Музички клуб: KRANKŠVESTER V (2021) на Krankšvester до 21.04.2022

  • Креатор на темата Креатор на темата Erich Zann
  • Време на започнување Време на започнување

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.650
Поени од реакции
31.879
Возраст
34
По инспирација на филмскиот клуб кој маестрално си го тера Злате, ја отворам оваа тема, да видиме дали нештото можеме да го тераме, само наместо со филм, со музика.

Како функционира?

1. Како клубовите на читатели и филмови. Идентично! Сите слушаме ист АЛБУМ и потоа го коментираме истиот.

2. Секој кој сака може да стане член на клубот! Потребно е само да имате волја, и да одвоите по некое време во една недела, за да преслушате музички албум, предложен од некој од членовите што е се пријават.

3. Исто како и во читачките/филмски клубови, и тука самите членови ќе ги предложуваат музичките албуми. Секој кој сака да биде следниот чиј музички албум ќе го преслушаат сите, може да се пријави за тоа или во темава, или нека ми пише приватна порака. Предлозите ќе одат по принципот - кој прв се пријавил, прв предложува албум.

4. Предложениот албум МОРА да биде прикачен на јутјуб.

5. Имајте разбирање за предлозите, почитувајте го мислењето на другиот. Да не се расправаме со муабети од типот - леле колку глуп албум не го слушам и слично.

6. Доколку некој веќе го има преслушано предложениот албум, препораката е да го репризира додека го слушаме сите.

7. Што ќе постигнеме со клубов? Ќе го зголемиме нашиот видик за музиката и преку интеракција со членовите, ќе искусиме по нешто ново, интересно, а некогаш можеби и досадно и глупаво, што секако е искуство.

8. Нормално, правилата на форумов важат и во темава, затоа be careful!

9. Почнуваме од петок (11 март со првиот албум) а дискусијата за него ќе трае до 18 март (цела една недела), по што почнуваме со вториот албум.

Сите прашања, согледби, предлози се добредојдени.

ВО меѓувреме може да објавувате албуми во темава како предлози, и како што ќе бидат редоследно објавени, така ќе пристапиме кон колективно преслушување. Може во коментарите да се оди и песна по песна пример, или дали некоја ви оставила посебен впечаток, друга ви била лоша и слично. И секако накрај пожелно е оценка за албумот од 1 до 10.
 
Se prijavuvam.

Nema mnogu stvari na jutub, nesto apple music, spotify mora da e u igra ili ednostavno predlagacot da pusti torent po lugjeto ako go nema na jutub.
 
Се пријавувам и јас, има многу албуми што сакам да ги слушам а би ме мрзело во секое друго сценарио освен ако се ставени тука за сите да ги слушаме. :D
П.с. Не е дека има малку албуми на Јутуб според мене, можеби има малку во едно видео(клип) прикачен целиот албум, ама има многу кои се склопени во плејлиста со повеќе видеа(песни), односно со тие кои го сочинуваат албумот.
 
giphy.gif
 
Сите заинтересирани нека ми пишат во порака предлог албум, за да си почниме од утре :)
 
Ај да го скршам мразов ко „домаќин".

R-2958802-1309179291.jpg

Le Phare (The Lighthouse) е третиот албум составен од 12 композиции на францускиот композитор Јан Тирсен (опасен типац). Станува збор за композитор кој успешно свири на неколку инструменти од виолина, мандолина, хармоника, пијано и сл. Негов препознатлив трејдмарк е тоа што неговите композиции се карактеризираат со несекојдневни звуци, па често знае во музиката да користи и вметне пример звук од велосипедско тркало, машина за куцање и други предмети. Најпознат е по саундтракот за познатиот филм Amelie (кој верувам на сите горе долу ви е гледан). Се двоувмев што да постирам за преслушување, дали нешто мрачно, нешто порокерско со дисторзии, ама накрај се одлучив за ова, бидејќи станува збор за несекојдневно музичко искуство, кое ќе го стекнете низ 12 композиции, дел инструментални, дел со вокал.
Се сеќавам дека бев заглавен со овој лик речиси една година, некаде почетокот на факултет и често пати знаев да го пуштам на слушалки додека патував. Можеби и Амели си го направи своето, но како и да е, го поставувам овој албум за слушање во наредните неколку дена.


Преку клик на линкот ќе ве одведи на целосниот албум. Уживајте.

 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom