Има ли тивка војна меѓу Аеродром и град Скопје ?

  • Креатор на темата Креатор на темата Ireal
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
12 март 2009
Мислења
21.425
Поени од реакции
17.598
Локација
Skopje
https://a1on.mk/macedonia/opshtina-...a-lajka-da-pochne-da-ja-vrshi-svojata-rabota/

Во јавноста излезе предходно дека Аеродром нема да дава пари за Лајка, но сега се демантира. Но има критики, пред се кон Данела, колку од позиција на граѓаните колку од Партиска директива, не можам да кажам.
Но приметив заднава недела дека ПРОРЕТЧИЈА автобуси кон Аеродром, 5, 3, 3А, 3Б, 15, 15А и 35, т.е. кога од АВРМ ќе се качам на 57 и ќе се симнам на Рекорд, ќе поминат неколку 57, 24, 4, 50, 22, а ниту еден од тие за Аеродром. Дури вчера се качив на 22 и се симнав кај Џамбо, ама абер немаше ни од 15А или 35... Да не зборувам дека сега државна 23 оди на 1 сат..
Вчера по долго чекање кај Џамбо дојдоа 2 залепени 5 и една 15, ама сите веднаш се наполнија, многу народ чекаше долгу време..
 
Точно, автобусите навистина се проретчени, ем затоа што нема доволно исправни автобуси, ем затоа што ЈСП се нафати да ги покрива линиите од приватните превозници, а нема автобуси ниту за своите линии.
 
За ова постигнат е договор, кај и да е приватниве ќе се вратат. Инат тераа Ленин/Арсовска, ама тргнат е нели, нов човек ставија како координатор. ЈСП и Данела свесни се дека ова не можат да го издржат, без приватните е хаос.
 
Јас се возам накај Дром често со 7-ца и не сум приметил да е проретчена
 
па откако ги укина градоначалничката прифатниците, нормално е да се проретчат линиите. 100+ автобуси не се менат лесно. Тоа проретчување најверојатно ќе биде и појако, со оглед на тоа што машините работат многу повеќе и има тон повеќе амортизација.
 
Абе си мил ти ајродром
5ка и 23ка не ни беа редовни реално.
22ката и 2ката се КАСТРИРАНИ во споредба со претходно.
Тоа е оти нели 19ка и шутка мора да ги опслужуваат...
 
https://a1on.mk/macedonia/opshtina-...a-lajka-da-pochne-da-ja-vrshi-svojata-rabota/

Во јавноста излезе предходно дека Аеродром нема да дава пари за Лајка, но сега се демантира. Но има критики, пред се кон Данела, колку од позиција на граѓаните колку од Партиска директива, не можам да кажам.
Но приметив заднава недела дека ПРОРЕТЧИЈА автобуси кон Аеродром, 5, 3, 3А, 3Б, 15, 15А и 35, т.е. кога од АВРМ ќе се качам на 57 и ќе се симнам на Рекорд, ќе поминат неколку 57, 24, 4, 50, 22, а ниту еден од тие за Аеродром. Дури вчера се качив на 22 и се симнав кај Џамбо, ама абер немаше ни од 15А или 35... Да не зборувам дека сега државна 23 оди на 1 сат..
Вчера по долго чекање кај Џамбо дојдоа 2 залепени 5 и една 15, ама сите веднаш се наполнија, многу народ чекаше долгу време..
ДПНЕ многу брзо заборави дека задникот го даде под кирија кај Бранко за да го добие градоначалничкото место таму на последните локални избори па лесно може да се случи Бранко повторно да ги бутне кога сака.
 
Абе си мил ти ајродром
5ка и 23ка не ни беа редовни реално.
22ката и 2ката се КАСТРИРАНИ во споредба со претходно.
Тоа е оти нели 19ка и шутка мора да ги опслужуваат...
Потврдувам за 2ка. На ЈСП страницата врска си нема возниот ред со реалноста и најтрагично е што никој ништо не презема барем возниот ред на страницата да се промени за да не чекаме како будали на станиците.
По се изгледа гратски точак или ел.тротинет е совршено решение за брз транспорт во Скопје.
 
Да, има тивка војна.
Тимчо сега, кај да е, ќе ги тргне општинските табли Северна и со бројните ВМРО советници ќе го изгласаат за општинско знаме македонското знаме од Кутлеш, како во Лозово.
Е толкаво мажиште е Тимчо и тие војводите мустаќлии окулу него.
Тоа што се слика кај ќе стигне со западни глобалисти нема везе, тактика е тоа само.
 
Во однос на порано (пред година - две и повеќе), и јас имам забележано дека се намалени автобусите од/кон Аеродром. Дополнително, не знам за останатите делови од градот, ама во Аеродром, дисплеите за кога доаѓа автобус не покажуваат точни информации, за разлика од порано кога се знаеше дека ако покажува дека некој автобус ќе дојде за пет минути, за пет минути и ќе дојде.
 
7-мица е дефинитивно намалена во споредба со порано. Но, тоа мислам дека беше така и пред штрајкот на приватниве. А ја заприметив дека апликацијата почна да покажува грешни информации од некаде ноември.
 
Мене не ми се верува како е можно да посерат нешто што супер си функционираше порано (дисплеите), уште од 2014-15 година, кога и да се поставија...
 
Добра беше апликацијата пред да забега кон крајот на 2022.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom