Лажни пророци

  • Креатор на темата Креатор на темата alf
  • Време на започнување Време на започнување

alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.613
Поени од реакции
1.166
Во религијата, пророк е човек кој го сретнал натприродното или божественото и служи како посредник со луѓето.

Пророци постоеле во многу култури низ историјата, вклучувајќи ги религиите христијанство, јудаизам, пророкот Заратустра во Персија, пророчиштето Делфи во Стара Грција, потоа во исламот, и во многу други.
Традиционално, на пророците им се припишува улога на доносители на промените кои зависат од пораките што ги носат. Епитетот „пророк“ е субјективен, бидејќи оној што од едни се смета за пророк, од други може да се смета за лажен пророк. Кон крајот на XX век, епитетот „пророк“ се ставал на некој кој е успешен во анализата на економските ситуации, или на оние кои ги коментираат кризите во општеството.

Германскиот философ Фридрих Ниче, пророците ги нарекува „мелези на болестите и на волјата за власт“.

Извор

Еден цитат од библијата вика дека во последните времиња ќе се појават многу лажни пророци.

Според вас кој се тие лажни пророци?
 
...кои се вистински,па да знаеме дека овие другите се лажни?
...денешните духовни,социјални и економски експерти не се ништо помалку пророци од оние што ги знаеме од верските писанија :)
...е да,факторот "Бог и Божественото со него" ја прави разликата,нели?
...спрема мене,недозволива е комплетна посветеност и трошење на време,интелект и фокус за било кој од нив
...одбери ги најубавите плодови,изџвакај ги убаво и уживај во чувството на ситост до следната гозба :)
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: alf
...кои се вистински,па да знаеме дека овие другите се лажни?
Очекувањата се пресудни.
"Вистински" се оние кој се во исти правец на очекувањата , а со тоа сите други се лажни.
 
Сите пророци се лажни. Пророштво по дефиниција значи некакво претскажување за идни настани, а то по дифолт секогаш е лажно. Ако постојат вистински пророци, тоа значи дека иднината веќе се знае и тие имаат неков увид во неа, што значи немање на слободна волја. Ако иднината веќе се знае, луѓето се само статисти кои ги играат улогите веќе предодредени од некој садистички Бог.

Не дека постоењето на семоќен Бог не ја укинува можноста за слободна волја at the first place, ама ово со пророците е додатен доказ колку е религијата глупа и контрадикторна сама на себе.
 
Последно уредено:
Сите пророци се лажни.
За промена се согласувам . Историјата ја пишува победникот, а победникот си зема креативна слобода. Со губење на контекст, алегорија и референца, се губи изворното и произлегува пропаганда . Како македонци ова треба да ви биде особено јасно од постапките на одредени гниди.
Секој со две функцоонални мозочни ќелии може да предвиди некој настан за некој или во врска со нешто, додај ја умешноста на двосмислен говор, мистицизам и нејасни одговори и имаш по пропис пророк..
 
Сите пророци се лажни. Пророштво по дефиниција значи некакво претскажување за идни настани, а то по дифолт секогаш е лажно. Ако постојат вистински пророци, тоа значи дека иднината веќе се знае и тие имаат неков увид во неа, што значи немање на слободна волја. Ако иднината веќе се знае, луѓето се само статисти кои ги играат улогите веќе предодредени од некој садистички Бог.

Не дека постоењето на семоќен Бог не ја укинува можноста за слободна волја at the first place, ама ово со пророците е додатен доказ колку е религијата глупа и контрадикторна сама на себе.
Постојат повеќе низи или нивоа на духовна свест, колку различни духовни нивоа, толку различни одговори ќе има.
Сликовит приказ би бил ваков......
world-universe-space-spiral-galaxy-infinte-1268855-wallhere.com.png

Секој човек од поглед на својата духовна свест има свој свет.
Како еден песочен часовник , каде на едната страна е духовноста-небесата на другата телесното и тие меѓусебно растат т.с. се намалуваат.

Конкретно за пророците дефиницијата вика..пророк е човек кој го сретнал натприродното или божественото и служи како посредник со луѓето.

А од друга страна се вели..Телесниот човек не го прима она, што е од Божјиот Дух: за него тоа е безумство; и не може да го разбере, оти треба духовно да се испита.

Според ова, сега да се појави човек кој го сретнал натприродното и се постави како посредник со луѓето,многу малку или скоро никој не би прифатили ниту би го разбрал неговото посредување со што би бил класифициран како лажен пророк.

Но,ако некој би "посредувал" од ниво на кое повеќето луѓе се наоѓаат , нели од таа духовно/телесна спирала на расудување тој би добил следбеници/гласачи.
Всушност на луѓе кој се на ниска духовна свест им се дава телесна желба(подобар живот, работа за сите, субвенции и пари ,патишта) со еден збор се отсликува нивната идила за живот, барем она кое тие го разбираат што е тоа живот. Им се дава слика од иднината(им се претскажува) во која тие се гледаат,за возврат оној кој пророкува да ја придобие нивната вера.

Колку различни нивоа на духовна свест, толку различни нивоа на вераувања,а со тоа и многу пророци.
Едни кон телесното од кој произлегуваат разни политички партии,а други кон духовното од кој произлегуваат догмите и филозофиите.
Секој следи нешто, односно верува во тој политичар или во тој пророк.

Прашањето беше....во последните времиња ќе се појават многу лажни пророци. Кој се?
Ти одговори сите.
Значи според тебе сега се оние последни времиња?
 
Според вас кој се тие лажни пророци?

„Лажњаци„ има (пре)многу, напросто од кај чоек да почне...

Еве пар од нив:
- гатачи,
- бајачи,
- шарлатани,
- очигледно демоноопседнати ликови,
- идеолошки трчилажговци,
- основачи на „нови„ религии,
- водачи на секти,
- самоповикани месии,
- „видовити„ на кои „некој„ им се јавил во сон.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: alf
Мирољуб Петровиќ
Ендру Тејт
Џордан Питерсон
 
„Лажњаци„ има (пре)многу, напросто од кај чоек да почне...

Еве пар од нив:
- гатачи,
- бајачи,
- шарлатани,
- очигледно демоноопседнати ликови,
- идеолошки трчилажговци,
- основачи на „нови„ религии,
- водачи на секти,
- самоповикани месии,
- „видовити„ на кои „некој„ им се јавил во сон.
Добро.
Еве христијанството го чека пророкот во едно и судија на народот.
Како ќе го препознаете кога или ако дојде?
Како од овие сите особини на лажњаци ќе препознаеш вистински пророк?
 
За другите не знам, ама за христијанството..

Се водам од принципот дека не треба да се сфаќа буквалистички се како што е опишано во заветите туку како водич за општите начела во животот, да се живее убаво и скромно, да се помага и почитуваат останатите и сл., постите се како репер за тоа дека треба да внимаваме што внесуваме и не за џабе се тие правила за што треба и што не треба осмислени, се со цел подобро здравје на човекот.
 
За другите не знам, ама за христијанството..

Се водам од принципот дека не треба да се сфаќа буквалистички се како што е опишано во заветите туку како водич за општите начела во животот, да се живее убаво и скромно, да се помага и почитуваат останатите и сл., постите се како репер за тоа дека треба да внимаваме што внесуваме и не за џабе се тие правила за што треба и што не треба осмислени, се со цел подобро здравје на човекот.
Значи оние лажни пророци кој ќе се јават на крајот од времињата се некоја метафора?
Автоматски споено мислење:

@alf ..има ли разлика помеѓу пророк и видовит човек???
Незнам.Да го прашаме бог?
 

Kajgana Shop

Постови на неделата

Недела од 12 јули 2025

Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија
Многу изгубија Вмро, Мицковски и Тошковски со ова. 30 години политички партии, еден не се најде да им каже дека не можат да идат со глава во ѕид, и дека не идат лично против Арсовска, туку против функцијата градоначалник на Град Скопје. Толкави...
Фан Клуб: Вардар
убаво е да се знае, не сите комити го делат ставот на “комити“
не може мене никој да ми наметнуваат како да размислувам.

иститие тие пред неколку години во ерата на најуспешните години на вардар бараа вардар да се повардарел. се повардари, си...
Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија
тошковски постапува по судски налози. Конкретно за ова кај судот треба да ја бараш кривицата. Судот моментално не е под влада него ете е независен. ВМРО не смени ниеден судија кога дојде него тие што беа за време на СДС.

Аха, значи ако некој...

Недела од 5 јули 2025

Back
На врв Bottom