"Фајде'' од суплементи...

  • Креатор на темата Креатор на темата Coca Cola
  • Време на започнување Време на започнување

Coca Cola

Пашламарка
Член од
4 јануари 2009
Мислења
1.083
Поени од реакции
1.908
Ај вака, не сакав да засерам некоја постоечка тема. Поентата ми е да споделам мое подолгогодишно искуство со суплементиве и цела фама околу суплементацијата. Баш се смеев пред некој ден со тетин ми, постар лик, абе вика дечки порано идевме до аптека кога стварно си болен, можеби 3-4 пати годишно преку сила и тоа било тоа. Сега се клукаме со све и свашта, ни се знае што се пие ни ништо, читаме разноразни мислења од форуми, редити и ривјуа, лесно паѓаме на некое си ултра воутнато популарно мислење дека некој си суплемент ептен помогнал во нешто па летаме, сакаме да поправиме нешто нерасипано итд.

Ќе гледам да сум краток и концизен.
Почнав со суплементи пред скоро 6 години, погоден од некој си полу наивен проблем кој го имав со моџото, меѓу кои и опседнатост со здравје и страв околу здравје како голема гранка која ми го уништува(ше) секојдневието.

Секој суплемент ке го излинкам за да знаете точно што сум користел низ времето, колку што може да ми текне во моментов.

Да не тупам, најјак момент ми беше на времето магнезиум глицинат. Тогаш го имаше на iherb. Нашиве магнезиуми тука не чинеле, па ајде таков. Леле човече кој момент. Ко да си лапнал некое бензо, уживанција, летање. Е, поминаа неколку месеци, почнаа бодежи, негативни мисли, помина хајпот. Едноставно се чудиш од што е. По некое време наоѓаш мислење дека има и други како тебе што паднале на некое си ''спектакуларно'' мислење што го нашле на нет или некој ти ја подул главата со многу информации, можеби и без задни намери. Линк 1, Линк 2.

После тоа имаше момент кај нова верзија на цинк, наречен цинк пиколинат. Беше фама со цинковите ради короната нели, па овој кај нас модел не ни постои сеуште, актуелен си е цинк оксидот што си се користи насекаде, ама не, не чинел тој, овој е супер. Имаше дури и на форумов ако не се лажам моменти каде што имаше као табели дека цинк оксидот влегува во серум (крв) после неколку часа од 10тина посто - спрема пиколинатов повеќе од 80 посто. И се тоа супер. За после тоа да излезе дека фактички цела фрка е дека иако пиколинатов ти е во крвта, не влегува таму каде што треба туку го мочаш по некое време. И оксидов (што патем се користи со години и како суплемент кај луѓе па дури и активно и кај живина) излезе супериорен. Уште една лага. Линк 1.

Потоа дојде момент за L-Theanine. Супер суплемент за анксиозност, лекува и најлоши форми на лоши мисли, дрхтање од кафе, ти прави страшен муд, неотропик, абе чудо невидено и дар за човештвото. Дали? Не, ебаго. Пиеш суплементов, тераш, по некое време осеќаш лупетарење у срце и гушење од прерипување и аритмија. Си викаш шо е сега ова. Завршуваш у итна помош, ајде тераш дома, пиеш уште едно апче, до вечерта не знаеш каде се наоѓаш. И си вртиш низ нет онака испаничен дома, кога ги наоѓаш следниве работи. Линк 1, Линк 2, Линк 3, Линк 4. Фрлаш суплементот, се осеќаш ко том кога е донки на истоимениот цртан. Идемо даље.

NAC. Супер суплемент, сејф, користен од болниците за детокс од труење од парацетамол, супер за џигерот, ствара глутатион у телото. Нема промашај. Ајде да го пробаме, да зачистиме малце тоа замастениот џигер што се тегне со години, па и згора на се давал фил гуд - муд, има статии дека прави да си стабилен. Океј ајде да се проба. После две недели по едно апченце на ден, наеднаш осеќај на страшни бодежи во предел на срце. Нема шанси да поврзеш дека би можело да е од суплементот. Ајде пак кардиолози, проверки, горе-доле се таман. И наоѓаш дека пак си извисен и не си сам. Линк 1, Линк 2, Линк 3.

Ќе прекинам тука. Се имам изгорено и со други работи, скоро со се и сешто што имам пробано чисто ради хипохондрикот во мене. Да речеме дека сум сакал да водам хигиена околу здравјето, да му помогнам на телото и да бидам поздрав, ете си минат годините. Доста од суплеметите ми дале нагони на повраќање, Е витамини - па излегува дека предизвикувале рак, Aged лукови кои ти го снижуваат притисокот превише и така натаму.

Не сакам да изигравам жртва, или да кажувам дека тие што си водат сметка околу здравјето пиејќи суплементи грешат.
Но има еден момент а тоа е дека очигледно мозоците ни се испрани дека мораме да пиеме нешто за фиктивно да се осеќаме посигурни, а нашите предци меѓу кои и нашиве родители или дедовци никад не се замарале со креатин или со глутатион. А очигледно самите суплементи НЕ СЕ ДОВОЛНО ИСПИТАНИ И НИЕ СМЕ - сакале се сложите со мене или не - ЗАМОРЧИЊА.

И уште еден многу битен момент. Магнезиумот и бе шесот шо го има у аптеки е топ. Немој да се ветреете и да купувате активни форми.Се е лага и може само да ви направи да имате необјасниви сајд ефекти. И ц витаминот си е ц витамин ( акорбинска) кој се користи многу години. Не ви треба никаква друга форма.
 
Па ваљда пред да почнеш да земаш, читаш и за сајд ефекти и читаш повеќе за конкретниот производ што го купуваш. И не ги земаш за да го лечиш хипохондрикот во себе на своја рака, туку да решиш некој проблем во консултација со некој постручен од тебе.
 
А очигледно самите суплементи НЕ СЕ ДОВОЛНО ИСПИТАНИ И НИЕ СМЕ - сакале се сложите со мене или не - ЗАМОРЧИЊА.
... суплементите не се „испитуваат“ како што се испитуваат лековите т.е. поминуваат експериментални предклинички и клинички фази додека се пушта во производство и примена кај пациентите, суплементите се регистрирани како „ Додаток на исхрана“, а поминуваат само по една општа контрола од земање мустра од Агенција за храна и ветеринарство, читајќи го даденото упатство и содржината. Никој нема искуство од можните последици, затоа што не се третирани како лекови, па да поминат клинички контроли кај доброволци кој ќе ги применуваат извесен период, со самата примена се согледува дали производот има повеже несакано дејство одколку корисно и се остранува како суплемент кои е штетен по здравје на човекот и толку, ако го сметаш тоа како „заморчиња“ би рекла не си далеку од вистината!

пример:

„... според законските процедури, при пристигнување на пратката на граничниот премин, граничните инспектори земаат мостра од секој примерок, производите се декларирани како додатоци за исхрана и, според Законот за безбедност на храна, секој производ мора на амбалажата да има декларација и состав на производот.
Секоја фирма што произведува и продава храна и додатоци на храна мора да биде заведена во Регистарот на Агенцијата за храна и ветеринарство. При добивање мислење за производ, операторот приложува анализа на готов производ, како и производна спецификација од производителот заверена со печат и потпис дека ги содржи само состојките што се наведени во декларацијата“,

...Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) првпат открила сибутрамин во суплементите на „Слимлајн“ во 2011 година откако тројца вработени во компанијата што ги консумирале суплементите почувствувале здравствени тешкотии. Тие ги испитале примероците, а анализите потврдиле присуство на сибутрамин, состојка која е забранета во САД, ЕУ и во Македонија поради штетата што ја предизвикува по здравјето на луѓето.

Вработените ја информирале Агенцијата за храна и ветеринарство и ја тужеле компанијата „Слимлајн“ за производство и пуштање во промет на небезбедни производи. Сопствениците Ѓоре и Марија Костовски биле осудени на алтернативна мерка притвор од три месеци, со услов дека нема да ја одлежат казната доколку не сторат ново кривично дело. Компанијата „Слимлајн интернационал“ доби парична казна од 100 000 денари.

Десет години откако Агенцијата за храна и ветеринарство утврдила дека дел од суплементите на „Слимлајн“ содржат сибутрамин не сторила ништо за да ја спречи нивната продажба или да ги засили контролите за увоз на спорните суплементи. Тие продолжиле да се водат по Правилникот за додатоци на исхрана кој не предвидува тестирања на скриени супстанции што производителите не ги наведуваат во декларациите.

Секој производ, храна и додаток на исхрана, мора на своето означување да содржи состав. Во случај во составот на производот да не е наведена супстанцата Сибутрамин, таа ниту треба да се испитува ниту е дозволено да ја има“, вели Агенцијата за храна и ветеринарство.

Во 2018 година до АХВ повторно стигнала пријава од ракометарот Горан Кузмановски, кој паднал на допинг-тест поради лажниот состав на суплементот на „Слимлајн“.Тогаш од Агенцијата издале решение со кое ја задолжуваат компанијата „Слимлајн“ на задолжителна анализа на сибутрамин при увоз на суплементите.

Сопствениците на „Слимлајн“ успешно ги изманипулирале законските слабости. Во 2019 година го смениле називот на компанијата „Слимлајн интернационал“ во „СЛЦ груп“. А, оваа промена од АХВ ја третирале како да станува збор за две различни фирми, па затоа фирмата „СЛЦ груп“ не била должна да постапува по решенијата што ѝ биле издадени пред да го промени називот и слободно продолжила да ги увезува суплементите без да докаже дали содржат сибутрамин.

Во септември 2021 година од Регистарот на АХВ била избришана фирмата „Слимлајн интернационал“ бидејќи не вршела дејност подолго од шест месеци и поради утврдените неправилности во нејзиното работење. За по два месеци, во ноември 2021, во Регистарот да влезе „СЛЦ груп“, истата фирма со променет назив.

Од Царинската управа одговорија дека компанијата од 2019 до 2021 година продолжила слободно да увезува суплементи и чаеви со дозвола од Агенцијата за храна и ветеринарство. Иако во овој вакуум-период „СЛЦ груп“ не била во Регистарот. АХВ не објасни кој дозволил да влезат во земјава 11 пратки со детокс-чаеви и инстант-кафиња и една пратка со суплементи од Кина...“
„...земањето витамин Д со диуретици може да резултира со прекумерни количини на калциум во телото што може да предизвика проблеми со бубрезите...“
“... земањето рибино масло со билки кои го забавуваат згрутчувањето на крвта може да доведе до крварење или комбинација со аспирин или ибупрофен...“
 
Последно уредено:
Ај вака, не сакав да засерам некоја постоечка тема. Поентата ми е да споделам мое подолгогодишно искуство со суплементиве и цела фама околу суплементацијата. Баш се смеев пред некој ден со тетин ми, постар лик, абе вика дечки порано идевме до аптека кога стварно си болен, можеби 3-4 пати годишно преку сила и тоа било тоа. Сега се клукаме со све и свашта, ни се знае што се пие ни ништо, читаме разноразни мислења од форуми, редити и ривјуа, лесно паѓаме на некое си ултра воутнато популарно мислење дека некој си суплемент ептен помогнал во нешто па летаме, сакаме да поправиме нешто нерасипано итд.

Ќе гледам да сум краток и концизен.
Почнав со суплементи пред скоро 6 години, погоден од некој си полу наивен проблем кој го имав со моџото, меѓу кои и опседнатост со здравје и страв околу здравје како голема гранка која ми го уништува(ше) секојдневието.

Секој суплемент ке го излинкам за да знаете точно што сум користел низ времето, колку што може да ми текне во моментов.

Да не тупам, најјак момент ми беше на времето магнезиум глицинат. Тогаш го имаше на iherb. Нашиве магнезиуми тука не чинеле, па ајде таков. Леле човече кој момент. Ко да си лапнал некое бензо, уживанција, летање. Е, поминаа неколку месеци, почнаа бодежи, негативни мисли, помина хајпот. Едноставно се чудиш од што е. По некое време наоѓаш мислење дека има и други како тебе што паднале на некое си ''спектакуларно'' мислење што го нашле на нет или некој ти ја подул главата со многу информации, можеби и без задни намери. Линк 1, Линк 2.

После тоа имаше момент кај нова верзија на цинк, наречен цинк пиколинат. Беше фама со цинковите ради короната нели, па овој кај нас модел не ни постои сеуште, актуелен си е цинк оксидот што си се користи насекаде, ама не, не чинел тој, овој е супер. Имаше дури и на форумов ако не се лажам моменти каде што имаше као табели дека цинк оксидот влегува во серум (крв) после неколку часа од 10тина посто - спрема пиколинатов повеќе од 80 посто. И се тоа супер. За после тоа да излезе дека фактички цела фрка е дека иако пиколинатов ти е во крвта, не влегува таму каде што треба туку го мочаш по некое време. И оксидов (што патем се користи со години и како суплемент кај луѓе па дури и активно и кај живина) излезе супериорен. Уште една лага. Линк 1.

Потоа дојде момент за L-Theanine. Супер суплемент за анксиозност, лекува и најлоши форми на лоши мисли, дрхтање од кафе, ти прави страшен муд, неотропик, абе чудо невидено и дар за човештвото. Дали? Не, ебаго. Пиеш суплементов, тераш, по некое време осеќаш лупетарење у срце и гушење од прерипување и аритмија. Си викаш шо е сега ова. Завршуваш у итна помош, ајде тераш дома, пиеш уште едно апче, до вечерта не знаеш каде се наоѓаш. И си вртиш низ нет онака испаничен дома, кога ги наоѓаш следниве работи. Линк 1, Линк 2, Линк 3, Линк 4. Фрлаш суплементот, се осеќаш ко том кога е донки на истоимениот цртан. Идемо даље.

NAC. Супер суплемент, сејф, користен од болниците за детокс од труење од парацетамол, супер за џигерот, ствара глутатион у телото. Нема промашај. Ајде да го пробаме, да зачистиме малце тоа замастениот џигер што се тегне со години, па и згора на се давал фил гуд - муд, има статии дека прави да си стабилен. Океј ајде да се проба. После две недели по едно апченце на ден, наеднаш осеќај на страшни бодежи во предел на срце. Нема шанси да поврзеш дека би можело да е од суплементот. Ајде пак кардиолози, проверки, горе-доле се таман. И наоѓаш дека пак си извисен и не си сам. Линк 1, Линк 2, Линк 3.

Ќе прекинам тука. Се имам изгорено и со други работи, скоро со се и сешто што имам пробано чисто ради хипохондрикот во мене. Да речеме дека сум сакал да водам хигиена околу здравјето, да му помогнам на телото и да бидам поздрав, ете си минат годините. Доста од суплеметите ми дале нагони на повраќање, Е витамини - па излегува дека предизвикувале рак, Aged лукови кои ти го снижуваат притисокот превише и така натаму.

Не сакам да изигравам жртва, или да кажувам дека тие што си водат сметка околу здравјето пиејќи суплементи грешат.
Но има еден момент а тоа е дека очигледно мозоците ни се испрани дека мораме да пиеме нешто за фиктивно да се осеќаме посигурни, а нашите предци меѓу кои и нашиве родители или дедовци никад не се замарале со креатин или со глутатион. А очигледно самите суплементи НЕ СЕ ДОВОЛНО ИСПИТАНИ И НИЕ СМЕ - сакале се сложите со мене или не - ЗАМОРЧИЊА.

И уште еден многу битен момент. Магнезиумот и бе шесот шо го има у аптеки е топ. Немој да се ветреете и да купувате активни форми.Се е лага и може само да ви направи да имате необјасниви сајд ефекти. И ц витаминот си е ц витамин ( акорбинска) кој се користи многу години. Не ви треба никаква друга форма.
Знаеш како велат старите,некогаш лекот чини 5 пари.За само 35 динари си можел да купиш билет од градски за автобус број 21 и се симињаш на пред последна станица.Уствари уште не ти е касно,како што ти пишав претходно симни се на пред последна и право низ капијата.Нити ке се потиш ноќе,нити кога ке пуштиш вода од вц школка ке бегаш да не те ушмука заедно со водата.Цел ден ке се смееш а ноќе како бебе ке спиеш
 
Последно уредено:
Hipohondrijata e barem zabavna.
Zamisli da si imala rak?

Cekaj cekaj cekaj mnogu e sugestivno i rizicno, NEMAS rak, ne guglaj odma!

Hipohondrijata e barem zabavna.
Zamisli da si bila nimfomanka?

Toa e ustvari poveke zabavno pa nema bas smisla.

Hipohondrijata e barem zabavna.
Zamisli si bila zavisna od marihuana?

Ova ustvari moze da ti pomogne za glavata a i ne e vsusnost zavisna.

There.

Ta.
 
све е тоа snake oil, освен работи кои докажано работат, не вреди човек да се замара за друго. А и ако си хипохондер треба проблемите на друго место да ги решиш како психолог или психијатар, давање кеш за snake oil производи нема да ти ги подобри работите. Оваа суплемент индустрија најголем процент од кешот го прави на такви луѓе.
 
све е тоа snake oil, освен работи кои докажано работат, не вреди човек да се замара за друго.
Кои суплементи се snake oil? Мене не ми се десило да купам суплемент и да го пијам а да нема некаков ефект
 
на нормален човек што се храни разноврсно не му треба никаков суплемент. Поготово млади и здрави луѓе. Да не беше тоа псеудо наука овие ствари ќе идеа на позитивна листа и лекари ќе ги препишуваа. Си имаат тие фирми што да турат у тоа да осетиш некакво плацебо ефектче да мислиш супер дека работи.
 
Не е точно.Мене многу ми помага рецимо Пробиотик,Витамин Ц,Магнезиум,Бакопа,Масло од диво оригано и да не набрајам сеа други што ми помогнале.Јас мислам дека премногу очекувате од суплементите
 
Сега не збориме за сите суплементи. Ова што ти наброја се работи што сме ги земале пред да дознаеме што зборот суплемент воопшто значи. Муабетот е за поегзотични работи како што наброја членот погоре.

Суплемент пазарот е многу поголем од пробиотици, магнезиум и слично. Буквално има илјадници продукти што се продаваат и ветуваат чуда за тој што ги користи од разни измамници кои прават милиони од нив. И затоа мислам дека доколку здрава особа има хипохондерски нагони да купува ствари, место да троши тон пари на овие чудесни лекови, боље е да продискутира со психолог.
 
Конкретно Магнезиум Малате го навел како превара,а за грчеви у мускули не можам да ти опишам колку помага при долго стоење и напорна работа.Затоа ве прашав да наведете кои суплементи се превара,витамини исто набројал како превара,бог да чува е темава.Мене не ми помогна ова ич,тогаш е превара.Мислам не е за верување ова
 
Јас мислам дека премногу очекувате од суплементите

Ја испушташ поентата. Ништо повеќе не сум очекувал од л теанин кој е аминокиселина што се наоѓа во зелен чај. Значи сум правел и претходни истражувања како работи и зошто работи. Сум одвоил повеќе од 3-4 дена педантно читање на сите бенефити кои ги дава, па како прават тестови со кофеин и на луѓе кои им смета кофеинот, па делува како ноотропик. Арно ама ако требало да внесеме денеска 200мг l theanine ваљда ќе го имало во таа концентрација и во една шоља зелен чај. И не очекував овој суплемент да ме спаси од маките засекогаш, а најмалку очекував дека ќе се угушам од прерипувања на срцето од него.

Мислам, еден момент е да очекуваш нешто од суплемент, а друг момент е да ти дава ужасни несакани ефекти. И тоа сфаќаш дека не си воопшто сам, дека не си преосетлив или алергичен или штоидае, напротив, има ПРЕМНОГУ како тебе само поради некоја чудна причина тие секогаш се на маргините доколку фанеш да истражуваш за некој природен суплемент.

Нека ми го објасни некој ова, тотално не "егзотичен'' суплемент. Се работи за омега3.

Значи ми беше неодамна дијагностицирано здебелување на перикардот, најверојатно се работеше после прележувањето на корона. Докторката препорача мирување, не прејадување, и некој суплемент како Ц витамин и Омега 3.

И сега тргаме од моментот дека во зегин на пример имаш бренд супердиет мислам дека беа (не ме држете за збор) али имаше едни со сумливо потекло, нема никакво потекло на нет за нив. И реков ке направам мало истражување.

Читајќи го овој форум и разни форуми, дојдов до заклучок дека омега 3 обична не врши работа туку за да го добиеш она антиинфламаторно дејство на омега 3 треба да земеш појакички дози. И срчав и дојдов до овој суплемент, приметувате, скоро 6000 позитивни коментари, нема промашај. Не дека е прејак во споредба со обичната омега 3, туку едно апче од ова е као две(три) апчиња обична омега што се наоѓа во било која обична аптека.

Се '' труев '' три недели и успат придонесов за некој си вид на глад кој што не се ни објаснува со нашиов јазик или слаб речник имам. Значи оноа не дека ти отворило апетитче па повеќе ти се јаде, туку осеќаш на средина на стомакот ( ваљда панкреасот ) некој чуден вид на болка и на нелагодност, и што и да изедеш воопшто не може да те засити, освен благо. Значи сигурно беше некое пореметување со инсулинот. Најјако беше што си легнував најнормално, станував во 3 часот за да изедам било што што ќе ми се најде во фрижидер, се будев испотен препотен со воден кревет и перница, најверојатно ради многу низок шеќер во крвта.

И решив да откријам од што е, пред да се исфилмам дека сум фатил дијабет.
И погодете што? Да ти било од мега дозите ( кој се a must според многу начитани личности на форумов ) на омега 3 и фиш оил. Еве повелете линкови, кој пак ке речам, на крај памет не ти иде дека би можело да е до тоа. Па и згора на се наоѓаш дека е еден од најголемите уништувачи на митохондриите на срцето. Го прекинав суплементот на два дена да видам дали ќе се среди и guess what, се среди се.

Ај вака, не сакав да засерам некоја постоечка тема. Поентата ми е да споделам мое подолгогодишно искуство со суплементиве и цела фама околу суплементацијата. Баш се смеев пред некој ден со тетин ми, постар лик, абе вика дечки порано идевме до аптека кога стварно си болен, можеби 3-4 пати годишно преку сила и тоа било тоа. Сега се клукаме со све и свашта, ни се знае што се пие ни ништо, читаме разноразни мислења од форуми, редити и ривјуа, лесно паѓаме на некое си ултра воутнато популарно мислење дека некој си суплемент ептен помогнал во нешто па летаме, сакаме да поправиме нешто нерасипано итд.

Ќе гледам да сум краток и концизен.
Почнав со суплементи пред скоро 6 години, погоден од некој си полу наивен проблем кој го имав со моџото, меѓу кои и опседнатост со здравје и страв околу здравје како голема гранка која ми го уништува(ше) секојдневието.

Секој суплемент ке го излинкам за да знаете точно што сум користел низ времето, колку што може да ми текне во моментов.

Да не тупам, најјак момент ми беше на времето магнезиум глицинат. Тогаш го имаше на iherb. Нашиве магнезиуми тука не чинеле, па ајде таков. Леле човече кој момент. Ко да си лапнал некое бензо, уживанција, летање. Е, поминаа неколку месеци, почнаа бодежи, негативни мисли, помина хајпот. Едноставно се чудиш од што е. По некое време наоѓаш мислење дека има и други како тебе што паднале на некое си ''спектакуларно'' мислење што го нашле на нет или некој ти ја подул главата со многу информации, можеби и без задни намери. Линк 1, Линк 2.

После тоа имаше момент кај нова верзија на цинк, наречен цинк пиколинат. Беше фама со цинковите ради короната нели, па овој кај нас модел не ни постои сеуште, актуелен си е цинк оксидот што си се користи насекаде, ама не, не чинел тој, овој е супер. Имаше дури и на форумов ако не се лажам моменти каде што имаше као табели дека цинк оксидот влегува во серум (крв) после неколку часа од 10тина посто - спрема пиколинатов повеќе од 80 посто. И се тоа супер. За после тоа да излезе дека фактички цела фрка е дека иако пиколинатов ти е во крвта, не влегува таму каде што треба туку го мочаш по некое време. И оксидов (што патем се користи со години и како суплемент кај луѓе па дури и активно и кај живина) излезе супериорен. Уште една лага. Линк 1.

Потоа дојде момент за L-Theanine. Супер суплемент за анксиозност, лекува и најлоши форми на лоши мисли, дрхтање од кафе, ти прави страшен муд, неотропик, абе чудо невидено и дар за човештвото. Дали? Не, ебаго. Пиеш суплементов, тераш, по некое време осеќаш лупетарење у срце и гушење од прерипување и аритмија. Си викаш шо е сега ова. Завршуваш у итна помош, ајде тераш дома, пиеш уште едно апче, до вечерта не знаеш каде се наоѓаш. И си вртиш низ нет онака испаничен дома, кога ги наоѓаш следниве работи. Линк 1, Линк 2, Линк 3, Линк 4. Фрлаш суплементот, се осеќаш ко том кога е донки на истоимениот цртан. Идемо даље.

NAC. Супер суплемент, сејф, користен од болниците за детокс од труење од парацетамол, супер за џигерот, ствара глутатион у телото. Нема промашај. Ајде да го пробаме, да зачистиме малце тоа замастениот џигер што се тегне со години, па и згора на се давал фил гуд - муд, има статии дека прави да си стабилен. Океј ајде да се проба. После две недели по едно апченце на ден, наеднаш осеќај на страшни бодежи во предел на срце. Нема шанси да поврзеш дека би можело да е од суплементот. Ајде пак кардиолози, проверки, горе-доле се таман. И наоѓаш дека пак си извисен и не си сам. Линк 1, Линк 2, Линк 3.

Ќе прекинам тука. Се имам изгорено и со други работи, скоро со се и сешто што имам пробано чисто ради хипохондрикот во мене. Да речеме дека сум сакал да водам хигиена околу здравјето, да му помогнам на телото и да бидам поздрав, ете си минат годините. Доста од суплеметите ми дале нагони на повраќање, Е витамини - па излегува дека предизвикувале рак, Aged лукови кои ти го снижуваат притисокот превише и така натаму.

Не сакам да изигравам жртва, или да кажувам дека тие што си водат сметка околу здравјето пиејќи суплементи грешат.
Но има еден момент а тоа е дека очигледно мозоците ни се испрани дека мораме да пиеме нешто за фиктивно да се осеќаме посигурни, а нашите предци меѓу кои и нашиве родители или дедовци никад не се замарале со креатин или со глутатион. А очигледно самите суплементи НЕ СЕ ДОВОЛНО ИСПИТАНИ И НИЕ СМЕ - сакале се сложите со мене или не - ЗАМОРЧИЊА.

И уште еден многу битен момент. Магнезиумот и бе шесот шо го има у аптеки е топ. Немој да се ветреете и да купувате активни форми.Се е лага и може само да ви направи да имате необјасниви сајд ефекти. И ц витаминот си е ц витамин ( акорбинска) кој се користи многу години. Не ви треба никаква друга форма.
Си пишал дека не сакаш да изиграваш жртва ама искрено те жалам човече..Како можеш да веруваш во секаква гомнарија која си ја прочитал и ти ја пласираат и си "паднал" на неа? Кај мене суплементите кои ги користам се-Жута,мед,лук и кромид и секое сабајле кога станувам изговарам-Господе Исусе Христе сине Божји помилувај ме мене грешниот (као капак на заштитата)...
 
Ја испушташ поентата. Ништо повеќе не сум очекувал од л теанин кој е аминокиселина што се наоѓа во зелен чај. Значи сум правел и претходни истражувања како работи и зошто работи. Сум одвоил повеќе од 3-4 дена педантно читање на сите бенефити кои ги дава, па како прават тестови со кофеин и на луѓе кои им смета кофеинот, па делува како ноотропик. Арно ама ако требало да внесеме денеска 200мг l theanine ваљда ќе го имало во таа концентрација и во една шоља зелен чај. И не очекував овој суплемент да ме спаси од маките засекогаш, а најмалку очекував дека ќе се угушам од прерипувања на срцето од него.

Мислам, еден момент е да очекуваш нешто од суплемент, а друг момент е да ти дава ужасни несакани ефекти. И тоа сфаќаш дека не си воопшто сам, дека не си преосетлив или алергичен или штоидае, напротив, има ПРЕМНОГУ како тебе само поради некоја чудна причина тие секогаш се на маргините доколку фанеш да истражуваш за некој природен суплемент.

Нека ми го објасни некој ова, тотално не "егзотичен'' суплемент. Се работи за омега3.

Значи ми беше неодамна дијагностицирано здебелување на перикардот, најверојатно се работеше после прележувањето на корона. Докторката препорача мирување, не прејадување, и некој суплемент како Ц витамин и Омега 3.

И сега тргаме од моментот дека во зегин на пример имаш бренд супердиет мислам дека беа (не ме држете за збор) али имаше едни со сумливо потекло, нема никакво потекло на нет за нив. И реков ке направам мало истражување.

Читајќи го овој форум и разни форуми, дојдов до заклучок дека омега 3 обична не врши работа туку за да го добиеш она антиинфламаторно дејство на омега 3 треба да земеш појакички дози. И срчав и дојдов до овој суплемент, приметувате, скоро 6000 позитивни коментари, нема промашај. Не дека е прејак во споредба со обичната омега 3, туку едно апче од ова е као две(три) апчиња обична омега што се наоѓа во било која обична аптека.

Се '' труев '' три недели и успат придонесов за некој си вид на глад кој што не се ни објаснува со нашиов јазик или слаб речник имам. Значи оноа не дека ти отворило апетитче па повеќе ти се јаде, туку осеќаш на средина на стомакот ( ваљда панкреасот ) некој чуден вид на болка и на нелагодност, и што и да изедеш воопшто не може да те засити, освен благо. Значи сигурно беше некое пореметување со инсулинот. Најјако беше што си легнував најнормално, станував во 3 часот за да изедам било што што ќе ми се најде во фрижидер, се будев испотен препотен со воден кревет и перница, најверојатно ради многу низок шеќер во крвта.

И решив да откријам од што е, пред да се исфилмам дека сум фатил дијабет.
И погодете што? Да ти било од мега дозите ( кој се a must според многу начитани личности на форумов ) на омега 3 и фиш оил. Еве повелете линкови, кој пак ке речам, на крај памет не ти иде дека би можело да е до тоа. Па и згора на се наоѓаш дека е еден од најголемите уништувачи на митохондриите на срцето. Го прекинав суплементот на два дена да видам дали ќе се среди и guess what, се среди се.

Види да ти кажам,за тебе не помага ни лек ни суплемент.Ако некој ти препорача суплемент што помага за дигестија,ти ке бараш и ке се трудиш да докажеш дека белите дробови ти ги уништиле прејаките дози,ако одиш на лекар и препише антибиотик,ке мислиш дека срцето ти го ослабеле и ке истражуваш по нет додека не си најдеш докази на форум или редит.Ти си сериозно болен човек,а и прилично наивен а наивен те прави стравот од болести,хипохондријата.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom