Војна во Украина (исклучиво воена перспектива)

  • Креатор на темата Креатор на темата Vanlok
  • Време на започнување Време на започнување
Некој да стави целосна мапа досега, повратени територии од страна на Украина, и завземени територии од Русија...
 
Толку малце земја повратена, а толку многу жртви...
Биди попрецизен, толку жртви за да изгубат грубо уште 500 квадратни километри.
 
Муабетот ми беше дека нонстоп не бомбардираат со вести како им се дешава пекол на двете страни (зависи кои медиуми ги читате), едните се пред Киев стигнати, другите пред Москва, а всушност ситуацијата на терен е статус кво, тек тук некои ослободени и некои заробени територии си повраќаат...
 
па и не се борат преку цела линија на фронт, само неколку места. У глобала ова е WWI со дронови.
 
Ретко лоша мапа. Баш ме интересира што значи она "воена зона", Русите на значителен дел од мапава не ни стапнаа.
Е за тебе мапи нема периодов, порано на саат ставаше за секоја нова уличка во Бахмут.

Се гледа на мапите точно што е окупирано и под контрола а што е воена зона, контестирано со артилерија и авијација.

Еве ти и една друга, по официјални позиции на двете страни.ukraine-liberated-areas-1113-Artboard_2.png
 
Е за тебе мапи нема периодов, порано на саат ставаше за секоја нова уличка во Бахмут.

Се гледа на мапите точно што е окупирано и под контрола а што е воена зона, контестирано со артилерија и авијација.

Еве ти и една друга, по официјални позиции на двете страни.Прегледај го приврзокот 392810
Според ова мапава треба само црвено да биде, зашто нели, се ова беше Украина. Затоа и се глеа обично временки период.

У суштина после почетните офанзиви, каде Русија освои а потоа Украина поврати голема територија, се навака е турни ме да кинисам. Тепање за 5 улички.
Уште пред една година пишав дека овие линии се најверојатниот епилог во форма на замрзнат конфликт. И двете страни немаат сила да идат онатака.
 
Е за тебе мапи нема периодов, порано на саат ставаше за секоја нова уличка во Бахмут.

Се гледа на мапите точно што е окупирано и под контрола а што е воена зона, контестирано со артилерија и авијација.

Еве ти и една друга, по официјални позиции на двете страни.Прегледај го приврзокот 392810

Оваа е неспоредливо подобра.

Ставај ги слободно промените ти. Или било кој друг, знате сите од каде ги вадев информациите.
 
Русија има централно напреднато на едно место и Украина во Роботине. Друго све е израмнување на фронтова линија.

Уште пред една година пишав дека овие линии се најверојатниот епилог во форма на замрзнат конфликт. И двете страни немаат сила да идат онатака.
Украинската офанзива требаше да го скрши тоа некакво си статус кво и да продре создавајќи поголеми стратегиски придобивки.
(што не значи дека можда нема да се деси)
 
....ova se pretvori vo rovovska bitka, i toa do iznemoštuvanje
Уште на почеток на војната повеќе пати кажавме дека ова ќе биде war of attrition или како што ти кажа на нашки - војна на/до изнемоштување. И уште тогаш кажавме дека логистиката, резервите, и состојбата/спремноста и и големината на военоиндустрискиот комплекс - апсолутно не се на страна на западните. Истото останува и сега, шансите се дека војнава ќе се оддолжи уште неколку години (настрана неочекувани идиотски работи) и дека не гледам како РФ би можела да ја изгуби војнава (настрана неочекуваните идиотски работи со кои не само РФ туку сите ние од целото човештво ќе загубиме).
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom