АДСЛ од други провајдери

  • Креатор на темата Креатор на темата MALINOV.A
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
12 јуни 2022
Мислења
1.226
Поени од реакции
591
Има ли некој што користи интернет преку АДСЛ технологија од мрежата на Телеком но од друг оператор. Гледам дека АДСЛ интернетот од А1 преку мрежата на Телеком е 700 ден а директно од Телеком е 900 ден.
 
што ќе ти е адсл, и онака е шит оваа врска.
Во моето село има само АДСЛ од Телеком и коаксијална мрежа од А1, но на коаксијалната мрежа има често проблеми а каналите на Телеком не ми се допаѓаат, доколку Мтел започне да нуди интернет во скоро време би се префрлил на нив, а доколку не би отишол на АДСЛ од Неотел
 
Пријавете си за коаксијалната, шанса нема АДСЛ да е подобар од коаксијалецот. Ако е понова мрежа таму можеш да имаш и 100/5 што ти е повеќе од доволно.
 
Да понова е и има можност, моментлано сум на 50/3, екипите ги средуваат проблемите но многу често се дешаваат проблеми
 
Ако има проблеми со напонот од ЕВН може да има проблеми, инаку не ми доаѓа на памет што друго може да прави проблем ако е понова мрежа.
Генерално доксисот (коаксијалната мрежа) треба да е далеку постабилна од АДСЛ. Единствена маана на таа технологија и е upload-ot, а во поглед на ТВ и download си е топ.
 
Или се кинат и откачуваат кабли кога малку дувне ветер или има телевизија а нема интернет и одат до едно сандаче и само спојуваат жички како плус и минус на оние електричните кола што ги прават учениците во 5то одд.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom