Actorle - the actor guessing game

Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.641
Поени од реакции
29.641
Локација
Скопје
Wordle, Зборле, Framed и сега Actorle.

Играта е едноставна, треба да го погодите актерот, со тоа што имате 8 мали хинтови во кои филмови глумел. Функционира на ист начин како и останатите игри, на секои 24 часа има нов предизвик со тоа што тука имате 8 погодувања. Ако внесете погрешен актер ќе се појави возраста во црвена, жолта или зелена боја. Ако е зелена боја тогаш актерот што треба да го погодите има исто толку години, жолта - 10 години разлика и црвена - разлика над 10 години. Доколку внесете актер што глуми во дадените хинтови што се дадени подоле, името на филмот ќе се прикаже.

Денешниот предизвик барем за мене беше лесен.
Постирајте ваши резултати тука, и не кажувајте кој е актерот додека трае предизвикот.

Линк до играта: https://actorle.com

Screenshot 2022-04-05 at 09-02-30 Actorle the actor guessing game.png
 
1649162566939.png

Само последниот филм го размислив и го трефнав од прва. Лесно, само ова со годините баш и не гледам што има врска за погодување.
 
Actorle 20 1/8

Play here: https://actorle.com

Од прва на среќа, без да мозгам, прв ми дојде на ум според годините и жанровите на филмови.
 
А го ставив онака за да почнам од некој помлад, не ни мислев дека е тој :D
InkedScreenshot_2_LI.jpg
 
Actorle е многу поинтересно од Framed.

1649226854503.png

Јес да вчера се лизнав на Адам Драјвер ама тоа беше затоа што немав појма како функционираат хинтовите со години а и не обратив внимание доле на оценките и дека иксовите се уствари букви од насловот.
 
Ќе беше срамота да не го погодев GOAT-от од прва

1649231007590.png
 
1649241260702.png

Ееееј, ова е најјако! Од петти пат. Првите 3 ми беа тотални утки. Michael Douglas го пишав бе, а човекот има 77 години!
 
Од 6 пат ... јас па мислев ова:
57 years <
значи дека тој што се бара е помал од 57, додека сфатив дека значи постар е :D
 
1649407995889.png

Овој пат само на база на жанровите на филмовите погодив. Прилично лесно.
 
Да уклучев мозокот може и од помалце ќе погодев. Иначе оценкиве на имдб прават да е полесно, цело време тоа уствари гледам дека знам доста филмови со над 8-ца што се :D

1649408501413.png
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom