Филмски Guilty Pleasures

  • Креатор на темата Креатор на темата Scirea
  • Време на започнување Време на започнување

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.843
Поени од реакции
89.554
Не најдов друга ваква тема, ако има споете ја. Насловот доволно кажува се, колку понекогаш да се правиме големи филмомани, и правиме рецензии ала Џин Сискел и Роџер Иберт, сепак секој од нас си има свој guilty pleasure филм. Што подразбираме под тоа "guilty pleasure филм"? Најчесто се мисли на некое филмско дело кое е преплавено со негативни коментари, рецензии, лоши оценки и никој ама апсолутно никој не би ти го препорачал да го гледаш, ама некако ти му даваш thumbs up и ти влага под кожа. Го даваат на телевизија и секој пат го гледаш, или знаеш одвреме навреме скришно да го пуштиш, ама да не знаат другите, дека нормално ќе го јадеш и ќе те направат од гомно подоле. Филмот може да е блокбастер, може да е Б филм, може да е сниман и со компир, се додека пошироката јавност (читај: твоите лични познаници) имаат негативно мислење, а тебе ти се допаѓа, тогаш влегуваш во онаа guilty pleasure фаза.

Тука во оваа тема може да ги кажеме "нашите гревови", пожелно е да се направи и кратка рецензија како и зошто би ни се допаѓал тој филм. Еве јас ќе почнам прв, ќе дадам неколку филма кои ми имаат влезено под кожа.


Batman Forever (1995)
51V0HRD00TL._AC_SY580_.jpg


Ако првите два филма на Тим Бартон се сметаат за класика, а последниот на Шумахер со Џорџ Клуни е катастрофално филмско ремек дело, тогаш оваа верзија истотака на Шумахер се смета некако за црна овца во серијалот. Али јас лично овој филм можам да го гледам било кога и било каде. Хемијата меѓу Џим Кери и Томи ли Џонс е одлична (позади камерата очигледно не), а Вал Килмер е доста солиден како Бетмен... си има филмот свои cringe моменти, али се на се мислам дека не го заслужува хејтот што го добива.



ZARDOZ (1974)
zardoz+pb.jpg



Знаевте дека ќе го спомнам овој филм :icon_mrgr:. И до ден денес не сум сретнал човек кој го има видено филмов, и не пробал барем малце да му ја сфати суштината што сака да ја каже... искрено и јас сеуште ја барам суштината, али има време ќе ја најдам. Дејството се случува во иднината после голема катаклизма, каде народот е подолен на смртници и безсмртници... Шон Конери е истребувач кој е задолжен да ја држи популацијата на смртниците во ред, али по некоја чудна случајност ќе се најде во територијата на бесмртните кои поседуваат супермоќи, и полека ќе почне да ги открива нивните тајни. Познато е дека Конери ја одбил улогата на Џејмс Бонд (Роџер Мур ја наследува) за да го направи овој филм. Сметам дека филмот имал потенцијал, али е премногу лошо изведен и го добиваме тоа што го добиваме. Стајлингот на Шон ќе ве остави без зборови...



X-Men - The Last Stand (2006)
412vD6a2YQL._AC_SY780_.jpg



Ова е од времето кога сеуште гледав суперхеројски филмови... потоа се деси нешто и пораснав :icon_lol:. Шала на страна, и овој е сметан за црна овца во трилогијата, али не гледам зошто би бил. ОК, не е добар како предходните два од 2000 и 2003, ама е прилично солиден за тоа како треба да заврши една трилогија (потоа дојдоа и другите непотребни делови) Џин умира, професор Х умира, Вулверин и Сторм преживуваат и го превземаат училиштето за надарени деца. ОК филм е, тоа е тоа.



Braindead (1992)
MV5BMGUxM2E0ZDctMWEwYS00ODY5LWFmNWMtOWNiMmM1OTg5MWIzXkEyXkFqcGdeQXVyNDI3NjU1NzQ@._V1_.jpg



Филм што не е за секого, редовно одбиваат да го гледаат ради ефектите, ама ради и чудниот хумор. Еден од раните дела на Питер Џексон, јас сметам дека филмов е класика, а чудниот хумор е прикажан како во анимираните филмови од 40те и 50те, затоа кога тоа ќе се стави во Хорор филм, не секој може да го свари тоа (или не се ни обидува да го свари). Крвав, гаден, контроверзен, ама истотака и забавен, ако го гледате од друг агол. Thumbs up (y)



Сега за сега се тие, ако ми текне на уште некој ќе допишам...Сега вас ви е редот :)
 
Последно уредено:
Escape From L.A. (1996)

Како дете филмов го даваа секоја недела по телевизиве. Мислев дека е некој иконски филм и како да не биде со Курт Расел во години кога сеуште беше мадафака, плус некој вајб на некоја стара игрица на PS1, акциска авантура во sci-fi стил. Курт дали сто збора кажува цел филм, ама не он тука да паламуди туку да биде мадафака.
Годинава го фаќам пак на тв и викам дај да видам колку има рејтинг на imdb и ме разочара вкусот на жителите на планетата Земја, 5.7 за ова ремек дело.


Volcano (1997)

За овој знаев дека е глуп, толку лоши ефекти ниеден филм во историјата немал. Ама вулкан, преживување и Томи Ли Џонс како наредува на цел град во стил на Коце и Груевски заедно, те купува одма. Ај ти ваму ај ти таму ај ти тоа, нема човекот е прав македонец, во све се разбира.


Deep Impact (1998)

Зошто бе филмов не им се допаѓа на огромен број? Подобар филм со астероид нема и нема ни да има. Армагедон е гола вода за овој. Еј од еден астероид правиш два и за прв пат гледаш како еден астероид мава на планетата земја. Па во 90ти немало по нашиве телевизии документарци за тоа, туку ако сакаш да знаеш како изгледа кога астериоид мава во планетата го гледаш филмов (иако ништо нема да те научи). И за крај кога сите мислат дека е готово одредени луѓе прават the ultimate sаcriface за да не биде се така црно пред малите екрани.
 
Not Another Teen Movie

Филмот што најверојатно го имам најмногу пати гледано. Пародија на сите тинејџ ромкоми од 90ти. Нема да ви има смисла ако не сте ги гледале филмовите кои ги исмева.

The Scorpion King

Сакам вакви филмови. Мозок на пасење, логика и физички закони во аут, малце фантастика, малце историско време, малку епика, многу тепање, добриот победува.

Серијал Американски Нинџа

Мајкл Дудиков. Не се дишеше на неговите филмови. Денес такви финти не проаѓаат ни во Боливуд. Не сум ги гледал одамна, ама би ги гледал пак.

Ран Џеки Чен

Строго карате и боречки вештини. Ужасно лоша кинеска продукција со катастрофална синхронизација на англиски. Устите им се движат ама звук нема, па после обратно усните им се затворени, а зборат. Нешто како денешниве турски серии. Ама ако.

Ван Дамови Филмови

Прв гледан Double Impact, на македонски преведен Освета на Близнаците. После тоа гледано и останати. Им ги крши кичмите на сите, другото небитно.

Double Impact

Серијал Полициска Академија

За некои глуп хумор. За мене баш уживање. Без ралика кој дел од серијалот, а повеќето се со ниски оценки. Си насмеан, расположен и убаво се кезиш. Што друго ти треба?
 
Добар дел од филмовите со Сталоне и Шварценегер, веројатно носталгија од бескрајното емитување по нашите ТВ...

D-Tox (2002)
End of Days (1999)
Collateral Damage (2002)
Four Brothers (2005)
The Waterboy (1998)
Cobra (1987)
Over the Top (1986)
The Golden Child (1986)
The Distinguished Gentleman (1992)
 
Knowing со Nicolas Cage.
Ми беше омилен филм некое време. Го немам регистрирано на летер, пред некој ден отварам да видам каква оценка има - 2,6, се фрапирав.
 
Daylight со Сталоне.
Може преку 10 пати го имам гледано. Не знам оти, можда е ради него, си ги сакам неговите филмови.
 
немам гилти плежр, ако некој филм не им се свиѓа на други, тоа е само нивна преференца, не моја па ја да се срамам што го сакам тој филм.
 
Ballistic: Ecks vs. Sever

Една златна ДВД-тека во Порта Влае увек го имаше филмов на секој можен рафт. Само у порничи не беше. Апсолутно ништо друго не е освен една очајна акција. Who gives a fuck што Антонио Бандерас е у филмов кога е присутна Луси Лиу ака Алекс од Чарлиевите Ангели. :love: Сигурно преку 20 пати го имам гледано, памтам вработената таму ми кажа еднаш дека филмов скоро секоја недела е кај мене. После поминаа неколку години и скроз заборавив на филмов и тоа како се вика. Ако не се лажам прашував у темата за Барам еден филм. Споредено со денешниве акции е комедија.

Freddy Got Fingered

Уште еден филм од деновите кога се изнајмуваа филмови. Интересна е причата што филмов кај мене заврши затоа што некој го спакувал цедето у погрешна опаковка, а тие не го ни провериле. Требаше да биде American Pie ама завршив со овој. Х од хумор веројатно нема и е ретардирано сценарио. Освен глупирање ништо друго нема. Ама ете, ми останал во сеќавање и неколку пати го репризирав. Не знам зошто ама интересен ми е.

The Scorpion King

Веројатно првиот филм со ужасниот "глумец" Двејн Џонсон. Изглеа сум се палел на азијатки тоа време затоа што го гледав само и само ради Кели Ху. Фак, ќе го гледам деновиве пак.

Grind

Филм од "скејтерските" денови во основно. 4ца будали се палат на еден нивен идол и го следат на турнеја у обид да добијат спонзорство. У клас бевме 3ца и знаевме исто толку трикови и мислевме дека ќе бидеме некои си фаци што ја претставуваат Македонија. Целиот тој надеж што сме го имале е поголем хумор од филмов. Го изнајмивме 2 пати и после почнавме со режење цедиња па го "украдовме". Сигурно преку 20 пати е гледан.


Air Bud и Beethoven

Ќе ги ставам филмовиве во едно. Глупи филмови, ама онака ептен. Интересни ми беа затоа што ми беа меѓу првите филмови со кучиња. Од една страна ретривер што игра баскет од друга една мрза од раса што и ден денес ја викам Бетовен раса. Ми беа интересни во тоа време и сум ги гледал 2-3 пати во годината сигурно. Страв ми е сега да ги репризирам да не ми се уништат убавите спомени.


И за крај ќе спомнам еден филм што веројатно не му е местото тука, ама бидејќи го иам глеано безброј пати ќе го вметнам во листава - K-Pax. Првпат гледан на касета во 2002 на викендица кај братучед у Катланово. Секое идење филмов ме дочекуваше, па на крај му ја украдов касетата. Ден денес е кај мене. Иде на реприза деновиве исто.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom