Често купувам облека во...

  • Креатор на темата Креатор на темата MARCELLO
  • Време на започнување Време на започнување
Последни два пара кондури од кој едниот повеќе е патика од што е кондура ги купив во Peko. За кондури и патики одвај наоѓам број.
 
80% од облеката ми е од Зара.
Спортска опрема обично од Интерспорт- најголем избор имаат.
 
Зара, исто и во H&M има добри ствари, ама Зара е ко измислено за мене.
 
Sport Vision, Intersport ако сакам кежуал
Scout, outdoors имаат добри јакни, офроуд
Waikiki исто маички зелени, карговци итн
 
Waikiki последно купив јакна и две фармерки на попуст беа тогаш. Така да за некоја цена скромна се наоѓа таму убави работи.
 
Царска работа е Ваикики, за ефтино све се наоѓа. Скоро се дотерав од глава до пети за 2300 денари, па можеш да си комбинираш и бираш што сакаш, не те замараат продавачки.
 
Царска работа е Ваикики, за ефтино све се наоѓа. Скоро се дотерав од глава до пети за 2300 денари, па можеш да си комбинираш и бираш што сакаш, не те замараат продавачки.
Во такви продавници по трговскиве молови никој не те замара. Единствено ако не најдеш број или не ти се допаѓа бојата па да ја замараш ти продавачката.

Мене 99 % ми е Waikiki облеката, малку облека имам а супер за дотерување и секој ден носење.

Заборавив да пишам си купив и две џемери. Џемпери обожавам да носам за во есен и зима.
 
Имаа едно време многу добри панталони кои за жал не ги носат повеќе, по удобно нешто немам носено.
 
Здраво другари.. дали знаете од каде можам да купам квалитетна ролка.. Веќе неколку имам од зара и сите се доста неквалитетни (се прават упки после две перења. Се мислам да земам од massimo dutti, но и тие се inditex.
 
Јас последно време највеќе пазарувам reserved, mohito и zara. Секојдневна облека. И тоа обично гледам кога има некои акции, пазарувам наеднаш. Повеќе пари давам на чанти, чевли/чизми/патики и козметика, евентуално капут/јакна.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom