ден, која веројатно припаѓа на врховниот бог од митологијата Зевс, уште еднаш го потврдуваат тврдењето дека на овие простори живееле бројни цивилизација, од антиката до денес

0DCD413F0E3DE0448526759CF430448E.jpg
По Дедал, пред два дена на Плаошник најдена уште една бронзена фигура од грчката митологија. Според првичните сознанија, како што вели координаторот на истражувањата Паско Кузман, станува збор за фигура со ликот на Зевс, главниот Бог во грчката митологија или Херакле, познат и во римската митологија како Херкул.

"При редовни активности на Плаошник на површина излезе уште една бронзена фигура. Веројатно станува збор за Зевс, кој во рацете држи по се изгледа дете. Во моментов се вршат анализи на најдениот предмет по што ќе се утврди дали станува збор за фигура со ликот на Зевс или пак за Херакле, вели Паско Кузман.

Пред еден месец, пак, беше најдена уште една бронзена фигура од ваков тип, која најверојатно припаѓа на Богот Дионис. На Плаошник, секојдневно излегуваат на површина нови сознанија, вели Паско Кузман.

"Особено важни се најдените македонски бронзи. Тоа се мали култни предмети, кои досега ги имаше само во источните делови на Македонија и во најголем дел во Северна Грција. Овие податоци се од особена важност за македонската археологија, вели Кузман.

8C51D95187419C498B74BAB552CDA00B.jpg
Бронзените фигури со ликот на Дедал, Богот Дионис и најновата од пред некој ден, која веројатно припаѓа на врховниот бог од митологијата Зевс, уште еднаш го потврдуваат тврдењето дека на овие простори живееле бројни цивилизација, од антиката до денес. Сега е потребна агресивна кампања низ светот, за промоција на нашето автентично богатство, велат експертите.

"Нам, дефинитивно, не ни требаат пароли од типот на Донжт ФЅРОМ не за себепромоција пред остатокот од светот и за признавање на нашата земја и култура. Ваквите пронајдоци кои секојдневно излегуваат на површина се најголем доказ за постоењето на антички цивилизации на овие простори", вели професорот од Факултетот за археологија Виктор Лилќиќ.

F498583394AC094E836A4609B7881B65.jpg
Професорката Вера Битракова, пак, додава дека преку овие податоци се потврдува богатата историја на градот Охрид, познат во минатото како Лихнидос. Заедно со Атина, Лихнидос е еден од најстарите градови од овие простори, вели професорката Битракова.

"Не само најдените бронзени фигури, туку и сите останати предмети можат да и послужи на науката за утврдување на претпоставките дека Лихнидос претставувал значаја културна мапа на овие простори", смета професорката Битракова.

Бронзените фигури се уште се на научна експертиза. Денеска треба да бидат познати кончените резултати за нивното потекло.
 
Абе се е супер само си го утнал под форумот....Свет,случувања..дијаспора...???
А башка ...каде е Кокино во целава приказна...
 
Znam Bratot malce ja promasiv temata ama me mrzese da baram..ima moderatori neka premestat..moze da stoi tuka zasto e povrzano so nekoi od temite..
Nema veze vazno bese da se procita infoto sega moze i da se izbrise ne e bitno
Pozdrav
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom