santelli
IP
- Член од
- 15 јануари 2008
- Мислења
- 5.041
- Поени од реакции
- 12.035
Нашите дури не кренаа медиумска хајка кога во БГ парламент пратениците држеа листови со порака: Македонија е Бугарија! Нешто што многу ни треба е агресивен ПР за да се пренесува секоја небулоза на нашиот мил сосед. Едно време бараа гаранции дека МК нема територијални претензии. Што се тогаш овие натписи? Па ние сме тие што би требало да бараме такви гаранции.Моето прашање е "што е говор на омраза?". Бугарија може секој критички став, кон Бугарија, Бугарите, политиките на бугарската Влада, па и кон историјата, да го оквалификува како "говор на омраза"! Од друга страна, Бугарија, не изицира самоиницијативност да го сузбие говорот на омраза кон Македонија, во својата држава, посебно јавните излагања на Џамбаски и на Каракачанов кои се залагаат и за иредентизам.