Сардинија

  • Креатор на темата Креатор на темата FilipMKD007
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.216
Поени од реакции
13.709
Локација
SKopje
Постои веќе една тема за Италија, но гледам дека таму фокусот е повеќе на дестинациите во земјата кои не излегуваат на море, односно на нелетните дестинации (Милано, Торино, Рим), а и самиот остров Сардинија е доволно прекрасен за да си има своја тема, па затоа ја отварам темава. Секој кој бил, нека сподели искуство, за полесно да може да им се најдат информациите на сите кои сакаат да одат во иднина.

Како се роди идејата за патување таму? Освен тоа што нормално треба да се смени малку од стандардните летни дестинации на просечното Македонче (Грција/ЦГ/Хрватска/Албанија), летувањето на Сардинија/Сицилија ми се виде многу достапно и ефтино поради ефтиниот лет Скопје ->Болоња. Wizz Air имаат политика некоја новите летови да ги пуштаат често по доста ефтини цени, така беше и со Бремен кога беше нов лет, така беше и со Торино пред да го укинат, така и со Болоња. А и глобално, Италија како дестинација, заедно со Будимпешта (откаде се и WizzAir), се двете земји до кои имаме најефтини летови континуирано во текот на годината. Па гледав месец дена унапред дека Скопје -> Болоња се начекуваат по 20 евра летови во правец (40 евра повратни) за одредени датуми во месец јуни (7 дена простор меѓу одење и враќање), па земав да гледам до кое место на посочените 2 острови има ефтини летови со Ryan/Wizz. Изборот беше меѓу Палермо и Катанија (Сицилија), како и помеѓу Алгеро, Олбија и Каљари (Сардинија), значи гледав 5 града па каде има најефтино таму ќе се упатев, за се ова се користеше страната azair.com која ти наоѓа најефтини летови од претходно сетирани филтри, но и самите страни на Ryan/Wizz, бидејќи цената се менуваше од саат во саат, а не секогаш беше ажурираната цена на azair. Изборот падна на Алгеро (Сардинија) бидејќи беше единствената дестинација која исто имаше 20 евра по правец лет (т.е. вкупно 45е беше повратна да бидам попрецизен, еден лет беше 25е). Кај другите дестинации исто имаше во еден правец ефтин лет, но за назад летот обично беше 90+ евра, па бидејќи ни беше скроз сеедно, се одлучивме за најефтината варијанта. Сицилија имаше поефтини смештаи, па може и цената горе доле ќе беше иста, но ние веќе се одлучивме за Сардинија. И така превоз до местото беше околу 85 евра (цена за сите 4 летови заедно). Исто така да ве советувам да НЕ ЧЕКАТЕ денови кога Wizz прават попусти (родендени итн), бидејќи тогаш цените ги дигаат за 40%, а ви ги намалуваат за 10%, најефтино ќе поминете само ако следите, и ако не сте обврзнаи со една дестинација/конкретен датум и ако букирањето ви е 6 недели пред летот (не паѓаат секогаш тогаш цените, ама во случајов паднаа, а и други пати имам приметено дека паднале). Исто така да ве известам дека за разлика од другите италијанси градови каде што смештаите се поефтини на AirBnb во споредба со Booking, во Алгеро (Сардинија) смештаите се далеку поефтини на Booking. Нас ни беше битно да има кујна, посебно вц и да е блиску до центарот од каде што се фаќаат бусчиња за плажа (5 минути беше) па најдовме еден од 215 евра од човек за 7 ноќи, што за Сардинија во лето е доста ок цена. Околу 300 евра превоз+смештај се фати и одморот можеше да почне. Планот беше да не се рента кола, туку да се шетаат само плажите и гратчињата околу местото, бидејќи се губат часови и часови ако се обиде човек цел остров да го шета, а на крај нема ништо да прошета за 7 дена, па од сегашна перспектива мислам дека е така најдобро. Островот Сардинија како што спомнав има 3 аеродрома, Алгеро е на левата страна (западната), Олбиа е на источната страна (источната), Каљари е на јужната страна, и верувајте околу сите 3 има премногу убави плажи. Така да една опција е 20+ дена да сте и да посетите се со кола или бус, а другата опција е ако сте по 7-10 дена е да посетите едно гратче, шетате се околу него на таа страна, па следниот пат другото до кое има лет, после тоа третото кое останува и така сте ги покриле сите 3 страни на островот до кои имате лет.

****Алгеро (шетање во гратчето)****

Главното место за шетање во Алгеро е стариот град, тој е поголем од старите градови во Будва/Дубровник/Котор и има доста повеќе продавнички. Освен стариот град имате и убаво направено за шетање покрај пристаниште на двете страни , ние имавме технички 6 ипол ноќи за шетање и секој ден нови работи дознававме, непрошетани улички, така да сигурно нема да ви здосади, местото е магично. Во стариот град 3 се главни улички за шетање (Карло Алберто, Рома (Рим) , Жилберт Ферет), на останатите улички има смештаи, но и hidden gems ресторанчиња, кои се најдоброто нешто што постои на островот. Имате и тркало панорамско на кое не стигнавме да се возиме, 10 или 12 евра беше билет. Има Лидл за пазарење малку периферно од градот (15 минути од центар), но има и еден маркет Eurospin што се наоѓа веднаш до паркот во центарот каде што застануваат автобусите, цените се како кај нас, ако ви е успат овој, не ни мора да одите до Лидл. Има автомати продавнички на секој чекор, 24/7 да можеш да си земеш кроасани/вода/благо чоколадца, чипсови итн. Маркетите за пазарења работат до 22:00, пицериите, ресторанчиата за седнување до 23:00 ако се подалеку од центарот, а во центарот до 00:00, продавничките најголем дел до 23:00. Се стемнува точно 1 час покасно од кај нас, кај нас пример ако се стемнува во 20:15 сега, во Алгеро 21:15. Во една од продавничките имаше едни како чоколадни јајца со фстак зелени, даваа за дегустација и така ги откривме, 6 евра беа, во зелена боја ,на почетокот на Карло Алберто од десна страна 3та-4та по ред беше продавницава, предобри се благиве, обавезно да ги пробате/да си ги купите.

1687697677369.png
1687700715605.png
1687700767486.png

****Трансфер до плажи****

Ова ви кажувам само за летна сезона, од октомври до мај значително поретко е се ова. Главната станица од каде што тргаат и пристигаат сите автобуси се наоѓа на Виа Каталоња, до паркот, ако одите со бус до било каде битно ви е да сте сместени во близина. Од Алгеро можат да се забележат 3 автобуски превозници, сите 3 имаат различна улога и функционираат засебно. Главниот е Арст, тој е како Јсп кај нас, единствен кој оперира цело време во годината, користете ја arstspa.info за повеќе инфо за линиите (ако не се снаоѓате слободно пишете ми, ги научив на памет веќе и линиите и термините). Само за Арст може да купувате билети од автомат (до тобакото карши автобусите каде што застануваат), ве советувам и да го сторите тоа, бидејќи цените се многу поефтини така, пример до Лазарето/Бомбарде е 1.3е правец, додека ако купите од возач ќе ви наплати 3.5е/4 евра, ако се качите во Alghero Beach Bus ќе ви наплати 5евра, ќе заштедите брдо пари со тоа што ќе си имате купено од автомат. Вториот превозник е Alghero Beach Bus, секоја карта тука е 5 евра (независно до каде), но имаат многу поволна опција од 8 евра дневна карта, и можете пример 3 плажи/дестинации да посетите, и да поминете поефтино и од Arst, имаат различни термини што може да е корисно исто, за нијанса термините на Alghero Beach Bus ми одговараа повеќе отколку на Arst. Третата опција е SardaBus, овие ќе ги користите за одење до Ла Пелоса, единствени кои одат до таму. Автобусите се релативно точни, на Arst автобусите и на SardaBus се убави, додека на Beach Bus се како приватните кај нас доста полоши. Проблем со сите е што термините се многу ретки,во просек една линија 4 пати на ден ја има (4 термини) , и ти мораш да се прилагодиш. Не беше тоа проблем, ако не фатиш со едниот превозник, ќе дојде другиот за кратко и така се надополнуваат, ама пак се доста поретки во споредба со Скијатос на пример (на 10 минути автобуси имаше таму, знам дека е апла помал остров ама чисто за пример).

****Плажи + знаменитости покрај вода****

Песочни се сите плажи (барем сите на кои јас бев), бел мек убав песок. Морето е чисто, освен во некои денови кога имаше црни алги, тогаш и беше побрановито. На сите плажи може да си поставите ваш чадор, но има и покрај плажите убава шумичка каде што многу луѓе таму си седат на сенка (на Ла Пелоса само нема ова). На сите плажи има доста одење во плитко додека да стигнеш до длабокото.

San Giovani/Maria Pia

Овие се дефакто градски плажи, една до друга се, ги дели само камп. Заедно со Бомбарде беа “најлоши“, не дека нешто им фалеше, мене ми беа супер, само другите на кои бевме беа подобри. На почетокот на Сан Џовани (најблиску до градот) смрди на алги, но делот до кампот т.е. до Мариа Пиа е супер, Мариа Пиа е целосно супер, нема лоши мириси. До Мариа Пиа има еден преубав парк за трчање со убави дрвца и сенки, многу луѓе без чадори за сонце таму си седат, имаше и групни активности, вежбања, јога, си се собираат локалците редовно таму.
1687695008638.png

Mugoni

Оваа беше единствена плажа каде што имаше школки, па ако собирате да знаете. Многу долга плажа, со место за сите, природна сенка имате од многуте дрва, мене ми беше супер плажа, мирна вода, растеретено од гужва. Проблем е само што возењето до неа е 40-45 минути со автобус, картата е 2.5евра по правец.

1687695190795.png
1687695400114.png

Lazaretto + околните мали плажички

Плажава е доста мала, но е преубава, исто мирна вода, песочна е целата плажа. Тоа што мене ми беше најпрекрасно на местово се малите плажички на десната страна (ако гледаш од море накај копно), односно во правец на Бомбарде, воопшто нема гужва на нив, а се толку волшебни, скриен шумски пат е да се стигне до нив (5 минути одење) и затоа не ни тргнуваат луѓе многу по нив, како hidden gem места се.

1687695767572.png
1687695640513.png

Bombarde нема да ја спомнувам, бидејќи имаше премногу бранови денот кога бевме, никој не се ни бањаше, немам ни слика. Тој ден после некој саат време на плажа тргнавме накај Лазарето. Бомбарде е уште помала и од Лазарето и треба огромна угорница да се качи/симне до неа.

La Pelosa

Плажава не е во Алгеро, се наоѓа на една од најсеверните точки на Сардинија, од Алгеро се стига за саат и 15 минути со Сардабус. Плажава е една од најубавите во цела Италија, веројатно најубава плажа во Сардинија, но има многу зезанции околу нејзино пристапување. Главната зезанција е тоа што мора да резервирате место на неа, влез се плаќа 3.5евра и картата мора да се купи онлајн. Во јуни среќа еден ден имаше слободно од тие 7 дена одмор на кои бевме (другото се беше зафатено), но шанси нема таква среќа да имате во сезона,така да барем 2 недели унапред резервирајте место, плажата е со лимитирани 1500 места, а луѓе од цел остров одат да ја посетат. Исто така задолжително мора да имате сламарица (5 евра се купува таму), под пешкирите бараат да ви биде поставена, цело време поминуваат да проверат, ние случајно земавме едно како за пикник од Скопје (на тоа седевме и врз него пешкирот со кој се бришевме) и заштедивме 10 евра (буквално во ветер фрлени се тие пари), бидејќи сигурно нема тоа сламарицата гломазна во лет да ја враќаме. Плажата е опремена со тоалети, со алки за влез кои ви ги ставаат, забрането е шетање на луѓе кои продаваат крофни/топки итн (ова е случај на сите други плажи), има дел за лежалки, и дел за сопствен чадор. Ние кога бевме дуваше силен ветер и немаше многу сонце, но и таква плажата е најавтентично и најубаво нешто на островот. Карши има еден помал остров, плиткото на плажава е до пола пат до островот. :D

1687696180736.png
1687696273028.png

Neptune's Grotto

Ова не е плажа, ама веројатно е уште еден must see како Ла Пелоса. Ова е сталактитна пештера откриена во 18 век, за неа се плаќа билет од 14 евра. Има два начина да стигнете, едниот е преку бродче (не знам колку е цена), другиот е преку Arst/Alghero Beach Bus, ние сакавме после неа да одиме на друга плажа да си искористиме денот, па затоа ни беше најдобра опција дневната карта од 8 евра на Alghero Beach Bus, а и термините ни одговараа. Преку Arst е 2.5евра автобуска карта по правец. За местово треба да направите бесплатна онлајн резервација за термин, а плаќањето е на лице место (на Ла Пелоса и плаќето е олајн). До местото имате сериозен број на скали, 15-20 минути отприлика е за сите да ги качете/симнете, за враќање скалите беа малку напорни, но издржливи. Не би сакал премногу слики да ви праќам, најубаво е да го доживеете со свои очи. Јас не сум фан на пештери и скептик бев, во стилот "дај некоја друга плажа да одиме какви пештери, скали",но ептен е автентично местово, несекојдневна појава, вреди да се види. Подалеку беше, некој саат и 15 минути пат со автобус.

1687696722905.png
1687696749374.png

****Храна****

Седнавме два пати во ресторан и освен некои ресторани во центарот каде што 25е им беа порциите, останатите други просечна порција паста или пизи беше околу 10, комбинирано со пивце(3-4 евра), плус задолжителна услуга што им плаќаш како бакшиш нешто, седнувањата во ресторанчиња беа околу 30 евра плус минус. Пиците и пастата беа убави, без замерка, но едно место ако треба да се пофали тоа е Al Vecchio Mulino (првата слика) што сосема случајно го откривме, барајќи како да излеземе од забутаните улички на главните за да јадеме некаде, цело е во камен (нормално дека стар град), како тунел е внатре, храната беше превкусна, амбиентот исто. Гелато (сладолед) им е по 2.8 - 3 евра за 2 топки.

1687697147521.png
1687696618713.png

За враќање бидејќи имавме 8 часа меѓу два лета чекање, седнавме и во Болоња на паста и пица и полоши беа споредбено со Алгеро (иако не беа лоши или невкусни да кажеш). Може само така се погодило за конкретниот ресторан.

****Заклучок****

Мал минус за целото место е што многу малку луѓе зборуваат англиски, ќе разбереш нешто на италијански што ќе кажат, па не е толку голем проблем. Ама добар дел од продавачи/келнери/возачи на бус и тоа зборувам се за млади луѓе (18-40 години) не зборуваат англиски, некои ќе ве разберат па на италијански ќе ви вратат, со некои со мимики и гестови ќе се разберете.

Тоа што не стигнав да го направам околу Алгеро беше да го посетам местата Порто Торес, Боса и Ис Арутас плажата. Мислам дека е предолг постов па да не ве гњавам со места и плажи околу Олбиа и Каљари кои се “одузимаш ми дах“, но секако кога во иднина здравје би одел на некое од тие 2 дестнации би напишал и за нив вака.

Се надевав дека добро ви го опишав местово, јас кога одев ми фалеше некој водич за tips and tricks ко ова со автобусиве и сам си ги дознавав информацииве од ден на ден, па ако некој оди во Алгеро драго ќе ми е ако му се најде нешто од пишаново, исто така може да ми пише тука или пп за што и да му треба поврзано со местово. Алгеро апсолутно вреди да се посети (а мислам дека и целиот остров). Ние воопштo не сретнавме Македонци, ниту пак било кој други Балканци, прав getaway е местово за исто толку пари колку што би дал некој за рендом грчко селце во сред сезона.
 
Последно уредено:
Сардинија е и позната по најстар облик на живеење у средоземје. Меѓу најстари острофски племиња или поточно племе Нураги. Тој ти е едно џинофско племе слично на библиски Нефили или грчки Киклопи, што живеало у време на феничани и изреалити.
Масовни гигантски гробнице и рудници од бронзено доба, големи и чудни, они су извор на сфакакфи митови и легенде за постојање на такозвани полубогови, џинови, над 3 метра. Цела Сардинија е пуна сс необјасниви џиновски гробнице, мегалолитски кругови и обсерваторие, чудни удлабнати пруге у карпе. Нема докази, нема објаснување.
Туризам тамо не е бш јака страна.Иако е мирно и привлечно место. Најпривлечно тамо е древан мистицизам, легенде и приказне.


Ps. Џејми Оливер вика дека Сардинија е едно од најубави потценети места у сфет. Земјоделие,аграрна култура, сточарстфо, тамо су најкфалитетни.
 
@FilipMKD007, јас бев таму на одмор 2019 година, лет Софија-Милано-Каљари. Од таму изнајмив кола и се качив горе во Алгеро. За градот имаш се напишано. Таму бев 3-4 вечери и ги посетив најдобрите плажи во околината (некои мислам беа оддалечени и до 1 саат пат во еден правец). Од таму продолжив на другата страна на островот, на исток према смарагдниот брег (Costa Smeralda), ама се сместив повеќе во внатрешноста заради поевтин смештај, пошто таму на коста смералда беше изгор скапо. Е таму е уствари убавината на Сардинија, да ги видиш Porto Cervo (пристаниште на милијардерите), Porto Rotondo (пристаниште на милионерите) и Baja Sardinia. Плус не за џабе се вика "смарагден брег", водата е друга димензија. И таму бев сместен 3-4 вечери, од смештај до погореспоменатите гратчиња имаше околу 20 минута вожња, а до плажите на тој дел не ми текнува, ама и таму ги посетив најдобрите плажи (тоа спрема google). Исто еден ден земавме и тура со брод, кој не однесе на неколку други островчиња, по диви плажи и заливи, од кои најголем впечаток ми остави La Maddalena, таму те оставаат неколку часа да прошеташ низ островот, да си купиш нешто, да јадеш, пиеш и тн.

Исто мора да спомнам дека таму го имам пиено едно од подобрите пива кои сум ги пробал во мојот живот, локално сардиниско пиво - Icnhusa (гледам и вие сте го пиеле). Поевтино за евро или две од другите пива, а најдобро :)

ichnusa-beer-33cl.jpg


Сума сумарум, препорачувам на секој кој се мисли каде да оди на одмор, ама исто така мислам дека треба да се земе rent a car со цел да се прошетаат и видат подобрите места и плажи, обавезно неколку дена на северо-запад, поточно во Алгеро и уште по обавезно неколку дена на североисток, да се видат Porto Cervo, Porto Rotondo, Baja Sardinia и околните најдобри плажи. Без да пробате Ichnusa да не се враќате, а издвоете и еден ден за тура до La Maddalena.


п.с еве едни слики од одморот што сум сликал за инста стори
 

Attachments

  • 1F82FFE5-2E40-4711-900E-0652E593B8C5.jpeg
    1F82FFE5-2E40-4711-900E-0652E593B8C5.jpeg
    247,6 KB · Прегледи: 19
  • 1EF4C022-AB87-4E4D-905D-47451CD6E709.jpeg
    1EF4C022-AB87-4E4D-905D-47451CD6E709.jpeg
    246,9 KB · Прегледи: 20
  • 27021AA8-C380-484E-839E-BAFFDFE8A14F.jpeg
    27021AA8-C380-484E-839E-BAFFDFE8A14F.jpeg
    325,2 KB · Прегледи: 20
  • 1960546A-515B-405C-BCEF-D98516401B49.jpeg
    1960546A-515B-405C-BCEF-D98516401B49.jpeg
    180,4 KB · Прегледи: 22
  • 5F0563BB-7B61-424D-B244-CCDAE4FE9944.jpeg
    5F0563BB-7B61-424D-B244-CCDAE4FE9944.jpeg
    189,3 KB · Прегледи: 22
  • 0A3C6E1D-E2E2-4C00-9369-51F565FF47A2.jpeg
    0A3C6E1D-E2E2-4C00-9369-51F565FF47A2.jpeg
    195,2 KB · Прегледи: 20
  • 4C6A8E9C-18DC-451D-B2E6-F64981505BD8.jpeg
    4C6A8E9C-18DC-451D-B2E6-F64981505BD8.jpeg
    198,6 KB · Прегледи: 18
  • 5897630D-0016-4375-843F-1B8BCD68B58D.jpeg
    5897630D-0016-4375-843F-1B8BCD68B58D.jpeg
    407,3 KB · Прегледи: 18
  • 215A67E3-0C96-4D6E-BC0B-2B1E2DF1113A.jpeg
    215A67E3-0C96-4D6E-BC0B-2B1E2DF1113A.jpeg
    276,5 KB · Прегледи: 18
  • EDA7D143-FE9C-4058-8843-4FA81F4DB214.jpeg
    EDA7D143-FE9C-4058-8843-4FA81F4DB214.jpeg
    169 KB · Прегледи: 17
  • 4B3F0BB0-CA70-4B99-AFB3-6ED27F5448DA.jpeg
    4B3F0BB0-CA70-4B99-AFB3-6ED27F5448DA.jpeg
    151,6 KB · Прегледи: 16
  • 72D47DFF-DA67-4305-8551-C6673EBC3991.jpeg
    72D47DFF-DA67-4305-8551-C6673EBC3991.jpeg
    343,7 KB · Прегледи: 16
  • AE4D2644-9334-420C-83A9-0E8417135F2D.jpeg
    AE4D2644-9334-420C-83A9-0E8417135F2D.jpeg
    438,9 KB · Прегледи: 15
  • BA780A5B-6FF3-45E1-96E5-84B706E15397.jpeg
    BA780A5B-6FF3-45E1-96E5-84B706E15397.jpeg
    484,5 KB · Прегледи: 15
  • 2A908F3B-D315-4763-A3A9-D69CCAA86DE6.jpeg
    2A908F3B-D315-4763-A3A9-D69CCAA86DE6.jpeg
    232,7 KB · Прегледи: 15
  • A841EE3B-430D-4F9F-A0DA-D96E4AA20C1C.jpeg
    A841EE3B-430D-4F9F-A0DA-D96E4AA20C1C.jpeg
    349,5 KB · Прегледи: 15
  • 40A15F7B-941F-434D-A11B-AF07CCF3276E.jpeg
    40A15F7B-941F-434D-A11B-AF07CCF3276E.jpeg
    227,1 KB · Прегледи: 15
  • A444CE17-51FC-49B8-BFCF-3E0B6FB8B56E.jpeg
    A444CE17-51FC-49B8-BFCF-3E0B6FB8B56E.jpeg
    581,1 KB · Прегледи: 14
Последно уредено:
И мене ми е во план да одам во Септември, на недела дена одприлика. Првично е планирано да ги посетиме плажите во регионот Баунеи, ама сеуште се мислиме дали да комбинираме со плажите што се наоѓаат јужно, кај Каљари.

Во секој случај, неделава треба да се организираме подетално и да купиме карти, така да темава е отворена во право време. :D
 
Времето инаку е многу заебано во сезона, дента е пекол жешко, таму прв пат во животот бев принуден да купувам и ставам шешир на глава, ми изгоре главата на една плажа кај што не можевме да најдеме лежалки, а навечер ај што жешко, па и е многу влажно, кога се враќавме навечер да ја земеме колата беше цела мокра со капки, буквално како претходно да истурило дожд…
Значи барајте апартмани со клима ако не сакате да го осетите десеттиот круг на пеколот на спиење…
 
Биг лајк за описот и одвоеното време (y)
Ја меркавме Сардинија за ова лето ама испадна друга дестинација. Наредно лето здрави живи одиме сигурно, а ако не перни во главата можи и овој Септември, што да не :)
Автоматски споено мислење:

Биг лајк за описот и одвоеното време (y)
Ја меркавме Сардинија за ова лето ама испадна друга дестинација. Наредно лето здрави живи одиме сигурно, а ако не перни во главата можи и овој Септември, што да не :)
 
@GavolRulz Феноменално е пивото, јас пробав и обично во шише, во шише со лимон, како и точено и сите ми беа одлични. Во тие табачи 24/7 автоматите на самопослужување цената е 1.5евро (можда има и поефтино во некој маркет, ама во тие што влегов немаше, така да ова е најефтино што имам сретнато), во тие продавнички со човек продавач во стариот град е 2евра, додека ако се седне е 3-6евра зависи каде се седне и колку милилитри (има од 0.2,0.3,0.4,0.5 и литро ипол во бокалче, литро ипол додуша 18 евра беше :D )

Јас искрено немав воопшто мака со топлото време во јуни, времето беше таман, само еден ден беше 38 степени, другите до 32-34, сигурно би изгорел човек без чадор/сенка, ама не било спарно да е мачно.. Имавме клима ама ја користевме само за да проветрееме воздухот ако цел ден не сме биле дома, бидејќи страв ни беше да отвараме многу прозор поради комарците, кои ги имаше (не премногу, ама се врткаа).

Иначе за малку ќе заборавев, во Алгеро врие од галеби (се надевам немаат некое друго име чудава) и тие си се како домаќини таму, во стилот си одат на сред улица, си патролираат, си се собираат на кранови (има многу градежни кранови) и си почнуваат во 5 сабајле песни да си пеат, првата вечер се будев пошто гракаа ко ненормални, после тоа се навикнав на нив и не се будев.

1687823308540.png1687824221674.png

@ManUtdChampions, @cholismo и сите останати што планирате да одите во иднина еве некоја моја анализа што си ја правев за плажи околу 3те градчиња околу кои има аеродром, оваа се секако мал дел од убавите плажи (секој нека дополнува), онака само кога барав за островот морав да си истражам убаво, за да се осигурам дека до сите 3 градчиња каде што има аерором уствари околу има супер плажи.

*Околу Каљари: Mari Pintau (источно), Tuerredda (западно), Su Giudeu (западно), Porto Giunco (источно)

*Околу Олбија (Олбија градчето може е најлошо од сите 3 за шарм, ама околу Олбија се најдобрите плажи): Porto Istana (јужно), Cala Il Cossi (западно накај Алгеро), Berchida (јужно), La Cinta (јужно), Lu Impostu (јужно), Cala Luna, Cala Fuili, Cala Goloritze (јужно сите, последниве 3 најдобро мислам со бротче, ако некој бил со кола нека сподели искуство), Rena Bianca (северно), Brandinchi (јужно)

*Околу Алгеро: Is Arutas (јужно), La Pelosa (северно, сите од првиот мој пост се северно да не ги пишувам сите), Cane Malu (јужно, мене ова ми делуваше многу интересно, ко она Giola на Тасос), Balai (северно)

П.с. Ова околу значи дека може и на 100км да е одалечена, саат - саат ипол возење, јбг ко Македонија е островот во површина, не е на купче стационирано се.

Еве ви плажи за одмор 14+ дена, секој ден на различна плажа да ви биде исполнет, па со смештај и превоз како најмногу ви одговара така :D
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom