- Член од
- 7 декември 2021
- Мислења
- 56
- Поени од реакции
- 21
Мајка ми има еден голем проблем со здравјето. Не може воопшто да спие, да заспие има несоница веќе бројни години по ред, мозокот и е нон-стоп буден, пие разни лекови за спиење не се знае што ли не пробала, секоја вечер е приморана да пие по 4-5 вида на апчиња луната, дијазепам. мелатонини секакви, б-комплекси, за да малку ја опуштат да има мирна ноќ, но ниту една таблета не и делува, нема ефект, и велам да престане да ги пие бидејќи знам дека таблетите за спиење се штетни по здравјето кога се земаат долго време, но не ме слуша и не престанува бидејќи е зависна од нив. Беше и на неколку психијатри, невролози на државно, но само и препишуваат лекови од кои нема никакво подобрување, и само ја влошуваат состојбата. Со тоа што не може да спие, мајка ми нема енергија да работи, да прави било што, многу е исцрпена, ја боли главата, во последно време многу ја стегаат градите и осеќа болки на срцето, меморијата и е ослабната, заборава често некои работи. По карактер е стресна и нервозна личност, што се нервира за многу ситници и за други луѓе кои прават грешки и имаат згрешено во животот, и многу често се навраќа во минатото и ги спомнува лошите моменти на нашата фамилија. Во минатото многу се има секирано и си ставаше се на душа. И се тоа со години доведе до ова. Има 49 години.
Луѓе помогнете ми, кое е решението за мајка ми, кажете совет, некој да сподели искуство слично или исто, кај кој доктори да се оди, клиники. болници без разлика дали државно или приватно или во странство. Дали има ефект ако прави духовно исцелување. Некој што има познавање околу проблемот(болеста) или го изучува ова го молам нека сподели, или знаете некој луѓе што го пребродиле ова, некои ваши блиски, роднини, пријатели. Благодарам