Дали капење во ладна речна вода може да предизвика воспаление на плуќа?

  • Креатор на темата Креатор на темата NekojBatka
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
21 јули 2017
Мислења
289
Поени од реакции
234
Локација
Скопје
Еднаш се избудалив така што се брцнав 3 пати во ладната вода на реката Треска. Беше Август месец и сонцето печеше. После неколку дена добив јак асматски напад и мака измачив дур се излечам. Слични симптоми ме следат последниве 2 години.

Сакам да се осигурам дека тоа е можеби причина за астмата, бидејќи и дете кога бев истиот проблем го имав. Ми најдоа алергија на полен, ама сепак не сум уверен дека тоа е проблемот (добивам кивавица кога цветаат растенијата, Март-Мај).

Еве сега и времево зеза доста, личи како зима, лето, зима, лето, и исти симптоми имам, ми се воспалува плуќа и тешко дишење. Како некаква чудна топлина осеќам во плуќава.
Исто и во теретана кога ќе се испотам или напрегнам, после тоа вечерта или следниот ден слични симптоми.

За крај ако некој знае: како кајакари на диви води го вежбаат телото на ладна вода и зошто немаат мака со ладната вода?
 
За астма, алергии и било какви медицински аспекти… ќе оставам некој од “медицинарите” на форумов да ти одговорат.
Како човек што тренирал пливање, можам да ти кажам дека се е ствар на навика и тренинг!
Пр. ако тренираш за маратон, посебно на отворена вода, тренираш на температура која ја очекуваш, да тропнам 18ц-21!
Е сега… за воопшто и да почнеш со таков тренинг, треба да си навикнат да пливаш на 24-27ц комотно, па постепено да спушташ температура.
Толеранција се учи и се тренира!
Е сега е многу битно да си ги знаеш и границите и можностите.
Уште еден пример! Тргам од мене! Граница на комфор ми е 25-26ц, можам да пливам и на 24ц ама почнуваат да ме болат ушите, па и главоболка да добивам(што целосно во старт ја побива сврхата да пливам за уживање)! Значи мојот лимит не е задржување на core temperature туку нешто сосем друго! И океј е! Си го знам лимитот.
Има луѓе што комфорно можат да пливаат без wet suit на 18ц!
За обичен човек без тренинг, без припрема, печен на сонце… влез во 18-20ц може да биде фатален! Не треба многу за рефлексна реакција да се згрчи телото(буквално како со тупаница да те удрат во плексус) да се изнапиеш вода и чао-пријатно!
Претпоставувам исто важи и за кајакарите… почнуваш со вежби на “топла” вода, и продолжуваш преку есен и зима со тренинзи, и постепено се навикнуваш.
 
на времето, 90, со синот одевме на воен базен ; во вторник беше најстудена вода, мислам дека на дното н беше повеќе од 13ц... ќе се нурнев во 4м длабина, очи ке ми смезнат, по тоа на површината мислам како бања да е :cool:
 
Еднаш се избудалив така што се брцнав 3 пати во ладната вода на реката Треска. Беше Август месец и сонцето печеше. После неколку дена добив јак асматски напад и мака измачив дур се излечам. Слични симптоми ме следат последниве 2 години.

Сакам да се осигурам дека тоа е можеби причина за астмата, бидејќи и дете кога бев истиот проблем го имав. Ми најдоа алергија на полен, ама сепак не сум уверен дека тоа е проблемот (добивам кивавица кога цветаат растенијата, Март-Мај).

Еве сега и времево зеза доста, личи како зима, лето, зима, лето, и исти симптоми имам, ми се воспалува плуќа и тешко дишење. Како некаква чудна топлина осеќам во плуќава.
Исто и во теретана кога ќе се испотам или напрегнам, после тоа вечерта или следниот ден слични симптоми.

За крај ако некој знае: како кајакари на диви води го вежбаат телото на ладна вода и зошто немаат мака со ладната вода?
Бањање во ладна вода или туширање со ладна вода се тренира како и се останато. Треба време и редовна практика на истото да можеш да издржиш.
Еве тука кај мене пример преку цела зима има луѓе што се бањаат во морето, но тоа се истите луѓе и тоа го прават секојдневно и кога е на 20 степени морето и кога е 23 и кога е 11. Но тоане се лади преку ноќ така да тренингот е тој и најважно од се е правилно дишење. Имаш доста видеа по јутјуб ако те интересира тоа.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom