Англискиот јазик според Орвел

  • Креатор на темата Креатор на темата LiquidHeII
  • Време на започнување Време на започнување

LiquidHeII

хемичар
Член од
31 јули 2007
Мислења
178
Поени од реакции
3
Орвел е еден од најбрилијантните англиски писатели (1984, Животинска фарма), тој за англискиот јазик го напишал следниов есеј



Поголемиот дел од луѓето кои воопшто размислуваат на оваа тема, би признале дека англискиот јазик е во лоша состојба, но општо се смета дека ние, со свесно дејствување, не можеме ништо да сториме за тоа. Вообичаениот аргумент е дека нашата цивилизација е декадентна и дека нашиот јазик мора неминовно да го следи општото пропаѓање. Следи дека секој обид за борба против злоупотребата на јазикот е сентиментален архаизам, како користење на свеќи наместо електрична енергија или кочии наместо авиони. Под сето ова лежи полусвесното верување дека јазикот природно си се развива, а не дека е алатка која ние ја обликуваме за да ги задоволи нашите сопствени цели.
Значи, јасно е дека, во суштина, падот на еден јазик доаѓа поради политички и економски причини: тоа не се случува едноставно поради лошото влијание на овој или оној писател како поединец. Но ефектот може да стане причина, која ја засилува првобитната причина и го произведува истиот ефект во засилена форма, и така во недоглед. Човек може да почне да пие, затоа што се чувствува како губитник, но потоа да пропадне сосема токму поради тоа што пие. Тоа истото се случува и со англискот јазик. Тој станува грд и непрецизен затоа што мислите ни заглупавуваат, но збрканоста на јазикот ни предизвикува да ни е полесно да имаме заглупавени мисли. Поентата е во тоа што овој процес е поправлив. Современиот англиски јазик, особено пишаниот англиски јазик, е полн со лоши навики кои се шират со имитирање, но можат да се избегнат со вложување на неопходниот напор. Ако се ослободиме од овие навики ќе можеме да размислуваме појасно, а да се размислува појасно е првиот непходен чекор кон политичка регенерација: затоа борбата против лошиот англиски не е безполезна и не е грижа исклучиво на професионалните писатели. На ова ќе се навратам за кратко, и се надевам дека за тоа време значењето на ова што го велам ќе биде појасно. Во меѓувреме, еве пет примери на употреба на англискиот јазик, онаков каков што го среќаваме сега.
Овие пет извадоци не се одбрани затоа што се особено лоши- можев да цитирам и далеку полоши - туку затоа што илустрираат палета од менталните пороци од кои страдаме. Тие се малку под просекот, но се прилично соодветни. Нумерирани се за да можам подоцна да им се навратам кога ќе биде потребно:
(1) Не сум, секако, сигурен дали не е вистинито да се каже дека оној Милтон кој некогаш не се чинеше несличен на Шели од седуманесетиот век, не станал, од искуства сè погорки секоја следна година, подалечен на основачот на онаа Езуитска секта што ништо не можеше да го наведе да ја толерира.Професор Харолд Ласки (Есеј на тема: Слобода на изразувањето)
(2) И најпосле, не можеме да си играме мачка и глушец со арсеналот идиоми од мајчиниот јазик кој што налага такви исклучителни колокации од зборови како што се базичните „да истрпи“ за „толерира“ или “Put at a loss“ за „се зачуди“.Професор Ланселот Хогбен (Интеглоса)
(3) Од една страна ја имаме слободната личност: по дефиниција таа не е невротична, затоа што ниту сонува ниту е во конфликт. Нејзините копнежи, онакви какви што се, се транспарентни, затоа што се токму она што институционалното одобрување ги одржува на челното место на свесноста: друга институционална шема пак, ќе ги промени нејзиниот број и интензитет; има малку во нив што е природно, ненамалливо, или културолошки опасно. Но од друга страна, социјалната врска сама по себе не е ништо друго до меѓусебен одсјај на овие само-обезбедени интегритети. Да се потсетиме на дефиницијата за љубовта. Не е ли тоа типична слика на еден мал академски професор? Каде има овде, во оваа сала со огледала место, било за личноста или за братството?Есеј по психологија во Политика (Њуjорк)
(4) „Најдобрите луѓе“ од господските клубови, и сите полудени фашистички капетани, обединети во заедничката омраза на Социјализмот и чудовишниот хорор од растечката плима на масовното револуционерно движење, се престорија во актовности за провокација, во одвратни насилства, сè до средновековни легенди за отруени бунари, сè со цел да се легализира нивното уништување на пролетерските организации, да се подигне вознемирената ситна буржуазија на шовинистички восклик, во име на борбата против револуционерното решавање на кризата.Комунистички памфлет
(5) Ако треба нов дух да се внесе во оваа стара земја, има една бодликава и кавкаџиска реформа што треба да се загатне, а тоа е хуманизацијата и галванизацијата на BBC. Срамежливоста овде ќе биде доказ за болест и атрофија на душата. Срцето на Британија можеби е здраво и силно отчукува на пример, но Британскиот лавовски извик во моментов е како оној на Ботом во Шекспировата Сон на летната ноќ- мил како гулабче. Новата витална Британија не може бесконечно да продолжи да се клевети во очите или уште повеќе во ушите на светот со мрзеливата летаргија на Ленгам Плејс, бесрамно маскиран како „стандарден англиски јазик“. Кога гласот на Британија ќе се слушне во 9 часот, многу подобро и бескрајно понененормално е да се чуе чесно мрморење, наместо тековниве педантериски, надуени, инхибирани, магарешки рикања и мјаукања на недопрени срамежливи стари моми.Писмо во ТрибјунСекој од овие пасуси има свои грешки, но, освен грдоста што може да се избегне, две обележја се карактеристични за сите нив. Првото е мртвило на изразните средства; второто е недостаток на прецизност. Авторот или има што да каже и не може да се изрази, или ја промашува темата, или пак му е сеедно дали неговите зборови нешто значат. Оваа комбинација на нејасност и чиста неспособност е највпечатливо обележје на современата англиска проза, а особено на било кој вид политички текстови. Веднаш штом се отвори некоја тема, конкретното се губи во апстрактното, и се чини дека никој не помислува да ги промени зачмаените изрази: прозата сè помалку се состои од зборови избрани заради нивното значење, а сè повеќе од фрази залепени една за друга како блокови од монтажен кокошарник. Подолу, со примери и забелешки, ќе набројам разни начини, со помош на кои прозните конструкции можат да се освежат:
Мртви метафори

Нова, оригинална метафора го провоцира размислувањето со тоа што создава умствена слика. Од друга страна, метафора која што е технички „мртва“ (на пример „челична решителност“) има ефект на секојдневен збор, кој во принцип може да се употреби без да изгуби од живоста.
Но помеѓу овие две класи има една огромна група од истрошени метафори, што ја изгубиле сета моќ да провоцираат, и се користат само затоа што луѓето ги мрзи да креираат сопствени фрази. На пример: „да се застане рамо до рамо со“, „лов во матно“, „Ахилова петица“, „Дамоклов меч“, „лебедова песна“, итн. Повеќето од овие фрази се користат без да се знае нивното значење, и некомпатибилни метафори често се комбинираат, што е сигурен знак дека авторот не е заинтересиран за она што го зборува. Значењето на некои метафори сега е поместено и е понакво од оригиналното, а оние што ги креираат воопшто не се свесни за тоа. На пример, метафората “toe the line“ (буквално „да се застане со прстите на стартната линија“ односно стриктно да се следат правила) некогаш ќе ја сретнеме напишана вака “tow the line“ (tow - влече, „да ја влечеш линијата“) . Уште еден пример е метафората „како чекан и наковална“ со импликација дека наковалната е таа што страда, што е уништена од чеканот. Всушност е сосема обратно, чеканот е тој што се крши, а не наковалната: автор кој престанал да размислува што зборува треба да биде свесен за ова и да не го менува оригиналното значење.
Погрешни вербални додавки

Овие додавки го олеснуваат изборот на соодветни глаголи и именки, а истовремено даваат ритам на речениците. Тоа се постигнува со дополнителните слогови кои даваат привидна симетричност. Некои карактеристични фрази се: „да оствари контакт“, „е предмет на“, „дава основа за“, „има ефект на“, „има водечка улога во“, „покажува тенденција на“, „има за цел“, итн, итн. Овде е клучно тоа што се елиминираат простите глаголи. Наместо да биде еден збор, како: крши, прекинува, расипува, поправа, убива, глаголот станува фраза, составен од именка или придавка закачени за некои глаголи со општа употреба, како што е докажува, служи, формира, игра, произведува. Како додаток на тоа, пасивната форма се користи и каде што треба и каде што не треба, и именски конструкции се користат наместо глаголски (со испитување, наместо исптувајќи).Изборот на глаголи дополнително се ограничува со помош на представката де-,наставката изира и двојната негација, со што на баналните изјави им се дава изглед на софистицираност. Некои едноставни сврзници и предлози се заменети со фрази како што се „во однос на“, „што се однесува до“, „фактот што“, „од аспект на“, „во интерес на“, „под претпоставка дека“, а пак краевите на речениците се спасуваат од антиклимакс со такви истрошени изрази , како што се: „не може да се изостави и..“, „се очекува развој во блиска иднина“, „заслужува особено внимание“, „и се донесе задоволителен заклучок..“, итн, итн.
 
Не ја разбрав поентава на постов ама ајде...
Зависи за кој, за мене Орвел не е толку брилијантен.
Англискиот е светски јазик и скоро сите го користат за меѓусебно општење и разбирање.
 
Зошто целиов овој текст ми изгледа тоооолку блиску до нашата ситуација и го опишува тооооолку добро современиот Македонски??? :toe:
Ќе цитирав речиси се`, ама се одлучив за ова...
Liquidhell напиша:
Современиот англиски јазик, особено пишаниот англиски јазик, е полн со лоши навики кои се шират со имитирање, но можат да се избегнат со вложување на неопходниот напор.
Актуелна тема во нашето новинарство...
Liquidhell напиша:
Изборот на глаголи дополнително се ограничува со помош на представката де-,наставката –изира и двојната негација, со што на баналните изјави им се дава изглед на софистицираност
Не ми се важни примерите на Орвел за нашата ситуација, но повеќе од очигледен е влезот на латинизми и англицизми, кованици на зборови и слично, а се по пример веројатно на глупите парламентарци кои пробуваат да бидат паметни и се обидуваат да кажат дека ни го ставаат од позади без да ги сфатат широките народни маси.
 
Не ја разбрав поентава на постов ама ајде...
Зависи за кој, за мене Орвел не е толку брилијантен.
Англискиот е светски јазик и скоро сите го користат за меѓусебно општење и разбирање.
Сама си одговори која е поентатата на постот. Ако еден јазик тврдиш дека е светски и дека сите го користат, не мислиш дека може треба да те интересира како се развива?
но повеќе од очигледен е влезот на латинизми и англицизми,
Па баш ми е тоа убаво, се разбира кога во нашиот јазик нема соодветен збор или за надополнување на фондот на зборови. 'Ме пукаат бедови' и слични конструкции, ме плашат.

Имаме зборови од француски, германски (во техниката највеќе), турски итн. Па англискиот е еволуиран од нешто, не можеме сосила ко Хрватине да измислуваме благо речено смешни зборови и заменуваме со старите само поради национална гордост. Мене многу ми се допаѓа нашиот јазик, баш поради тоа што е таков остар, но не на децата тоа им се чини лошо, а англискиот го сакаат затоа што звучи мазно и кул. Е сега истите мислат дека францускиот со далеку позагушен изговор е секси и слично, така да --- нека живее двојниот стандард.

Искрено треба да имаме повеќе пцовки во јазикот, да не се користиме со српски (небески јазик) зборови кога фино можеме наши да си направиме. :vozbud:
 
Бада нашиот јазик е веќе у толкав хаос, што не верувам дека на некој му е мерак да се зафати да го опраи.

Тој еден обид Говорете Македонски, што сега сфатив дека беше многу паметен, само фушерајски обработен, е многу потребен. Еволуцијата на нашиот јазик е дифтарска.
 
Сама си одговори која е поентатата на постот. Ако еден јазик тврдиш дека е светски и дека сите го користат, не мислиш дека може треба да те интересира како се развива?
Не е дека само јас тврдам дека е светски јазик, туку е и општо прифатена констатација. Ме интересира како се развивал и до кој стадиум е стигнат неговиот развој и повеќе отколку што мислиш.

Ама изгледа ни беше потребна некоја ваква статија за да размислиме за новокованиците и се поголемата употреба на странски зборови во нашиот јазик. Повеќе од очигледно е дека имаме лингвисти само колку да се рече дека имаме. Можеби и тоа е причината што употребуваме многу зборови кои не се македонски. А можеби и децата имаат само некоја чудна потреба и мислат дека се којзнае што ако употребат некој странски збор во нивното изразување и општење со околината.
 
за тие на кои им се допадна темата еве уште, знам многу е но темава е опширна

Претенциозна дикција

Зборови како што се феномен, елемент, индивидуа, објективно, категорично, ефективно, виртуелно, основно, базично, промовира, конституира, покажува, истражува, искористува, елиминира, ликвидирасе користатзада маскираат едноставни реченици и да им се даде призвук на научна објективност на пристрасни ставови.
Придавки како што се: епохално, епско, историско, незаборавно, триумфално, прастаро, неизбежно, неумоливо, вистинито, се користат да се им се направат достоинствени болните процеси на меѓународната политика. Оној начин на пишување кој ја глорифицира војната обично добива архаична боја и нејзин типичен начин на пишување ги вклучува следните зборови: царство, трон, кочија, стисната тупаница, трозабец, меч, штит, барјак, чизма, воена труба и сл. Странски зборови и изрази како што се cul de sac, ancien regime, deux ex machina, mutatis, mutandis, status quo, gleishsaltung, weltanschauung, се користат да се даде призвук на елеганција и култура. Освен корисните кратенки, на пр., i.e. (односно), и итн., нема вистинска потреба од ниту една од стотиците странски фрази кои се користат во англискиот јазик. Лошите автори, особено од природните науки, политиката или социологијата, секогаш се прогонувани од идејата дека латинските или грчките зборови се „поголеми“ од изворните, и непотребните зборови како што се експедитивно, амелиорација, екстерно и стотици други постојано се користат наместо изворните зборови1. Жаргонот типичен за марксистичката литература (хиена, џелат, канибал, ситнобуржоаска, лакеј, лудо куче, белогардејци, итн.) најмногу се состои од зборови и фрази преведени од руски, германски или француски. Вообичаен начин за создавање нов збор е употеба на латински или грчки корен со соодветна додавка, и каде што е потребно наставката –изира. Најчесто, полесно е да се создаде ваков збор, (дерегионализира, екстрамаритално, нефрагментирано) отколку да се сетиме на домашен збор кој ќе одговара на значењето. Како резултат се зголемува неуредноста и збрканоста.
Бесмислени зборови

Во некои прозни форми, особено кај ликовната и литературната критика, вообичаено да се сретнат големи пасуси, кои скоро ништо не кажуваат.2 Зборови како што се романтично, пластично, вредности, човечко, мртво, сентиментално, натурално и виталност, се користат во ликовната критика и се сосема празни, во смисла дека не само што не посочуваат на конкретен објект, туку и читателот веќе не го очекува тоа од нив. Кога еден критичар вели: „Неверојатната особина на делата на господин X се состои во нивниот витален квалитет“, а некој друг „Тоа што најпрво паѓа во очи кај делата на господин X е особеното мртвило“ читателот ги прима само како разлики во мислењата. Но ако се употребат зборови како што се бело и црно, наместо жаргонските мртвило и виталност, читателот веднаш ќе увиди дека јазикот се користи неправилно. Многу политички зборови се злоупотребуваат на сличен начин. Зборот Фашизам, сега веќе нема значење освен што кажува за „нешто што не е пожелно“. Зборовите демократија, слобода, патриотско, реално, правда, имаат по неколку различни значења кои не можат да се согласат едно со друго. Во случајот на зборот демократија, не само што нема една дефиниција, туку и обидот да се дефинира ќе биде попречен од сите страни.
Скоро универзално се смета дека ако една земја ја неречеме демократска, тоа значи дека ја фалиме: како резултат, бранителите на кој и да е режим, ќе тврдат дека тоа е демократија, и ќе стравуваат дека ќе мора да престанат да го употребуваат зборот ако се врзе за одредено значење. Зборови од овој вид најчесто се користат на свесно нечесен начин. Односно, тој што ги употребува си има своја дефиниција за нив, но дозволува слушателот да мисли дека тој подразбира нешто сосема друго. Изјави од типот: „Маршалот Петан беше вистински патриот, Советскиот Печат е најслободен на светот, Католичката Црква му се спротиставува на прогонот“ се скоро секогаш напишани со цел да излажат. Други зборови кои се користат со различни значења, најчесто нечесно, се следните: класа, тоталитарно, наука, прогресивно, реакционерно, буржујско, еднаквост.
Сега кога го составив овој каталог на далавери и испревртувања, ќе ви дадам уште еден пример на нивното дејство. Ќе преведам еден пасус од добар англиски јазик на модерен англиски јазик од најлошата сорта. Ова се добро познати стихови од Соборните Посланија:
Се вратив и видов под Сонцето, дека трката не е за брзите, ниту борбата за силните, ниту лебот за мудрите, ниту богатствата за разумните, ниту пак добра среќа за вештите, туку дека времето и случајот сите ги суди.
Еве го сега истиот текст на модерен англиски:
Објективното резонирање за модерните феномени укажува на заклучокот дека успехот и падот во компетитивните активности не покажуваат тенденција да бидат сразмерни со вродениот капацитет, туку дека пообемен елемент на непредвидливост мора неминовно да се земе предвид.
Ова е пародија, но без многу претерување. Доказ 3 (горе) на пример содржи неколку парчиња од истиот тип на јазик. Се гледа дека не направив целосен превод. Почетокот и крајот на реченицата го следат оригиналното значење прилично прецизно, но во средината, конкретните илустрации – трка, борба, леб- се топат во нејасната фраза „успехот и падот во компетитивните активности“. Ова морало да биде така, затоа што ниту еден современ автор од типот за кој зборувам – никој што е способен да користи фрази како „Објективното размислување за современите феномени“ – нема да состави список од своите мисли на така прецизен и детален начин. Целата тенденција на модерната проза е да бега што подалеку од конкретноста. Сега да ги анализираме овие две реченици подлабоко. Првата содржи 38 зборови, но само 76 слога и сите зборови се од секојдневниот живот. Втората содржи 36 зборови и 101 слог. Во првата реченица има 6 живи слики, и само една фраза (времето и случајот) што би можела да се нарече нејасна. Во втората реценица нема ниту една свежа, јасна фраза, и покрај нејзините 101 слог, ни дава скратена верзија на значењето опишано во првата. Сепак, вториот тип на реченица е тој што си се вгнездува во англискиот јазик. Не сакам да претерувам. Овој тип на пишување сеуште не е универзален и секогаш ќе се најдат едноставни изрази и во најлошо напишаниот текст. Но, ако на пример мене или вам ни кажат да напишеме неколку реда за неизвесноста на човечката судбина, верувам дека ќе напишеме нешто што е многу поблизу до мојата измислена реченица, а не онаа од Соборните Посланија.
Како што се обидов да покажам, современото пишување во својата најлоша форма, не се состои во одбирање зборови заради нивното значење и создавање слики со цел значењето да се направи појасно. Модерното пишување се состои од лепење на долги низи зборови кои веќе биле наредени во некој ред од некој друг, и по инерција изгледаат пристојно, макар што се обично блаботење. Привлечноста на овој тип пишување е во тоа што е лесно. Полесно е- дури и побрзо да се каже „Според мене не е неоправдана претпоставката дека…“ отколку да се каже „Јас мислам“ Ако користите готови фрази, не само што не морате да барате фрази, туку и не мора да се грижите за ритамот на вашите реченици, затоа што овие фрази се обично така наместени за да бидат повеќе или помалку милозвучни. Кога составувате реченица набрзина кога диктирате на стенограм/ка, на пример, или држите говор, природно е да се западне во претенциозен, латинизиран стил. Некои конфекциски фрази како „нешто што мораме да земеме предвид е заклучок со кој сите подготвено ќе се сложиме“ се наменети да го спречат предвременото пропаѓање на реченицата. Со употреба на застоеи метафори, компарации и идиоми, заштедувате поприличен ментален напор, со ризик тоа што сакате да го кажете да остане нејасно, не само за вашиот читател туку и за себе. Ова е значењето на смешаните метафори. Единствената цел на метафората е да провоцира созадавање на визуелна слика. Кога овие слики ќе се судрат- како на пример во „Фашистичкиот октопод ја отпеа својата лебедова песна, чизмата е фрлена во манџата“, може да бидеме сигурни дека авторот не гледа ментална слика на објектите што ги набројува; со други зборови, тој не ни размислува. Погледнете ги примерите што ги дадов на почетокот на овој есеј. Професорот Ласки (1) употреби пет негации во педесет и седум зборови. Една од овие е вишок, и го прави целиот пасус бесмислен, а освен тоа, има и лапсус, наместо „сроден“, то вели „подалечен“ со што чини уште поголема глупост и уште неколку несмасности, со што текстот станува уште понејасен. Професорот Хогбен, (2) си игра мачка и глушец со арсенал што може да пишува правила, и освен тоа што не ја одобрува секојдневната фраза „да се справи со“ и е неволен е да го побара зборот „исклучително“ во речник. Ако заземе злонамерен став кон текстот би рекле дека е сосема бесмислен: можеби неговото значење ќе биде појасно ако се прочита целиот напис. Во (4) авторот помалку или повеќе знае што сака да каже, но натрупувањето на усталени фрази го задушува како листови од чај што го спречуваат одводот на лавабото. Во (5) зборовите скоро да се збогувале со значењето. Луѓето кои пишуваат на овој начин, обично имаат чувство за она што сакаат да го кажат- ним не им се допаѓа едно нешто и сакаат да се сложат со нешто друго – но не ги интересираат деталите на она што го кажуваат. Автор кој држи до себе, за секоја реченица што ја пишува, ќе се запраша барем четири прашања: Што се обидувам да кажам? Кои зборови се најдобри за тоа? Која слика или идиом ќе го направат појасно она што сакам да го кажам? Дали оваа слика е доволно свежа за да има ефект? Веројатно нашиот скрупулозен автор ќе се запраша уште две прашања: Можам ли да го скратам текстов? Дали кажав нешто грдо што може да се избегне? Но, не сте обврзани да поминувате низ сета оваа мака. Можете да си ја олесните работата ако дозволите готовите фрази да ви се нафрлат. Тие ќе ви ја состават реченицата наместо вас- дури и мислите ќе ви ги смислат, во извесна мерка- и по потреба и ќе ви направат услуга и ќе сокријат некое значење дури и од вас самите. Дури во овој момент станува јасно на кој начин се повразани политиката и деградацијата на јазикот.
Во наше време е општо познато дека политичкиот јазик/ писмо, е лош јазик. Исклучок се текстови на бунтовници, кои го изразуваат својот сопствен став и не одат по „партиската линија“. Ортодоксноста, од која било боја, се чини дека инсистира на безживотен, имитирачки стил. Политичките дијалекти кои се среќаваат во памфлети, насловни написи, манифести, владини изјави и говори на подсекретари, секако се разликуваат од парија до партија, но слични се по тоа што човек во нив скоро никогаш не среќава свеж, сликовит, оригинален израз. Кога човек гледа некое изморено типче како на сцена механички ги повторува познатите фрази- животинска бруталност, железна пета, крвава тиранија, слободните народи на светот, да се застане рамо до рамо- добива некое чудно чувство дека не гледа живо суштество туку некоја кукла: чувство кое одеднаш се засилува, во моментите кога светлото ќе се одбие од очилата на говорникот, и ќе ги престори бели дискови зад кои се чини дека нема очи.
А ова не е сосема нестварно. Говорник кој употребува ваква фразеологија веќе оди во насока да стане машина. Наменските звуци доаѓаат од неговото грло, но неговиот мозок не е вклучен како што би бил, ако користел зборови кои ги одбрал самиот. Ако говорот кој го држи е истиот кој го повторува по сто пати, тој станал скоро несвесен за тоа што го зборува, како некој што само ги повторува одговорите во црква. Оваа состојба на намалена свесност, ако не клучна, тогаш секако е барем поволна за политичкиот конформизам.
_________________________________________

1. Интересна илустрација за овој проблем е начинот на кој англиските имињата на цвеќиња кои до скоро се употребуваа се заменети со грчки, бела рада станува myosotis, зумбул станува hyacinthus orientalis. Тешко е да се согледа практична причина за оваа помодна промена: тоа е веројатно поради инстинктивното оттргнување на домашниот збор и нејасно чувство дека грчкиот збор е понаучен.
2. Пример: Католицизмот на перцепцијата и сликата на Конфорт, чудно витмановска по природа, скоро сосема контрастна на естетските норми, продолжува да креира нежно атмосферско кумулативно сеќавање во едно сурово, ненадминливо безвреме…Реј Гардинер успева со тоа што цели кон точката, со голема прецизност. Но, не е си така лесно, низ неговата наводна задоволувачка тага се проткајува повеќе отколку површната горко- слатка резигнираност.


 
Во наше време, политичкиот говор и писмо, се воглавно одбрана на неодбранливото. Работи како што се продолжувањето на британското владеење во Индија, руските чистки и прогони, фрлањето на атомската бомба во Јапонија, секако можат да се одбранат, но само со аргументи што се премногу брутални за многу луѓе, и кои не се во согласност со јавните цели на политичките партии. Па така, политичкиот јазик мора да се состои од еуфемизми, од реченици од типот „нападот е најдобра одбрана“, и ветер во магла. Незаштитени села се бомбардираат, луѓето се натерани да станат бегалци, добитокот изрешетан, живеалиштата намерно запалени: ова се вика „пацификација“. На милиони селани им е одземена земјата, оставени да талкаат по патот со некое врзулче: ова се вика „трансфер на популацијата“ или „коригирање на границите“. Луѓе се затворени со години без да бидат судени, погубени со куршум во тилот или испратени да умрат во арктички дрвени кампови: ова се вика „елиминација на несакани елементи“. Ваква фразеологија е неопходна ако човек сака да ги именува работите без да предизвика ментална слика за нив. Да разгледаме на пример, изјава на некој англиски професор, кој убеден во своите ставови, го брани рускиот тоталитаризам. Тој не може да каже апла: „Јас верувам во убивањето на непријателите ако со тоа се постигнат добри резултати“. Затоа најверојатно ќе каже нешто во стилот: „Додека слободно признавам дека советскиот режим покажува извесни карактеристики кои хуманитарците се настроени да ги осудат, ние мораме, мислам, да се согласиме дека извесни ускратувања на правата на политичката опозиција се неизбежни сослучувања на транзиционите периоди, и тешкотиите на кои рускиот народ е повикан да одговори, се сесрдно оправдани во сферата на конкретниот напредок“.
Помпезниот стил е сам по себе еден еуфемизам. Натрупаните вујаклиски изрази паѓаат врз фактите како мек снег, заматувајќи ги деталите. Најголемиот непријател на јасниот јазик е неискреноста. Кога има јаз помеѓу нечии вистински и измислени цели, тој скоро инстинктивно се завртува кон долги зборови, истрошени идиоми, како што сипа испушта мастило. Во наше време, не постои нешто како што е „намешање во политика“. Сите теми се политички теми, политиката сама по себе е маса од лаги, избегнувања, глупости, омраза и шизофренија. Кога општата ситуација е лоша, јазикот мора да страда. Мислам дека и германскиот, рускиот и италијанскиот јазик – ова е претпоставка за која немам доволно познавања да ја докажам- исто така се влошиле во последните 10 – 15 години како резултат на диктатура.
Но ако мислата го корумпира јазикот, тогаш и јазикот исто така ја корумпира мислата. Лошата употреба на јазикот може да се прошири со имитирање и традиција, дури и помеѓу луѓе од кои се очекува да се свесни за тоа. Влошениот јазик за кој зборував, во некоја рака многу згодно доаѓа во некои ситуации. Фрази како што се „не е неоправдана претпоставката“, „ќе остави простор за нови желби“, „нема добро да послужи“, „една размисла која ќе биде добро да ја земеме предвид“, се постојано искушение, како пакетче аспирини, секогаш на дофат. Прочитајте го повторно овој есеј и сигурен сум дека ќе ги најдете истите грешки против кои протестирам. Утрово по пошта добив памфлет во кој се зборува за настаните во Германија. Авторот вели дека се „чувствувал присилен“ да пишува- чувствува претпоставувам дека има нешто ново да каже- па сепак, неговите зборови, се групираат автоматски како пчели во матица, во познатата досадна шема. Инвазијата на умот на луѓето со готови фрази (да се постават основи, да се постигне радикална трансформација) можат да се спречат ако човек постојано внимава на нив затоа што секоја таква фраза умртвува дел од мозокот.
Веќе порано кажав дека декаденцијта на нашиот јазик е најверојатно излечива. Оние кои би го тврделе спротивното, ако воопшто можат да го докажат, би рекле дека јазикот е само рефлексија на постоечките социјални услови, и дека не можеме да влијаеме на неговиот развој со директни поправки од зборчиња и конструкции. Ако го разгледаме глобално развојот на јазикот, ова е можеби точно, но не е точно за финесите на еден јазик. Глупави зборови и изрази често исчезнуваат, не преку еволутивни процеси, туку благодарение на свесно дејство на некоја групација. Два скорешни примери се „да се ѕирне во секое дупче“ и „бара под дрво и камен“ кои беа уништени со потсмевот на неколку новинари. Постои долг список на мувлосани метафори од кои би можеле просто да се решиме, доколку повеќе луѓе би се заангажирале; би требало да е возможно да се насмееме на двојните негации и да ги избришеме од постоење3, да го намалиме обемот на латински и грчки во една просечна реченица, да ги избркаме странските изрази и застранети научни зборови, и воопшто, да направиме претенциозноста да стане застарена. Но сите овие работи се од минорно значење. Одбраната на англискиот јазик имплицира повеќе од ова, и можеби најдобро е да започнеме од тоа што тој не имплицира.
Како прво, тој не имплицира архаизми, ископување на застарени зборови и начини на изразување или пак поставување на „стандарден англиски јазик“ до кој треба да се придржуваме. Напротив, одбраната на јазикот се состои во тоа да се избрише секој идиом или збор кој ја потрошил својата корисност. Одбраната на јазикот нема врска со точна граматика или синтакса, коишто не се важни си додека човек јасно каже тоа што сака, со избегнување на американизми, или пак со установување на „добар прозен стил“. Од друга страна пак, добриот јазик не треба да се поврзува со лажна едноставност и со обидот да се направи пишаниот збор колоквијален. Ниту пак треба да се претпочита употребата на изворен наместо латински збор, или пак да се употребуваат секогаш најкратките зборови што ќе го покријат значењето.
Тоа што е над си неопходно е значењето да го избере зборот, а не обратно. Во прозата, најлошото нешто што човек може да го стори со зборовите е да им се предаде. Кога ќе помислите на конкретен објект, размислувате без зборови, и потоа, ако сакате да го опишете она што го визуелизирате, најверојатно го барате додека не најдете точни зборови кои што се чини дека одговараат на значењето. Кога размилсувате за нешто апстрактно, поверојатно е дека веднаш ќе употребите зборови, и ако свесно не го прекинете овој процес, најверојатно вистинсиот израз ќе си дојде сам по себе и ќе ја заврши работата за вас, со ризик дека знаечењето може да се измени или да не е сосем јасно. Најверојатно најдобро е да се одложи употребата на зборови најдолго што може, и да се појасни значењето преку слики и чувства. Потоа може да се одберат – а не само да се прифатат- фразите кои најдобро го покриваат значењето, а потоа да се промени улогата и да се помисли како ќе делуваат избраните зборови на оној што чита. Овој последен напор на умот ги отсекува и ги исфрла сите истрошени или нејасни слики, сите префабрикувани фрази, непотребни повторувања, блаботења и нејаснотии. Но можеби некогаш ќе се посомневаме за ефектот на некој збор или фраза, и затоа се потребни правила на кои можеме да се потпреме кога инстинктот ќе не изневери.
Никогаш не употребувајте метафора, компарација или друго изразно средство кое што веќе сте го виделе во печат.
Никогаш не употребувајте долг збор ако и краток може да ја заврши работата.
Ако е можно да изоставите некој збор, сторете го тоа.
Никогаш не употребувајте пасивна форма ако можете да употребите активна.
Никогаш не употребувајте странски израз, научен израз или жаргон ако можете да се сетите на англиски еквивалент.
Подобро прекршете било кое од овие правила отколку да кажете некоја глупост.
Овие правила звучат просто, а тие тоа и се, но тие бараат длабока промена во ставот кај сите оние кои се навикнати да пишуваат во стилот кој е сега модерен. Човек може да се придржува до сите овие правила, и сепак да пишува лошо, но не и да пишува онакви работи какви што цитирав во петте извадоци на почетокот на текстов.
Овде не се бавев со литературната употреба на јазикот, туку само со јазикот како инструмент за изразување а не за сокривање и препречување на мислата. Стјуарт Чејс и други, дојдоа близу до тврдењето дека сите апстрактни зборови се бесмислени, и го употребија ова како база поттикнување на некој вид политички молк. Штом не знаете што е тоа Фашизам, како ќе се борите против него? Човек не мора да проголтува апсурдности од овој тип, но мора да признае дека тековниот политички хаос е поврзан со пропаста на јазикот и дека нешто може да промени на подобро, со тоа што ќе започне од вербалниот крај. Ако го поедноставите вашиот англиски јазик, тогаш сте ослободени од најголемите глупости на ортодоксноста. Нема да зборувате ниту еден од неопходните дијалекти, и ако направите некоја глупава забелешка, тоа ќе биде очигледно, дури и за вас. Политичкиот јазик – и со некои варијации ова е точно за сите политички партии, од конзерватисти до анархисти- е создаден за да направи лагите да звучат вистинито и убиството вредно за почит, да му даде содржина на ветрот во магла. Ова не може да се промени одеднаш, но човек може да ги промени своите сопствени навики, и одвреме навреме може дури и да се насмее доволно гласно, и да испрати некои истрошени и непотребни фрази – некоја фашистичка чизма, ахилова пета, итн… во корпата за ѓубре, каде и што припаѓа.



3. Можеме да се излечиме од двојните негации со вежбање на реченицата: Не нецрно куче бркаше не немал зајак преку не незелено поле.
 
И што кога луѓето ќе го опраат јазикот?!
Ќе говорат правилно во рамките на некој строго определен систем?!
А што е со искажувањето?
 
И што кога луѓето ќе го опраат јазикот?!
Ќе говорат правилно во рамките на некој строго определен систем?!
А што е со искажувањето?

Барем нашиот јазик нуди доволно можности да се искажеш перфектно. Но нема да умееш ако не го познаваш. А термини како “Ме маваат флешови и паѓам у бед, пошо шитов е страшно кул...“ :toe: шо да кажам а да не се заебам...
А и темава ја сфаќам како разговор за литературниот јазик, за официјалниот. Оној кој го слушаш на :tv: и читаш по весници... Нормално никој не може да ти забрани како да зборуваш дома, но на јавни места треба да има одредени правила.
 
Барем нашиот јазик нуди доволно можности да се искажеш перфектно.
Абе, не би рекол дека е баш така....

А тоа што многу луѓе ( и јас и ти) зборат со флешови и бедови, не е кривица на јазикот, туку е повеќе кривица на ГЛУПОСТА... ( со големи, оловни, тешки и непробојни букви)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom