Автомобилски сообраќај во Скопје

  • Креатор на темата Креатор на темата Word$haker
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
21 ноември 2005
Мислења
5.243
Поени од реакции
962
Локација
Скопје
Ја отворам оваа тема со цел да продискутираме околу сообраќајот во Скопје кој во последните години сè повеќе и повеќе се згуснува, особено во раните утрински часови и после 16 ч.

Дека имаме крш улици, мал број на автобуси, скап такси превоз, сето тоа ми е јасно, меѓутоа сметате ли дека и автомобилите придонесуваат кон тоа?
Сè повеќе има семејства кои имаат и по два автомобили.
Додека чекате на семафор, погледнете ги автомобилите и ќе заклучите дека во секој автомобил се вози само по една особа (значи carpool отпаѓа како опција).
Луѓе кои живеат на 20-30 минути пешки до работа, сепак бираат да одат со автомобил за “побрзо“ и “поудобно“.
Луѓе одат на кафе и пијачка со автомобил, никој не плаќа паркинг зошто сите сме научени да паркираме за без пари па макар и на саат време.
Па така, се создава невиден хаос во сообраќајот, а да не коментирам како е кога ќе заврне дожд или снег.

Што мислите, автомобилот во Скопје е потреба или чалам?

P.S. Аман заман ве молам да културна дискусија, муабети од типот “ти не си бил у Истанбул па да видиш како е“ и сл. нека нема, фала :)
 
Секогаш една лента е фатена од кретени што се паркираат кај ќе им текне.
Ни еден семафор не е поврзан, таман зелено тргаш... наредниот се пали црвено и појди запри до дестинација.
 
Јас сум го прифатил таков каков што е сообраќајот, и од тогаш повеќе уживам во возењето. Работите нема да се сменат, џабе се нервираме само.

Иначе кола нема замена, поготово со вакви градоначалници кои ќе не остават и без никаков автобуски превоз.
 
Чалам - Јас имам другари што им е понижување да се качат во автобус или да завеслат велосипед. Немој ќе ги види некој срам ќе падне. Ама затоа кул е да дојде со голф 5 со 300к поминати.

Мрза - Тешко им е од сабајле да вртат со нозете, полесно им е да влезе у кола и да го фати гужвата и да заглави. Кај мене на работа вработени се околу 100 души, пола од нив живеат блиску до работа и доаѓаат со кола, само 6 души доаѓаме со велосипед или тротинет. Ги имам прашано и зошто сабајле палиш кола, а кога ти е на 5мин со велосипед. Одговор ме мрзи.

Сите што живеат во Карпош, Аеродром. Чаир, Кисела вода и работат во овие населби треба да практикуваат велосипед. Верујте многу побрзо се стига, па од Ѓорче до Ново Лисиче по кеј за 20мин стигаш со нормално возење.
 
Јас како провинцијалец буквално главата ме боли секој пат поради тој сообраќај кога морам да дојдам за некоја работа до Скопје. Градот инаку со добро организиран јавен сообраќај плус велосипедски патеки би бил многу подобар, кога ќе видиш град рамен како тепсија идеален за велосипед
 
Никаква орагнизација на градов. Не е планирано Скопје да прибере волку жители. Се гради на секој ќош а една улица не е проширена. Автокоманда нема да биде преоодна за некое време има да се глави со саати. Аеродром па да не збориме. Секое сабајле свирење со коли, урлање на семафори, пешачки не може да се помине.
Има ли некој што ќе каже стоп на градењево мене тоа ме интересира.

Да не збориме па со улици правење. Раскопување на неколку клучни места и со месеци тоа така ќе стои на никој не му е гајле дали ќе стигнеш на време на работа, лекар, школо итн. Никаков план никаква организација кај и да се свртиш се давиме во неспособност.
 
Кривицата ја ставам 50% во студентите што после студии остануваат во Скопје, а 50% во државата што нема стратегија како да ги мотивира да се вратат од каде потекнуваат. Скопје има инфраструктура што може да издржи 200 000 - 300 000 жители, а моменталната бројка е двојно (на пат кон тројно) повеќе.

Речиси сите големи компании имаат седиште само во главниот град, но ако барен третина од нив се распределат на сите делови на државата, ќе има повеќе работни места во помалку развиените градови и младите нема да го бараат спасот САМО во Скопје поради невработеноста или пак недостаток на работна позиција каде имаат специјализација.
 
или да завеслат велосипед
Ти да веслаш велосипед на 200µg/m³ PM10. Да си полниш плуќата со дизел издувни гасови и мазут од топланине.

Инаку во град како Скопје колата е потреба.
Дали е сообраќајот презаситен? Је!
Причините барајте си ги во пренаселеност, лоша патна инфраструктура, немање јавен превоз, лоша сообраќајна култура итн итн.....
 
Дива лига. Булевар Србија кај Бриколаж и Трета Македонска подобро паркирај се од страна и легни дремни некој саат дур се расчисти. Алооо 40 минути од крстот до семафорите кај Ла Тана!
Па до Штип ќе стигнам за толку да му ебам мајката.
Новиве згради кај аутлетот и оние подоле кај американ колеџ кога ќе ги пуштат за некоја година преку Јурумлери ќе идеме у центар...
 
Една работа ќе кажам само на темава. Како човек што го фака страв кај да паркира сакам да плаќам паркинг ама на многу места нема и да сакаш да платиш, а во една прилика сакав ама не можев да платам ради заебанции со нивниот сервис.
 
Ти да веслаш велосипед на 200µg/m³ PM10. Да си полниш плуќата со дизел издувни гасови и мазут од топланине.

Инаку во град како Скопје колата е потреба.
Дали е сообраќајот презаситен? Је!
Причините барајте си ги во пренаселеност, лоша патна инфраструктура, немање јавен превоз, лоша сообраќајна култура итн итн.....
А додека си во кола каков воздух дишеш? да не имаш боци со кислород од Алпите?
Вчера морав со кола до работа и за враќање ми требаше 50 мин. (тргни застани заглавен во сообраќајот).
Завчера бев со точак стигнав за 20-25 мин., практично дупло помалце загаден воздух сум дишел.
Голем удел во застојот на сообраќајот во Скопје има и од некултурата на возачите а и генерално некултурата на сите кои живеат во МК, и неработењето на МВР. На пример, партизанска низ цела должина наместо 3 ленти проодни се 2, на една од нив секогаш има паркирано возила, од сити мол до крај на партизанска во ист момент има минимум 30-40 паркирани возила, па автобусите наместо да се движат во таа лента мора да се пребацуваат во средна па тоа иде споро па го укочуваат сообраќајот позади нив итн итн. да е фул проодна би имало многу многу помалце гужва. Истиов случај и на пластичарска од 2+2 ленти проодни се едвај пола нема убав проток на возила и се заглавува сообраќајот.
Друг проблем се сељачиштата а нив ги има премногу. на пр. има колона возила чекаат да свртат лево он чека на лентата за право и се убацува пред нив, па ја сецка цела колона и ради таков простак наместо на зелено да поминат 10-15 возила ќе поминат 2-3 помалку али битно он прв ќе се убаци го боли...
Трета ситуација е брзање да фатиш зелено иако напред нема кај да идеш, па заглавуваат на сред раскрсница, па кога од другата страна ќе им се пушти зелено на другите и тие нема кај да идат и пак се прави застој...
Доколку не постојат вакви дебилни ситуации мислам голем процент би се растеретил и би бил побрз сообраќајот во Скопје
 
Последно уредено:
Пола Македонија се собра у Скопје, не знам што очекувате. Да не зборам дека огромен дел од возачите се муслимани, кои генетски се склони кон девијантно однесување, и добиваме еден огромен хаос. Све повише и повише не ми се живее у градов, а не би можел да живеам на ниту едно друго место на планетава.
 
Секогаш една лента е фатена од кретени што се паркираат кај ќе им текне.
Ни еден семафор не е поврзан, таман зелено тргаш... наредниот се пали црвено и појди запри до дестинација.

Во Кисела Вода тоа е веќе пракса. Од улица со две ленти, само едната е проодна, другата паркинг. Па оди размини се кога ќе ти дојде од спротива кола, а се двосмерни улици. Таков е цел Расадник, и околу Економското училиште... мизерија.
Исто 90% од тротоарите во Кисела Вода се паркинг.
По неорганизирана општина во тој поглед нема у Скопјево.

Незнам само како не го увидуваат тоа и да го санкционираат законски со казни за паркирање на улица или тротоар, немора топла вода да измислуваат. Ама ни закон се поштува, ни пешаци, ни ништо, класика.
 
Ја отворам оваа тема со цел да продискутираме околу сообраќајот во Скопје кој во последните години сè повеќе и повеќе се згуснува, особено во раните утрински часови и после 16 ч.

Дека имаме крш улици, мал број на автобуси, скап такси превоз, сето тоа ми е јасно, меѓутоа сметате ли дека и автомобилите придонесуваат кон тоа?
Сè повеќе има семејства кои имаат и по два автомобили.
Додека чекате на семафор, погледнете ги автомобилите и ќе заклучите дека во секој автомобил се вози само по една особа (значи carpool отпаѓа како опција).
Луѓе кои живеат на 20-30 минути пешки до работа, сепак бираат да одат со автомобил за “побрзо“ и “поудобно“.
Луѓе одат на кафе и пијачка со автомобил, никој не плаќа паркинг зошто сите сме научени да паркираме за без пари па макар и на саат време.
Па така, се создава невиден хаос во сообраќајот, а да не коментирам како е кога ќе заврне дожд или снег.

Што мислите, автомобилот во Скопје е потреба или чалам?

P.S. Аман заман ве молам да културна дискусија, муабети од типот “ти не си бил у Истанбул па да видиш како е“ и сл. нека нема, фала :)
Таков ни е менталитетот, не мрдаме од зона на комфорт па што сака нека е :)
Инаку има решение, во оваа метрополата каде што сум сега се што се смета за CBD има варијабилни цени за паркинг, т.е: ако закажеш унапред и платиш за цел месец истиот ќе те чини од 10-20 долари на ден (месечна карта), а ако отидеш онака да завршиш нешто работа и сакаш да паркираш во тој момент во катните е преку 50 долари од саат. Ако си толку шанкуре, оди и паркирај по 50 долари од саат, во спротивно ќе си паркираш на најблиската автобуска (без пари, или ефтин паркинг 5-6 долари на ден), и од таму за уште 15 долари ќе отидеш и ќе се вратиш со воз + пешачење/електричен тротинет.
Поради ова, во центарот немаш гужва.

Друга работа има камери на секој чекор, ти стига честитка дома според таблицата, казните се изгор (од 500, па до неколку илјади долари + поени и преполагање ако направиш многу). Ако паркираш на лента, пак ти стига казнуле :)
И најдоброто, ги имаат решено и телефоните, казната е 1100 долари + 4 поени (ако собереш 12 поени во 3 години ти ја одземаат возачката), може да ти ја пише AI од камерите/препознавање на видеото од контролерите, или пак полиција (вртат многу и со цивилни коли, ако се паркира до тебе, и те види дека имаш телефон во рака, го јадеш). Единствено е дозволен ако е на држач, зборување на блутут, а за почетници воопшто не смеат ни да го корситат за навигација (само специјален уред).

Сообраќајот е да ти е мерак, гужва само на автопатите во шпицот кога одат и се враќаат од работа, ама и во тој период возат прилично културно.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom